Реставрација на автомобили и моторцикли, расклопување мотори и слично?

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување
Ок, тогаш дефинитивно убо напрајв шо ти го преместив мислењето овде. Ем попрегледно, ем повеќе прилега тука (нема љутиш :)).

Прво, ако стварно планираш да ја чуваш/возиш колата, замарај се со неа, мада предвреме ти кажувам целиот процес пред се е скап. Ако планираш да ја напрајш и да ја дајш, поисплатливо е да ја фрлиш во отпад (или да ја продајш на некој шо ќе ја средува).

Ако си одлучил дека ќе ја прајш дефинитивно, прво шо треба да провериш е дали моторот е запечен. То значи треба да го извадиш менувачот во лер и да пробаш да ја завртиш радилицата неколку кругови да видиш дали моторот врти слободно. Веројатноста да е запечен е мала, меѓутоа добро е да се провери првично таа работа, па да се оди понатаму.

Незнам колкави ти се познавањата од мотори, расклопување и тн, мада ќе треба да ги освежиш/научиш ако сакаш сам да чепкаш в гаража. Оти малку глупо е сега да ме прашаш шо е то радилица :)
 
Планирам да ја направам за да си ја возам.Ми прави многу мерак.Парите можеби со проблем но времето дефинитивно не е бидејќи не се брзам никаде.:)
 
Епа тогаш, најбитно од се ти е да го запалиш моторот (и да го палиш еднаш месечно, да не го оставаш да стои). За другото како ќе имаш време/пари така. Пробај заврти го, прво со рака, па ако врти можиш и акумулатор да му клајш и да го заверглаш така како што е, само провери дали има масло... нема да запали ама ќе мрдни малку, ќе крени маслото.

После оди фаза 2 проверка на инсталации (промена на свеќички, кабли), промена на масло, и проверка на довод на гориво.
 
Има ли можност маслото да биде згрутчено?
 
Чисто, да ви доловам атмосферата денес :)

885293_617916561568504_1135512221_o.jpg

882410_10151382818114069_483020460_o.jpg

893437_10200090825745948_1968476882_o.jpg
 
Слабо некако, се живо и диво се префрли на ФБ. Ја помислив дека и тебе те нема тука да се појавиш :)
 
Dzish што викаш за мерцедесов, добро ли е среден, да му најдеш некоја маана? :)

http://reklama5.mk/Details.aspx?ad=84081
Од слика, на пресно фарбана кола не се наоѓаат маани. Вака сосема ок изгледа, мада треба да го видам во живо за да можам да ти кажам кој шо како зошто. Можеби ќе го донеси на изложбата во Битола за 1 недела (чисто сумљам, не е регистриран).

Знам дека 200 D со 35-40 кс. Од опрема е најниското ниво, нема серво, нема радио, една сијаличка... Моторот не го ремонтираа кога ја правеа - прашање е во шо состојба е.

Знам дека смени гумици на стаклата. Остатокот од то шо е пишано во огласот ако го има целото сменето, 2000 евра ќе даеше само за делови. Сега ги порачувам едно по едно, по 70-80 евра е една гума. 5 врати (сосе багажник) + 2 за стаклата пресметај си сам колку иди.

Патем ако не те мрзи и си сериозно заинтересиран, на кар клуб во форумот има цела тема со слики од реставрацијатa од возилцето.
 
Значи од почеток...
Ако планираш да ја палиш,како прво обавезно маслото да се смени.Ако си вичен по механиката,за да не те боли глава после за лагери на радилица,бидејки тие мотори се малку осетливи на недостаток на масло,ке го извадиш разводникот за палење.Во долниот дел каде влегува осовината од разводникот има запчаник кој е поврзан со уљната пумпа.Запчаникот лесно се вади,и останува само осовината од уљната пумпа.Ке земеш рачна бормашина и алуминиумска цевка пречник мислам дека беше 8мм,и внимателно ке ја набиеш на осовината.Не можеш да ја оштетиш бидејки е од легиран челик.Ке дадеш контакт и ке завртиш со бормашината на десно се додека не се изгасне сијаличето за масло.Ке го повториш овој процес 2-3 пати.
Бензин ке ставиш барем 12 литри зошто тие коли имаат голема резерва,а плус не палена целото губре ке ти се провлече во инсталација.Бензинската пумпа посебно не ке да е лошто да ја отвориш зошто мембраните знаат да се деформираат после еден голем период.Ако е со 5 штрафа бензинската,не е проблем пасираат мембрани и од Фико,а ако имаш бензинска пумпа од Фико исправна стави ја веднаш.
Карбураторот ке го отвориш и ке ставиш во резервоарчето бензин,за да не верглаш ко манијак дур да повлече бензин.Ке друкнеш на педаља 5-6 пати да шприцне безнин во коморите бидејки не е палена долг период и со 3/4 саух не цел ке верглаш а педалата за гас до патос.
Свекички Босна Супер ако имаш или Шампион N9YC бидејки е Фиат машина и најубаво работи со него.Платината 0,6мм растојание,а кондензаторот смени го под итно голема веројатност е да е веке сув.
Провери ги каблите од свекиците сигурно се скапани и дотраени.

Важно!!!!!!
Пред ова заврти ја на акумулатор ама без палење,значи кабел од бобина надвор дали ке заврти моторот,односно дали е запечен или бидејки е на каиш,на перката за ладење ке пробаш дали се врти лесно моторот.
Немој да ставаш адитиви и останати глупости само ке си направиш проблеми.Стави некое евтино масло кое ке го смениш после 200км

Со срека,мислам дека ти помогнав
Ова е од сопствено искуство кога го палев стариот ФИАТ 1300 од 1963-та!!!
 
4 години поминаа од последниот коментар, ама ај да си пробам. Дали знае некој дали е изводливо и дали има способен некој во МК да направи кабрио од Фиќо? Сакам во блиска иднина да најдам некое под 80к км и да го реновирам, но ова со вадењето кров ме замислува зашто нели ќе изгуби интегритет колата, ќе треба дополнителна потпора за стабилност итн. плус инсталацијата на шатор не ми е јасна. Дајте идеја и колку би чинело ова, верувам дека има авто генијалци што би го направиле ова.
 
....ако најдеш фиќо со некои 80000 км у него не кородирано , прво и основно пробај да го обновиш во кондиција како излезено од фабрика до последен детал, па да им оставиш на внуци наследство кое има мнооогу солидна колекционерска вредност. Ако ти е за летен кабрио за штрапац по топло време јави се за преправка на Југо во таква скаламерија...ала Каиг , ги имам одамна купено плановите и инструкциите, чекат некој да ги реализира:) :) :)
KAIG__1_
 
Здраво да прашам шо пари би било шпрциање на хонда цивик 1998 од кратките.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom