bitushanec
Борец за човекови права
- Член од
- 17 јануари 2006
- Мислења
- 3.741
- Поени од реакции
- 815
Галичанецот Риста Огњановиќ-Лоноски (1870-1941 г.) бил вработен од српската влада за отварање на српски училишта низ Македонија (1898-1912 год.) во времето на пропагандите, а самиот бил профессор по француски јазик на повеќе места низ етничка Македонија, Цариград, Србија, за на крај да заврши како виш професор по француски јазик во скопската учителска школа. Учел бугарска гимназија во Солун, за потоа школувањето да го продолжи и заврши по српски научни установи и познатиот лицеј Галата Сарај во Истанбул.
Иако работел за српската пропаганда во Македонија и се школувал и по бугарски училишта, Лоноски засекогаш останал со убедување дека е Македонец, онака како што бил воспитуван дома, од неговите постари.
Пред својата смрт 1940 г., Лоноски ја напишал книгата ''Галичник и Мијацитe'', која не успеал да ја објави, а се објави дури неодамна, од фондацијата Труфин Костовски.
Еве што пишува Лоноски за чувствата на Македонците од 19 век и почетокот на 20 век, кога и самиот тој живеел, без разлика дали биле бугарофили, србофили итн.:
''Одма да кажа да Мијациве, како и сиве други племиња во Македонија, имајет две јаки осеќања: едно, да се Славјани и да се многу родниње како со Србите, таке и со Бугарите, а друго-да не се ни Срби ни Бугари, токо нешчо треќо: да се Мијаци, Брсјаци итн., а по теја Македонци (''Галичник и Мијаците'', стр. 133, Риста Огњановиќ 1940).
Ни Срби ни Бугари, пред да завладејет Турциве, немале ни време ни начин, ни стредства, ни сила за да напрвит (од нами) едно тесто: српско или бугарско...
Македонец се делит јасно и од Србин и од Бугарин и овије ги броит како братучеди од вујко и од стрико. Овакво је осаќањето, свеста и волјата на овја народ овамо и добро је овеја да го знојет и едните и другите. Овеја го знојет и историјата и науката и неопходно је овеја да не го заборавит и нашиве славјански политичари. ..."
("Галичник и Мијаците", стр. 131, Риста Огњановиќ 1940).