Што туку ја дочитав книгава...
Напишана како пропаганден материјал на ВМРО(автономистичка на Иван Михајлов), каде што се обидуваат да ги објаснат причините за убиствата кои се во голем број, меѓу кои и убиството на Александар Протогеров...
Убиството е нарачано од Ванчо Михајлов...
И што е тука запрепастувачки?
Во книгата нигде не се споменуваат Бугари, Македонски Бугари, туку само Македонци,
Македонско население, Македонски народ и тн.
Дури во едно писмо на Александар Протогеров, до останатите членови на ЦК на ВМРО, Иван Михајлов и А.Поп Христов каде што тој му ги дава причините за неговото излегување од Организацијата на крај порачува(парафразирано) Со среќа во борбата ЗА ОБЕДИНЕТА И НЕЗАВИСНА МАКЕДОНИЈА
Како за објаснување книгава е Бугарско издание, и е издадена во Софија 1992г.
П.С. Гусар фала за книгата