Мојата кирилица

  • Креатор на темата Креатор на темата Bratot
  • Време на започнување Време на започнување
Мене посебно ми се допадна и конкурсот за нов киричичен фонт. Толку малку македонски фонтови имаме, што му паѓа мака на дизајнер да направи некое дело на кирилица... Латинични фонтови има еден куп, а кирилица НЕКОЛКУ.


Конкурс за нови кирилични фонтови

Ги повикуваме сите студенти на ликовната академија, дизајнерите, графичарите, академските сликари, хералдичарите и сите други кои веруваат дека кирилицата е убава и инспиративна, отмена и читка, дека може да биде и модерна – таква и да ја направат.
Распишуваме конкурс за изработка на нов кириличен фонт со знаците од македонската азбука. Фонтот треба да биде применлив со македонска кодна поддршка. Форматот на фонтот може да биде TTF или ОTF.
Наградниот конкурс за модернизација на постоечките и за креирање на нови оригинални фонтови трае до 05 јуни 2008 година. Резултатите ќе бидат објавени на ова место на веб-страницава на 10 јуни, а доделувањето на наградите ќе биде на завршната манифестација на кампањата на 10 јуни.
Пристигнатите предлози ќе ги разгледува стручна жири-комисија во состав: Ласко Џуровски (претседател), Љупчо Јакимоски и Марко Стојановиќ (членови)
Жири-комисијата на првопласираните три ќе им додели награди:
  1. награда – 1.000,00 евра
  2. награда – 750,00 евра
  3. награда – 500,00 евра
Исплатата на наградите се врши во денарска противвредност, според средниот курс на НБМ на денот на исплатата.
Наградените фонтови ќе бидат поставени на веб страната на кампањата од каде ќe бидат достапни за слободно користење.

http://www.mojatakirilica.com.mk/novfont.html
 
Баш сакав да ти спомнам :)

Супер е кампањава, посебно промотивниот материјал.

cokolado.jpg


penkalo.jpg
 
Jа подржувам оваа акција.Песната е супер
penkalo.jpg

Ееееее супер е ми се свиѓааааа многу :vozbud: :vozbud: :vozbud:
 
Браво. Една од најдобрите (ако не и најдобрата) кампања од сите глупости за кои прават кампањи. За ова стварно вредат вложените пари. Одличен промотивен материјал, се надевам дека ќе има ефекти.

едит: песната е прекрасна!
 
Na majka mi neznam kako i stignala cela kesa vo znakot na najnovit album na Vlatko Stefanovski: Kirilaca. Zaedno so mauspedot, penkaloto, razglednicite, brosurata go dobi i CD-to. Na seto toa ja ima parolata: Dodeka pisuvam na kirilica postojam! toa e tocno!


Иронија е ова или мене ми треба поголем диоптер?
 
Одамна ги имам почнато едни кирилични букви, сега имам причина плус да ги довршам и направам нови:)
3,2,1 почнуваме :) :) :)
 
Конечна кампања и за нашето писмо, со чувство на патриотизам и љубов кон она што си е наше...Така само напред!
 
Фино е ова браво,абе имам ја приметено одкако ни лупнаа вето циганиве се некои родољубиви иницијативи со партиотски ставови се прават ни дојде малце памет да се свртиме накај нашето и да си го цениме....браво!!
 
Одлична замисла, се надевам дека ке биде масовно поддржана. Инаку песничката не е којзнае што, но добра е. Договорот за сите од редакција е да пишуваме кирилица, ако забележавте дури и Мисирков почна да пишува кирилица :). Од мене има голема поддршка, па форумџии, ајде сите инсталирајте македонска поддршка. Ако не знаете како, еве ви линкче, објаснето е со слики. Не е лошо да се стави во првиот пост.
 
Одлична кампања. Редно беше да се понудат конретни акции/мерки за промовирање на употребата на кирилицата, па затоа секоја чест на Идеа Плус и МИА за иницијативата. Ако имам време периодов ќе пробам да склопам фонт-два, за конкурсов и онака. Дали Кајгана како медиум има контактирано со одговорните, и дали има намера да се приклучи кон кампањата?
 
Се приклучуваме и без никаков контакт... Ако не исконтактираат, ќе дадеме максимална поддршка.

ПС: Името на фонтот ќе биде "Кајгана", така? :)
 
Одлична замисла, се надевам дека ке биде масовно поддржана. Инаку песничката не е којзнае што, но добра е. Договорот за сите од редакција е да пишуваме кирилица, ако забележавте дури и Мисирков почна да пишува кирилица :). Од мене има голема поддршка, па форумџии, ајде сите инсталирајте македонска поддршка. Ако не знаете како, еве ви линкче, објаснето е со слики. Не е лошо да се стави во првиот пост.
па форумџии, ајде сите инсталирајте Оперативни системи и програми со Македонски интерфејс
 
Де бе, оперативни системи и програми нема на кирилична поддршка, во спротивно, би ги имал сите. А што е толку комплицирано да се инсталира МК поддршката? Колку за инфо, Мозилата ми е на кирилица, а пробав и со виндоуз, некако неми одеше.
 
ОС и програми на Македонски

Виндовс ХР, Виста, Офис 2003, Офис 2007, Линукс (КДЕ и Гноме работна околина) Мозила Фајрфокс и Тандербирд, ВинРар, уТорент, Опера, Опен Офис, СпајБот енд срч........
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom