- Член од
- 21 декември 2012
- Мислења
- 124
- Поени од реакции
- 261
- Возраст
- 31
Често посакував млади родители кои ќе ми дозволуваат да правам се, но како што врват годините задоволна сум со тоа што го имам. Да не беа такви какви што се, строги, принципиелни, сериозни, немаше да израснам во ова што сум сега. Жално е само што не се свесни дека со сите тие забрани кои ми ги поставуваа одгледаа уште една личност паралелно со мене, личност која скришно правеше се од нив, личност која тие ни малце не ја познаваат, не се ни сомневаат дека постои. Да, благодарение на нив јас не го избрав погрешниот правец во животот ама никогаш не почувствував како е да се биде вистинската јас пред нивните очи. Секогаш е лажна , фина , неизбувлива и тивка девојка која пази како се однесува, наспроти девојката која сака да ризикува, да биде слободна , да прави луди работи, да ги проба сите забранети работи во животот. И да, ги пробав сите работи кои ми ги забрануваа и да, жива сум, на прав пат и да, тие не знаат за тоа. Најголема желба ми е да соберам храброст и да им кажам сум правела тоа и тоа и тоа и ете ме, пак сум истата таа ваша ќерка, нема потреба од вашата контрола, јас можам сама. Благодарна сум што ја поставивте основата, дозволете ми сега сама да си го доизградам животот, но не скришно од вас. .
Да бидеме искрени тоа нема да се случи бидејќи секогаш ќе ја гледаат со осудувачко око таа другата јас, нема да ме прифатат таква каква што сум навистина, па затоа ете јас ќе ги прифатам нив какви што се и ќе ги сакам најмногу на свет.
Да бидеме искрени тоа нема да се случи бидејќи секогаш ќе ја гледаат со осудувачко око таа другата јас, нема да ме прифатат таква каква што сум навистина, па затоа ете јас ќе ги прифатам нив какви што се и ќе ги сакам најмногу на свет.