Реставрација на автомобили и моторцикли, расклопување мотори и слично?

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување
Малку сум слаб по ова прашање. Дали вреди да се инвестира во стар автомобил? Па секако дека вреди поради меракот но тоа се прави барем според мене како хоби и со втор автомобил. Пример наместо ауди а4 од 2000 или вектра ц возеш една просечна астра г и средуваш еден стар автомобил. Тоа е еден реален компромис според мене. Само старо ауто да имаш и во него да ги вложеш сите пари не оди.
Имам кадет ц кој е добро одржуван и среден и ми прави мерак а и имам добри планови со него во поглед на мотор гледав нешто и цените не се големи па наскоро може да ставиме некои 150 коња.
А животна желба ми е следниот модел. Го засакав од една серија што одеше со еден полицаец може се сеќавате. Таму имаше една ваква барикуда жолта само кабриолет.
yellow_barracuda.jpg

mopp_0907_01_z+1972_plymouth_barracuda+photo.jpg
 
Неш Бриџис (Дон Џонсон) и баракудите....

Него, дали се исплати не е прашање.... дали имаш ќеиф и желба? Јас моментално имам Форд Ескорд 1.8 дизел од 1992 и средувам Мерцедес W123 од 78. И имам намера Мерџото да го средам топ и да го користам како возило за секојдневна намена. Го зедов 300 евра, според математиките шо ги прам.... 1500 можно е да нестигнат да го направам по мој терк (а.к.а да го вратам во фабричката состојба, мада и не е нешто далеку од неа моментално, само треба реновирање на одредени делови). Е сега математиката... Ескордот + тие 1500-1700 евра (да не ја спомнувам работата, потрошеното време и нервозите) = некое посолидно количе од 2000-та година.

Ама чувството кога ќе седнеш во W123 споредено со некоја астра/фиеста од 2000-та е неспоредливо. Меракот и ќеифот не се купуваат со пари.
 
Го имаш ли видено мојот кадет. Има некоја слика али ќе направам повеќе деновиве само да го исперам моментално е многу гаден имав работа и не сум го пипнал 1 месец. А од утре ќе почнам и бандажите еден по еден да ги полирам.
Имаш право дека меракот и ќефот не се купуваат. Со кадетот јас ги извозев моите први километри и секое седнување зад воланот пак дава возбуда и го крева адреналинот.

--- надополнето ---

Ја најдов барикудата на Неш Бриџис. Фантазија

nashbridges.jpg
 
Ме интересира ваше лично мислење... Веќе почнав со реставрација на моето милениче. Колата пали од прва (со оригиналниот мотор од '72), двајца механичари ме советуваа да не чепкам моторот и да го возам таков каков што е!! Сега сум во недоумица, незнам дали да средам само електриката т.е инсталацијата или да се отвори моторот на после да не однесе на автоелектричар?!
 
Како приврзаник на реставрација во оригинална состојба, би те советувал да не чепкаш ништо освен потрошен материјал и промена на сите дихтунзи, симеринзи и такви работи...
Секако, убаво да си го исчистиш и, евентуално, да го исфарбаш во оригиналните бои.
Претпоставувам дека каросеријата веќе си ја средил детално, а ако не си, тогаш почни од неа.
Електричарот би ти бил во некоја завршна фаза.
 
Струмикс, дај бе да ги ставам тие лајсните на фаровите. Гледамс е спрема зимата, ќе ми скапе! :))
 
Ме интересира ваше лично мислење... Веќе почнав со реставрација на моето милениче. Колата пали од прва (со оригиналниот мотор од '72), двајца механичари ме советуваа да не чепкам моторот и да го возам таков каков што е!! Сега сум во недоумица, незнам дали да средам само електриката т.е инсталацијата или да се отвори моторот на после да не однесе на автоелектричар?!
ако не троши уље, не чури, не пука... не дирај ништо... струмикс убаво ти кажа, смени она што мора а тоа се дихтончиња, семеринзи и слично. испери го моторот убаво, види од каде и дали тече и мењај тоа. или смени ги сите... во срце не му чепкај ако нема потреба.
 
52311_1503996523417_1339372524_31209205_4768807_o.jpg

еве го голфот што го зборам на форумов, конечно го средивме како што му доликува да нема никаде корозија, фалат уште лајсни и таа маската напред да ја заменам оти оваа е дроп, браници такви ствари да се средат оти се избледени, ентериерот е ТОП а моторот е 1.6 дизел што кога јас ке почнам да го возам легално (за година и пол сум полнолетен) најверојатно ке биде 1.8 GTI, произведен е 81 година, бандашите ми се океј ама ако ми налетаат пирели(филмче си направив дека ке ми налетаат вакви).

секакви критики и пофалби се добредојдени, ако сакате уште слики ке ставам
 
Бидејќи си од БТ, а и јас имав Голф, лајсни имаш хромирани (имаше барем) кај Ат-пазар, не знам како се викаше тоа продавничето, кога се спушташ од Сали мостот од лева страна едно тесно - долго дуќанче. На метро го продаваа. 300 денари метар. 3-4 метри имаш хромирани лајсни. Излгедаат супер на Голф.

Еве како изгледаа на мојот Голф ;) Нова маска имаш кај Чеде. 1200 денари ако не се лажам.

26032007014.jpg

26032007011.jpg
 
Znam za koe dukjance zborvas v komsii mi e ke naminam denovive a za maskata imam doma druga no neznam vo kakva sostojba e treba da ja najdam prvo sepak fala na info
 
Клик
Моторов го купивме од еден познаник на татко ми, беше во никаква состојба, ништо не функционираше на него го зедовме за 1500 денари..
Не му ја знам ни марката, знам дека беше 50 кубика, автоматик и имаше специфичен начин на палење, стиснеш кумплух и само го гурнеш и пали ко мина.
Го продадовме за 150 евра.
Како и да е, сепак беше оставено на бегање од Хитлер.
 
Puch... само хитлер да види шо сте напрајле (ти или некој пред тебе сеедно) од моторот ќе ве обеси.
 
Мерџан, конечно дома :)

165388_187032981323533_100000504979882_620193_3299655_n.jpg

168755_187033037990194_100000504979882_620194_5641231_n.jpg

Сега, имам полни раце работа да го соберам.... :)

п.с. фаровите и маската ги наместив кај мајсторот за да можи да ја наштелува хаубата и крилата правилно.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom