Предучилишно образование

  • Креатор на темата Креатор на темата dino-jr
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
15 април 2008
Мислења
31
Поени од реакции
1
Веб-сајт
www.dino.com.mk
Дали е потребно предучилишно образование? Ако мислите дека е потребно, какво имено? Каков е квалитетот на постоечкото образование во градинките и предучилишните установи?
 
Јас, а и поголемиот дел од мојата генерација се самообразувавме. Јас конкретно ја знаев цела азбука наизуст а и да ја напишам, а и основите за животните и билките, уште пред да тргнам во основно училиште.

Само со БУШАВА АЗБУКА!

И сеуште си ја сакам оваа серија...штета што новите дечиња закржлавуваат со компјутерски игри, телетабиси или whatever.
 
„Бушава азбука“ беше одлична серија, добро се сеќавам на неа, серијата имаше големо влијание во образованието и забавата на мојата генерација, а мислам и после тоа. Бидејќи мислевме дека е потребно подобро предучилишно образование на децата, го развивме www.dino.com.mk образовна интернет (бесплатна) страница за деца од предучилишна возраст. Софтверот е во напредна бета фаза, децата одлично го прифаќаат, но не` интересира и мислењето на возрасните, за да можеме да извршиме корекции, ако се потребни.
 
Децава ги праќаат во забавиште или градинка, највеќе затоа што нема кој да ги чува дома дур се на работа родителите, доколку бабите и дедовците не можат да ги чуваат.
Инаку и јас сум идела во забавиште ама ништо не памтам, само дека игравме и дека учевме англиски. Хах сум научила cat, dog и apple. Еее кој успех е тоа.:):):)

А со Бушава Азбука сум пораснала. Имав и на касети што ми снимале за да гледам. И да штета што децава сега цело време се на компјутер и само играат и слично. Не се воопшто заинтересирани да научат нешто саглам.

Сепак јас моето дете би го пратила во градинка. Колку да се научи да биде подружељубиво. Да биде со деца. А не дома, само, па сите да се вртат околу него, дур не сум јас тука па да го размазат. Не ми се свиѓа баш тоа. И така...
 
Дали е потребно предучилишно образование? Ако мислите дека е потребно, какво имено? Каков е квалитетот на постоечкото образование во градинките и предучилишните установи?
Не знам што е најдобро за децата, сите се различни, јас памтам ич не сакав да одам во градинка и во забавиште, плачев цело време, мајка ми ме зимаше цела со парчиња палома на мене.
 
Децава ги праќаат во забавиште или градинка, највеќе затоа што нема кој да ги чува дома дур се на работа родителите, доколку бабите и дедовците не можат да ги чуваат.
Инаку и јас сум идела во забавиште ама ништо не памтам, само дека игравме и дека учевме англиски. Хах сум научила cat, dog и apple. Еее кој успех е тоа.:):):)

А со Бушава Азбука сум пораснала. Имав и на касети што ми снимале за да гледам. И да штета што децава сега цело време се на компјутер и само играат и слично. Не се воопшто заинтересирани да научат нешто саглам.

Сепак јас моето дете би го пратила во градинка. Колку да се научи да биде подружељубиво. Да биде со деца. А не дома, само, па сите да се вртат околу него, дур не сум јас тука па да го размазат. Не ми се свиѓа баш тоа. И така...
Потполно се согласувам со тебе.
 
Го презентиравме Дино на Деновите на книгата. За нас беше изненадување доста честото прашање: дали Дино е преведен од некој светски јазик? Одговорот на тоа прашање би бил не, Дино е развиен во Македонија за потребите на македонските деца. Зошто се` уште сме во некоја ментална матрица мислејќи дека се` што е добро треба да доаѓа од запад?
 
Слична тема имав отворено..скоро иста...модератори админи спојте ја!
 
MaRyJaNe-poison, би ми било драго да дадам свој допринос во твојата тема. Се извинувам дека не сум ја забележал, инаку и се приклучил кон твојата.
 
Јас, а и поголемиот дел од мојата генерација се самообразувавме. Јас конкретно ја знаев цела азбука наизуст а и да ја напишам, а и основите за животните и билките, уште пред да тргнам во основно училиште.

Само со БУШАВА АЗБУКА!

И сеуште си ја сакам оваа серија...штета што новите дечиња закржлавуваат со компјутерски игри, телетабиси или whatever.

А мислиш денешние деца не знаат? И моиве прцулки знаат и азбука и кирилица и латиница, знаат и животни и планети и знамиња на земји и уште многу чуда и чудесии. Се` е до природниот капацитет и секако, до родителската заинтересираност и посветеност на децата.

И да, Дино е супер. Само напред :helou:.
 
сега децава само дремат пред компјутер и нишо повеќе. Се сеќавам порано ние кога ке се соберевме по цел ден надвор сме се бркале и сме се дружеле, а сега децава се само пред компјутер Ц Ц Ц и да БУШАВА АЗБУКА беше злато за нас
 
Се` е до природниот капацитет и секако, до родителската заинтересираност и посветеност на децата.

Се сложувам со ова.Јас к од компјутери не знаев на 4-5 години, бушава азбука не гледав многу оти не ја даваа а ми беше интересна, па сепак знаев да читам и латиница и кирилица.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom