Кој е вашиот омилен лик од „Господар на прстените“?

  • Креатор на темата Креатор на темата Crystal castle
  • Време на започнување Време на започнување
^ Не бре. Баш ми е гајле кој лик ти си го сакаш. Знам дека личи како ја да сум се фатил за твоето мислење. Ти ми беше само повод да напишам за тоа како во филмот поинаку се третираат некои работи (вилениците на пример) и зашто тоа е така. Иначе сакај си ти кој било лик. Има ли некој право да се побуни за тоа?
А филмот, иако има фалинки, не сметам дека е сквернавење на книгата. Филмот е прекрасен грандиозен проект, во кој е направено речиси се што можело да се направи (земајќи го во предвид муабетот за филмските студија и слободата на режисерите).
Очекувам поради стекнатиот кредит, П.Џ. да има поголема слобода во Хобит.
--- надополнето: Jul 10, 2011 10:08 AM ---
+ убивање на последниот крал на гондор, баткава има повеќе заслуги од саурон добиено :)
Мњаах, што знам...
Преживување на Војната на Бесните, корумпирање на Нуменор, креација на Единствениот Прстен (и главен збор во создавањето на другите) и икс други работи.... Плус, во односот Вич Кинг - Саурон, многу добро се знае who's da bitch, and who's Butch.
 
Мњаах, што знам...
Преживување на Војната на Бесните, корумпирање на Нуменор, креација на Единствениот Прстен (и главен збор во создавањето на другите) и икс други работи.... Плус, во односот Вич Кинг - Саурон, многу добро се знае who's da bitch, and who's Butch.
не го споредувам саурон со вич кинг, ни во јачина ни во ништо, туку само како заслугите ги спомнувам, додека саурон ја изгуби моќта, вич кинг го уништи најголемиот непријател тогаш на саурон, арнор, плус ја намали територијата на гондор, го зазеде итилен, го уби последниот крал, го создаде минас моргул и го уништи главниот град на гондор, осгилиат.
неговата моќ може да се сподели со гандалф (иако го намава на филмот, во книгата се прилично еднакви) и му беше на дофат победа во минастирит, ширејќи корупција и злоба низ северното кралство.
 
Назгулите, посебно The Witch-King of Angmar. Исто така многу ги сакам и Еовин (Иако го уби The Witch-King of Angmar), Фарамир и Леголас.
 
Кој Халдир?
Има три, од кои едниот не постои во толкиновиот универзум. Уверен сум дека баш тој ти се свиѓа. А?
чекај малце во филмот нели халдир од лориен(оној чиновникот кај келеборн и галадриел) е истиот со тој кој дојде на помош во хелмс дип ????
за него викаш дека не постои???
 
чекај малце во филмот нели халдир од лориен(оној чиновникот кај келеборн и галадриел) е истиот со тој кој дојде на помош во хелмс дип ????
за него викаш дека не постои???
На ова мислев:
Постои Халдир обичниот стражар во Лотлориен, кој е на стражарска позиција со своите браќа, на границите од шумата.
Не постои Халдир стражарот кој у слободно време е офицер што командува одред виленици, во војнa во која вилениците со воени единици не ни учествуваат* (освен кога си ги бранат малкуте преостанати енклави).
Тоа се "двата" Халдира, од кои "едниот" е измислен.

Третиот Халдир, не е ни виленик туку човек од Бретил (од Првото доба). Се има еднаш заедно тепано со Хурин и Хуор.

* според книгата
 
На ова мислев:
Постои Халдир обичниот стражар во Лотлориен, кој е на стражарска позиција со своите браќа, на границите од шумата.
Не постои Халдир стражарот кој у слободно време е офицер што командува одред виленици, во војнa во која вилениците со воени единици не ни учествуваат* (освен кога си ги бранат малкуте преостанати енклави).
Тоа се "двата" Халдира, од кои "едниот" е измислен.

Третиот Халдир, не е ни виленик туку човек од Бретил (од Првото доба). Се има еднаш заедно тепано со Хурин и Хуор.

* според книгата
епа да де, тој кој ќе ги пречега во лотлориен и кога ќе му ги врзи очите на гимли и останатите.

мислам дека го нема повеќе него во книгите ???
тоа со хелмс дип беше дело П.Џ. единствени борби кој ги имаат виљенаците беа после заминувањето на дружината од лориен.. кога орките ќе слезат од морија.... е тука најверојатно падна битка и тоа е се во ЛОТР..
а овој Халдир во првото доба е оној во последната битка кога Хурин ќе го заробат ????
дека не се сеќавам баш на него
 
Тој е Халдир Едаин од Бретил, каде што тогаш престојуваа Хурин и Хуор.
За време на нивниот престој таму, имаше една битка со орците, во која покрај едаините од Бретил, учествуваа
Хурин и Хуор, како и елфови од Доријат.
Не е тоа Петтата битка, таа е после.
 
Леголас дефинитивно...
Ликот е одлично осмислен.
 
единствени борби кој ги имаат виљенаците беа после заминувањето на дружината од лориен.. кога орките ќе слезат од морија.... е тука најверојатно падна битка и тоа е се во ЛОТР..
Па не баш. Во и околу Лориен, самовиливе водеа три битки, за време на Војната за Прстенот.
Исто така и во Мирквуд Трандуил водеше успешна битка со силите на Саурон.
Центарот на проблемите во Мирквуд, беше Дол Гудур, а не Морија. Главнината на притисокот од Дол Гудур одеше цело време врз Лориен, а битките со Трандуил повеќе му служеа на Саурон, да си ја обезбеди десната страна на главнината која дејствува против Лориен, а не да го уништи Woodland Realm.
Он се надеваше дека и Источњаците ќе му се приклучат во мирквудските операции,али они учествуваа само во опсадата на Осамената Планина.

Освен овие одбрамбени операции, во Војната за Прстенот, самовилите никаде не учествуваа со испраќање на свои единици во рамките на "коалицијата" (како што тоа беше случај во минатото).
Нивното време одминува и повеќе не играат значајна улога во Средната Земја. Тие тоа го знаат. На луѓето, овој пат, им ја препуштија речиси целата одговорност на бојното поле.
Така да, праќањето на самовилски воени единици на чело со обичен стражар (у филмот унапреден, секако), е тотално надвор од тогашната реалност во Средната Земја.

--- надополнето: Sep 1, 2011 2:07 PM ---
Кога Толкин денес би го однел текстот насловен како Господар на Прстените, кај некој модерен издавач, би добил безброј забелешки, за нешта кои не содејствуваат со правилата за комерцијално пишување и издавање.
Сите се сложуваат дека при една таква хипотетичка ситуација, број еден слепо црево, прво на ред за одстранување би бил ликот - Том Бомбадил - целосно излишен, според некакви модерни издавачки правила за пишување романи.
Што е Том Бомбадил? - е најголемата дебата во огромниот универзум на LOTR гикови, фанови, почитувачи и фанатици.
На крајот, после долго дебатирање, вадење од подрум и архива на разни ливчиња кои Толкин ги оставал, сите се сложија дека станува збор за мајарски дух, инкарниран на Средната Земја (нешто слично на Саруман, Гандалф...).*
Мислам дека таков епилог беше предвидлив и логичен, цело време.
Не е ова изложување на мојот омилен лик од ГнП. Едноставно Том Бомбадил, поради некомформистичката природа на неговиот лик, ми е интересен.

* имаше такви, кои веројатно заведни од неговата моќ на просторот кој го владее, тврдеа дека тој не Еру лично и персонално :pos:
 
Читав некаде дека Толкин не сакал да објасни кој е Том Бомбадил, а мене ми држи вода објаснувањето дека е тоа Еру Илуватар лично или пак едноставно духот на Средната Земја.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom