Почина Пепи Бафтировски

  • Креатор на темата Креатор на темата Staufer
  • Време на започнување Време на започнување

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.727
Поени од реакции
22.608
Немам видено ваква тема во форумов па реков ќе отворам ја.

Вчера на вести на МТВ кажаа дека Пепи Бафтировски почина во Чикаго каде што живееше. Бил болен од рак и неговите последни дена тажно ги помина. Сакаше да се вратит во Македонија и тука да починет но немаше доволно пари / http://utrinski.com.mk/?ItemID=5972B5069C123344BD9CDF1C447B1C63

Досега нигде освен на МТВ е немам видено оваа вест но вероватно е точна. Нека му е лесна земјата, тажен крај за еден голем Македонски пејач.

едит: уште еден текст во Време: http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=5&tabid=1&EditionID=1368&ArticleID=88790
 
Лесна му земја!
Бог да го прости!

Штета што неможел да се врати дома.
 
Лесна му земја.

Живот, кучка.
 
Збогум маестро!

Беше еден од најмеките, најмилозвучните вокали, голем патриот, славеј од Баир маало.

Ќе ни останат Ако Згрешам, Сине мој, Фросино моме убаво, Благуно Дејче...

Векови заедно ќе минеме, древна земјо Македонска, така е пишано сестро ништо да не бидеме, ти без мене јас без тебе.
 
Колку само како мал го сакав и слушав....
Колку ми е жал...

Почивај во мир...
 
Нека му е лесна земјата македонска!
 
Се знаеше дека беше болен од рак на бели дробови и дека животот во Србија му беше тиња и сакаше да се врати во Македонија, баш пред едно 2-3 недели читав во некој весник. Деновите му беа одбројани. Ја испеа и мојата песна: "Фросино, моме убаво".
Лесна ти земја, маестро.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom