Vartolu
The Infamous Mobb
- Член од
- 29 декември 2007
- Мислења
- 15.505
- Поени од реакции
- 6.372
Грција бара струја од ТЕЦ “Неготино“

И од македонската ТЕЦ “Неготино“ ќе зависи дали Грција ќе има доволно струја за време на летните месеци, пишува грчкиот весник “Катимерини“.
“Во најдобар случај државата ќе има недостиг од 800 мегавати електрична енергија (ако потребите не надминат 11.500 мегавати), но потполно е возможно тоа да порасне на 2.000 мегавати, ако бидат исклучени од системот истовремено трите станици на националната електрична компанија ДЕИ. За да го покрие недостигот Грција размислува да внесе струја од соседните држави поради што во последно време претставници на грчките енергетски комапнии постојано ги посетуваат Бугарија, Албанија, Турција, Италија и Скопје. Особено со Скопје, Грција договара да ја земе целата струја произведена од ТЕЦ “Неготино“ , 200 мегавати. Дали зделката ќе биде склучена зависи од тоа дали Скопје ќе успее да ги покрие сопствените потреби“ посочува весникот.
Автор на веста: Нетпрес
Објавена на 04.05.2008 16:23:03