Кочо Рацин

  • Креатор на темата Креатор на темата The`bItCh
  • Време на започнување Време на започнување

The`bItCh

AdJuStAbLe mAdNeSs
Член од
22 јануари 2005
Мислења
4.605
Поени од реакции
114
[FONT=Verdana, Arial, Helvetica][FONT=Verdana, Arial, Helvetica][FONT=Verdana, Arial, Helvetica]Ленка

Откако Ленка остави
кошула тенка ленена
недовезена на разбој
и на наломи отиде
тутун да реди в монопол –
лицето и` се измени
веѓите паднаја надолу
и усти свија кораво.
Не беше Ленка родена
за тија пусти тутуни!
Тутуни – жолти отрови
за гради – китки розови.

Прва година помина
грутка в срцето и` легна,
втора година намина
болест ја в гради искина.
Трета година земјата
на Ленка покри снагата.

И ноќе кога месечко
гроб и` со свила виеше,
ветерчок тихо над неа
жална и` тага рееше:
„Зошто ми, зошто остана
кошула недоткаена?
Кошула беше даровна...“
[/FONT]
[/FONT][/FONT]
 
[FONT=Verdana, Arial, Helvetica][FONT=Verdana, Arial, Helvetica][FONT=Verdana, Arial, Helvetica]Тутуноберачите

На кантар студен со туч го мерат
а можат ли да го измерат,
нашиов тутун – нашава мака
нашава солена пот!
Од темни зори на утрини летни
до никоја доба на вечери зимни
тој гладно пие тагата наша
и потта и крвта и снагата ни.

Жолт – жолти прави лицата бледни
и жолта гостинка у градите носи.

По утрини росни, по мугрите пресни,
наведени ничкум по полињата родни
зачмаени ние го береме.
Лист по лист кини
лист по лист нижи
лист по лист превртуј, притискај,
лист по лист милно, таговно реди
и на долга низа од капки пот
и надеж со клетва и зелена јад,
со корав поглед на очите матни
по кревките лисја жолтозлатни
прикаска горка на живот клет
нанижи безгласна а така јасна.
[/FONT]
[/FONT][/FONT]
 
[FONT=Verdana, Arial, Helvetica][FONT=Verdana, Arial, Helvetica][FONT=Verdana, Arial, Helvetica]Елегии за тебе


Вчера си појдов, наминав
низ таја гора зелена
под тија буки високи
по ќилим сенки широки.

Одев со глава замаен
наведната, мртов, зачмаен,
одев со грутка на срце
и каракамен на гради.

Деј гиди горо зелена!
Деј гиди водо студена!
Пилците пеат – ти плачеш,
сонцето грее – ти темнееш.

Ако ги криеш коските
на дели млади јунаци
тука што лежат по тебе
за тија темни дубрави –
зошто ги таеш песните?
Зошто по тебе дрвјата
и на дрвјата гранките
и на гранките лисјата
шумолат скришно таговно?



Таму горе на небото
зора руди, земја буди,
ден морави шири крила
и алова точи свила,
таму зора црвенее –
мое срце ми црнее.

Ископајте длабок бунар
извадете ладна вода
натопете лути рани
да не горат, да не болат.

Зоро златно и румено!
Зоро слатка посестримо!
Ти изгреваш на далеку –
да ли еднаш ќе изгрееш
силно, силно, дури милно
над долови и над гори
над полиња и над реки
над мојата татковина?



Два брега – двата стрмнини.
А од брег на брег танок мост.
Под мостот вода морава –
тече и мие ранава.

Тече од векот вековит
и нова и се` нова по нова,
тече, а тука маките
се` стари и се` постари.

Тече и влече со себе
сичко што стои пред неа,
а на брегови животот
чмае у троскот зараснат!

Течи си водо студена!
Течи си – рони брегови!
Течи – и нам низ срцето
нели и крвта ни тече?


Скотски е, скотски животот аргатски
у темно заѕидан,
до скот сме синко попритиснати
на овој свет убав.

Кој ни ги скрши белите крилца
крилца на галаби бели?
Кој ни замати извори бистри
извори на души чисти?

И кој раздвои, и кој раздвои
човек од човек со ѕид?
И кој направи, и кој направи
човек на човека роб!

Та човек од човек
да страда
и тегне
и бега
од лулка до гроб?



Ти да знаеш, паметуваш
и ем да си на ум да имаш –
работник си – и работник
ти ќе паѓаш и се дигаш.

Луњи ли ќе пусти дојдат
сонце ли ќе јасно грејне –
патиштата, патиштата
пред тебе се на борбата.

Како сртта вечна што е
така борба долго трае.
Но од смртта е по силна
по патиштата борбата!



Исцедете, ограбете
пот и труд и меса голи,
уста пуста затворете
да не каже оти боли.

Очи црни ископајте
да гледајат не давајте,
раци машки прекршете
срце лудо наранете.

Угаснете и светлини!
Мрак ќе биде – каракамен.

Има, има – в темнината
нешто живо пак да свети:
има болка на душата
има души наранети.

Болка боли – болка гори
болка пече, душа мори.
А болката кога свети –
тешко, тешко, тешко клети!
[/FONT]
[/FONT][/FONT]
 
[FONT=Verdana, Arial, Helvetica][FONT=Verdana, Arial, Helvetica][FONT=Verdana, Arial, Helvetica]Копачите

Се к'ти ноќта црна!
Се рути карпа – мрак!
И петли в село пеат
и зората се зори –
над карпа в крв се мие
и темнината пие
силно
светнал
ден!
Пробудете се морни
копачки и копачи –
на трудот
црн
народ!

Со мотика на рамо
за корка сува леб,
по патиштата стрмни,
по полињата рамни,
у вивналиов ден –
да тргнеме и ние
страдалници од век!

На деда Богомил
земјата ровка, мека,
набабрена за род,
со страдна душа чека
ударите ни јаки
со мотиките остри
по троскот
пелин
трат!

На работа!
На труд!

Да прокопаме меко
полињата родни
афион, тутун, житце
да родат благородни.

И по кривите вади
да пропуштиме води
за оризите млади
и зелени лободи.

На работа!
На труд!

Да роди род богат!
Да бликне живот млад!
На пепел троскот, пелин
во огин пламен јад!
Жилите да пуштат
корења длабоко
плодови да бликнат
високо, високо
слободно
на воздух!

Ораме со рало
на земјата ни златна
колку е богата!
На пепел троскот, пелин!
Во огин пламен јад!

Да престанеме, да снема
тагата голема
за голиот живот
на човек
станал –
скот.

И в таја мугра пресна
да екне дружна песна
на дружните удари –
та бијат срца млади
и растат силно гради
пребликнати со јад!

Од сички маки тешки
не видовме бел ден,
а од солзи жешки
не стануе меден
нашиот живот!

На работа!
На труд!

Та не сме саде ние
та не сме саде тука –
ние сме по цел свет
безбројни
милиони,
на трудот
црн –
народ!

Да биде честит денот
и првата ни стапка
у првиот ни век!
Ќе мине силен ек
ќе б'сне слнце златно –
по секаде на светот
ќе згине срамно гнетот –
ќе л'сне живот нов!

И реки ќе потечат
и бреме ќе одвлечат
на вековита смрт!
Реките од живи
и пробудени сили
на копачи
копачки
и страдни
голи
гладни
по целата земја!

Се к'ти ноќта црна!
Се рути карпа – мрак!
И петли в село пеат
и зората се зори –
над карпа в крв се мие
и темнината пие
силно
светнал
ден!
[/FONT]
[/FONT][/FONT]
 
Денови

Како на вратот гердан
нишки каменја студени
така на плешки денови
легнале та натежале.

Денови ли се - денови
аргатски маки големи!

Стани си утро порано
дојди си вечер подоцна
наутро радост понеси
навечер тага донеси -

Ај, пуст да е, пуст да би
останал животот кучешки!

Роди се човек - роб биди
роди се човек - скот умри
скотски цел живот работи
за други, туѓи имоти.

За туѓи бели дворови
копај си црни гробови!

За себе само 'ргај си
за себе маки тргај си -
нижи си гердан денови
нижи си алки ковани,

Нижи си синџир железен
околу вратот наведен!


Мојата омилена!!:music3:
 
Рацин е тхе оне..а и мирисал на таков..:),на работник..
 
Во гимназија, професорот по македонски (велешанец по потекло), ме услови да научам целата стихозбирка на Рацин наизуст - во еден ден, за петка на крајот на годината. Денот беше девети јуни. Ја научив. Добив петка. На единаестти јуни притиснав дилит на стихозбирката. Мака ми е што не помнам ништо од сето тоа, зошто учев со бес и револт. Ми го расипа впечатокот и чувството за рацинизам.:(
Благодарност на потсетувањето.
 
[FONT=Verdana, Arial, Helvetica][FONT=Verdana, Arial, Helvetica][FONT=Verdana, Arial, Helvetica]Балада за непознатиот

Натаму – в поле битолско
чемрее врба проклета –
под врбата незнаен гроб,
в гроб лежи војник непознат.
Лежи од војна световна,
лежи – и веќе земјосал –
силна го тага изела
задека тука загинал.

Никој крај него немаше –
вишното небо врз него,
земјата скришна под него –
над гробот врба стушена.

А таде – в гори зелени
в шума гробишта лежеа
делии – одбор јунаци
за татковина паднати.

В полноќ се над ним дрвјата
од жалба силна свиваа –
горските бистри езерца
в силна светлина светеа.

И од ним – самовилите
една по една идеа –
од гроб до гроб го дигаа
јунак до јунак – на оро.

И кога сите минеа
покрај врбата стушена –
делии се запираа
незнаен брат си викаа:

„Ја стани, море, јабанец
на оро со самовили!
Зора се зори – петлите
скоро ќе в село пропеат!“

А тој од гробот тепкаше
дума врз дума чемерна:
„Минете, браќа, врвете,
не сум ви лика – прилика!

Кој умрел за татковина
и за човечки правдини –
каде вас, братко, не гинел,
со вас до векот живеел.

Вие му песна пеете,
вие го с песна жалите –
така се сите раѓате
и така си умирате!

А тука – зошто паднав ја?
Зошто ме куршум прониза,
зошто ме земја притисна –
за кого лудо загинав?

Кажете, браќа, кажете,
кажете – па поминете –
мене ме ништо не дига
мојата смрт е карасмрт!“

Делии глави веднеа,
немеа самовилите –
тешко на тија, горко им
така што гинат на војна!

Немеа – туку петлите
в селото веднаш писнаа –
самовилите в горите
с делии в раци лиснаа!

Пусто остана полето
пусто зазори зората –
чемрее в поле врбата,
чемрее – тажи непознат.
[/FONT]
[/FONT][/FONT]
 
"Сето она што не можело во животот слободно да се каже, она што требало да се премолчи, сето она што морало да се преживее во себе, го нашло своето место во песната. Песната за Македонија е нејзината молитва, огледало на нејзината душа и нејзина воздишка.
Македонија не создала сложени инструменти. Таа нема сонати и симфонии. Песната и е проста, проткаена со неискажано многу тага, со едно горчливо спокојство во кое има плач и мака, но и надеж"

Кочо Рацин
 
Коста Солев Рацин и македонското драмско творештво помеѓу двете светски војни ми беа темите за матура :).
Поезијата на Рацин е посебна, единствена. Има тој и љубовна поезија, не само трудољубива и социјална.
Браво девојче за темава!
 
Венера, се трудам.:icon_redf:wink:

[FONT=Verdana, Arial, Helvetica][FONT=Verdana, Arial, Helvetica][FONT=Verdana, Arial, Helvetica]Проштавање

На печалбарите
Не ли ти кажав, не ли ти кажав,
не ли ти реков на проштавање?
Ич не ме чекај, ич не ме пекај
Белград е ламња, во Белград ја роб
снага по туѓи палати оставам,
снага во усти несити клавам,
и дома – дома не ќе се вратам,
не ќе ги пијам очите твои
не ќе ја галам снагата твоја –
далеку негде сувата рака
по тебе, Вело, пустата мака
пуста ќе остане...
Знам оти ѓердан веќе не нижеш,
знам оти чеиз и ти не везеш,
знам, Вело, пусто остана сичко –
не ли си и ти аргатка клета?
Тутуни садиш, тутуни нижеш,
тутун таговно у монопол редиш,
ме споменуваш и ем се жалиш
денови – крепи тешки си редиш –
Величко, мори, другачко златна!

Но почуј, Вело, Што ќе ти кажам!
Не ми се, Вело, жали и клети!
Подигни очи – очи засвети
онија очи, што душа горат!

Тој што ни, Вело, однесе сичко –
тој ни остави од темно темен
веков за мака – но и за борба.
Има на овој свет како нас многу!

Има ги, има – мачат се, копат,
копачи копат по темнината,
копачи копат и тунел дупат.

И има, има – радост голема
радост длабока во темнината:
да светиш, Вело, жар да се стопиш –
во борба гроб ти душа не зема!
[/FONT]
[/FONT]
[/FONT]
 
Odlicna tema.
Ucilisteto kade sto zavrsiv osnovno obrazovanie se vikase Koco Racin. Se sekavam, pisuvav nekoja tema za nego, ne mi teknuva bas vo koe oddelenie, dobiv 2 mesto za toa i nagrada kniga od tvorestvoto na Racin, ama ona sto mi ostana i den denes, e deka ja nauciv togas celata biografija na Koco Racin.
Pokasno vo zivotot imav prilika da se zapoznaam so negov vnuk, so koj i den denes sme prijateli.
 
ве сакам најмногу на цел свет и појке :)))))))

умни, така треба...

не цеца и драгана, туку Кочо Рацин и Прличев треба да ни учат децата
 
[FONT=Verdana, Arial, Helvetica][FONT=Verdana, Arial, Helvetica][FONT=Verdana, Arial, Helvetica]Селска мака

Покрај ниви, покрај лаки,
покрај снискине брегови,
вода тече – вода влече
селски солзи, селски маки
селски таги и јадови.
Извор вода извираше
плодно поле наливаше –
плодно поле род народи.

Ноќе чума ли одеше
плод од поле ли береше –
амбар селски пуст остана!

Сонце светло ми светеше
гора ми се зеленеше –
в гора пиле песна пее.

Камен ли му в гради легна
стија ли го в коси стегна –
срце селско – векот тажно!

Кој ја сипе, кој ја роси
таја слана што покоси
по нивјето пшениците
по лозјето гроздовите?

Та се житце не зелени
та се грозје не румени,
та од пуста селска мака
аир нема дур до века?
[/FONT]
[/FONT][/FONT]
 
[FONT=Verdana, Arial, Helvetica][FONT=Verdana, Arial, Helvetica][FONT=Verdana, Arial, Helvetica]Утрото над нас

Од далечините модри се веат
на сонцето златните далги,
од далечините модри се леат
на утрината модрите влаги.
По долги, меки ширини рамни
магла се танка крева
и по селата мали – заспали
шумоли скришно врева.

Шумоли – в срце тага налева
за црноземните робја,
шумоли скришно за мртви поља
за села и градови – гробја.

Ех, тија долги ширини рамни!
Ех, таја мака пуста!
Мртви и темни сурови гламњи
скршена гранка маслинка!

По тија пот се човечка дими
и снага крвава цвили,
по тија радост никога нема
а сонце радосно има!

Но тија росни утрини пресни
копнат во гради и тлеат.
Копнат и како бура пеат
[/FONT]
[/FONT]
[/FONT][FONT=Verdana, Arial, Helvetica][FONT=Verdana, Arial, Helvetica][FONT=Verdana, Arial, Helvetica]и како огин палат.[/FONT][/FONT][/FONT]
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom