Маркови кули ги инспирирале нордиските воини

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.098
Веб-сајт
www.kajgana.com
Следејќи ги трагите што зад себе ги оставиле викинзите, шведските археолози стасаа до Марковите кули кај Прилеп. Проучувајќи ги врските од времето на викинзите со Византија, екипа на Археолошката истражувачка лабораторија при Универзитетот во Стокхолм неколку недели ја истражуваше познатата тврдина во Македонија, поаѓајќи од научнопотврдените сознанија за присуството на нордиските воини во овие краишта во периодот на Источноримското Царство.

Шведските археолози во Македонија проучуваа делови од Марковите кули, кои се изградени во истиот историски период како и некои викиншки тврдини во Скандинавија. Хипотезата е дека тогашните шведски војници се инспирирале од византиската градителска уметност и ги пренеле идеите во нордискиот регион.

Шведскиот дневен весник „Свенска дагбладет” пишува дека во една шведска тврдина во Бирка се пронајдени византиски метални пари, оружје и други предмети донесени од јужните делови на Европа. На местото каде што се наоѓаат Марковите кули кај Прилеп, како што се истакнува, била изградена тврдина уште во времето на Александар Македонски, која подоцна била доградувана во разни историски периоди, така што денес претставува една од најголемите тврдини во Македонија.

Археолошките истражувања кај Маркови кули се планира да траат уште три години и ќе се реализираат како проект во соработка меѓу Археолошкиот институт од Стокхолм и Институтот за старословенска култура во Прилеп. Досега пронајдениот археолошки материјал во текот на наредните месеци ќе се проучува и во Шведска и во Македонија.

- Направивме ископувања на приближно 50 квадратни метри кај Марковите кули и пронајдовме мошне интересни сличности со тврдината Бирка. Меѓу другото, градбите се организирани приближно на ист начин и покрај тоа што Маркови кули се многу поголеми - нагласува лекторот од Археолошкиот институт во Стокхолм, Лена Холмквист Олаусон, посочувајќи дека и двете градби се затворени тврдини во кои биле стационирани и војници.

ВИЗАНТИСКИ ПРИЛЕП ВЛИЈАЕЛ ВРЗ ПОШИРОКИОТ РЕГИОН

Истражувањата на Маркови кули, направени во последниве две години со шведските колеги, даваат резултати што овозможуваат толкување за влијанието на животот од овој крај врз поширокиот простор, па можеби и врз нордиските викиншки племиња, вели Бранислав Ристески, директор на Институтот за старословенска култура во Прилеп.

- Станува збор за периодот меѓу 6 и 9 век. Шведските колеги беа особено заинтересирани за 9 век. Во заедничките истражувања утврдивме специфични форми на градби и на живеење и многу интересни наоди - вели Ристески, кому ова му е завршница на повеќегодишните истражувања на средновековните тврдини во пелагонискиот регион.

Шведските археолози, со кои прилепскиот институт соработува веќе две години, се заинтересирале за реконструкцијата на животот во овој крај, направена во Институтот според класичните археолошки методи.

- Тешко и е да издвојам што е најинтересно, зашто за мене, како археолог, се е интересно - од најситните наоди до начинот на градба на тврдините - вели тој.

Седумчлената шведска екипа, во чиј состав е и академикот Густав Торцих, предложила продолжување на заедничките истражувања и во следните години.
 
Занимљиво. Викинзи су дефинитивно били најпокретљивији људи у средњем веку. Били у Северној Америци. Били у Русији. Били у Македонији. Стварно чуда.:icon_eek:

Мала језичка занимљивост. Шведски суфикс -sk је исти као словенски -ски са истим значењем:) Такође : sk-sch-ich-ish. Индоевропска клацкалица. Код већине речи свих нас може се наћи заједнички индоевропски корен.
 
Факти за Mарковите Кули - од антиката до денес

За Марковите Кули има и многу легенди и мноигу историски вистини... Смртта на Цар Самоил кога ги дочекал ослепените војници и престолнината на Волкашин а подоцна на неговиот син Крал Марко. Во областа Маркови кули има наоди и ѕидини од римско време и предмети и слики стари околу 6000 год, што потврдува дека тука имало цивилизација многу одамна, а не само во средновековниот период.Многубројни цркви од средновековниот период и неколку икони во карпи и т н.
 
Марковите кули и не се баш „маркови“...наодите покажуваат дека биле троа некој век постари...

Исто како и „самоиловите“.
 
Мене ми рекоа дека првата тврдина е од времето на Филип II.
 
Правилно ти рекле. Тврдините во Охрид, Прилеп и оние крај Тетово покажуваат потекло од антиката. Поготово Охридската тврдина.

ceramic2.jpg

ceramic1.jpg
 
За тоа дека викинзи имало во Византија, воопшто не треба да ве чуди и изненадува. Варјашката војска, била платена викиншка војска во служба на Византија. Дури и еден викиншки крал, Харолд Хардраде (Хардраде=цврста рака, во смисла на владеење), служел во таа војска. Тој пак загинал во битката на Стемфорд Бриџ, во 1066, против Харолд Саксонецот, неколку месеци пред Вилијам Освојувачот да се истовари во Британија. Така што, тие монети веројатно се однесени од членови на таа платеничка војска.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom