Гледачот Дуле од Велес

  • Креатор на темата Креатор на темата santo
  • Време на започнување Време на започнување
Мене ми има кажано за работи во иднина.. дали ќе се деси ќе видиме.. нема да ти зборувам што ми рекол пошо тоа е лично мое. Али се што имаше кажано за мене беше точно и тоа нема да го оспорувам.
Може ти никогаш нема да веруваш затоа што не си го искусил тоа.. али јас го искусив и мислам дека не треба да зборувате од памет..
никој овде од овие што биле не добива ништо ако ве излаже.. не знам зошто упорно одите со глава во зид и ги правите луди другите. Ок не мора да верувате.. тоа е ваше лично право.. али не ги правете другите забегани и ненормални... тие луѓе отишле или бараат да отидат затоа што имаат мака која не можат да ја решат на друг начин.

Многу е лесно од страна да даваш совети некому да иде на лекар и да не се лаже по такви места.... ама само тој самиот си знае како му е.. и на шо се е спремен.
Дуле помогнал на многу луѓе... секако имало и случаеви каде не можел да помогне.. и затоа мислам дека треба да оставите на луѓето кои имаат потреба да отидат сами да си одлучат дали Дуле е преварант или не...

Сега да не испадне дека си рекламирам професија, ама за ова може да ти помогне и психолог.
Откако ќе те процени тебе и настаните што се случуваат со одредена личност, голема е веројатноста дека ќе претпостави што може да се случи.
Никој не може со сигурност да каже што е следно, но баењето на икони дефинитивно не е паметниот избор.
Само што сите отидоа по стучните бајачи, пред да отидат кај стручните психолози.
Жалосно.
 
Со еден збор ти ја крадат професијата квази будалетини место да побараат човек од струка кој ептен може да ти се најде а не некој видовит дуле кој лупета без врска.Одењето на психолог се смета како табу тема а одење по бајачи ти е како по леб и млеко да одиш
 
Ама ваљда на психолог не ти кажуваат таја и таја кошуља да ја слечиш, да кажеш неколку магични зборови и фрлиш во оган и после да ја закопаш на 25 цм длабочина. Тоа е предноста на гледачите, тие се пофлексибилни
 
Во право си ова на психолог не би ти го кажале
 
Во право си ова на психолог не би ти го кажале
Ова го гледав со марамче в рака.
- сакам да прашам за синот за женидба
- вашиот син не е оженет
- не е...
- има кратка коса (можи 90% се со кратка коса на тие години)
- да
- мора да слуша Вајтснејк
- мајснек?
...
како погаѓа човеков, секоја чест

Е ова е нешто што нашата форумџика Пумичка како психолог не може да им даде на луѓето...верба во брак со долга коса и вајнснеНк :D
додека има оФци
 
Со еден збор ти ја крадат професијата квази будалетини место да побараат човек од струка кој ептен може да ти се најде а не некој видовит дуле кој лупета без врска.Одењето на психолог се смета како табу тема а одење по бајачи ти е како по леб и млеко да одиш

Мене повеќе ме загрижувА фактот што луѓето не добиваат долгорочни решенија за проблемот.
--- надополнето: Oct 22, 2011 5:32 PM ---
Ова го гледав со марамче в рака.
- сакам да прашам за синот за женидба
- вашиот син не е оженет
- не е...
- има кратка коса (можи 90% се со кратка коса на тие години)
- да
- мора да слуша Вајтснејк
- мајснек?
...
како погаѓа човеков, секоја чест

Е ова е нешто што нашата форумџика Пумичка како психолог не може да им даде на луѓето...верба во брак со долга коса и вајнснеНк :D
додека има оФци

Не можам, лебами, не сум волку инвентивна. Ваков талент, не се наоѓа меѓу психолозите.
Симнувам капа.
--- надополнето: Oct 22, 2011 5:32 PM ---
Нема шанса Пума таков совет од срце и душа да им даде :pos:

Не бре јас ладнокрвно ќе ги гледам и одма упат за на психијатрија...
 
Мене повеќе ме загрижувА фактот што луѓето не добиваат долгорочни решенија за проблемот.
тешко со вакви одговори. Имаш бела кошула-запали ја, пушти коса, имаш негативна енергија, опкружен си со злобни луѓе...

Можеби неинформираноста на граѓаните (простотилакот башка), суеверието како и неактивноста во јавност на психолошката фела можеби е причина да луѓето бараат спас во вакви личности.
 
Мене повеќе ме загрижувА фактот што луѓето не добиваат долгорочни решенија за проблемот.
--- надополнето: Oct 22, 2011 5:32 PM ---

--- надополнето: Oct 22, 2011 5:32 PM ---

Не може да очекуваш долгорочно решение на некој проблем кога некој на погрешно место го бара решението,луѓето заробени од проблеми и тешкотии во тие мигови одат кај било кој и бараат некоја алтернатива со надеж дека ќе најдат некое си решение не сфаќајќи дека тоа не е решението кое им треба.Е сега има и такви кој се убедени и веруваат како тој гледач стварно го бива.
 
Гледам дека некако на празно ми зборувате, или пак од она што можете да го видите на телевизиите, од тоа и креирате мислење. Со Дуле е поинаку, не е тоа тарот, не е некој кој ќе ти каже дека имаш брат и сестра...
Кај него има многу повеќе, јас бев голем скептик кога стануваше збор за вакви работи, но после неколку искуства на блиски луѓе, го променив мислењето.
Има работи кои психијатрите неможат да ги решат...
 
Kje moze li nekoj da mi kaze kade zivee Dule vo Veles? Imam zakazano kaj nego, megutoa ne znam kaj da go najdam.
 
Ја ќе ви кажам Дуле како ви погодува. Никогаш немам отидено кај него, нити пак мислам да одам кај некого, оти сите се жива превара. Имено Дуле гатачот, пред 1-2 години лежеше во затвор, поради предизвикани стравови кај народот, со предвидување дека ќе има земјотрес и ќе се сруши новиот мост во Велес. Немаше земјотрес, и не се сруши мостот. Друга работа Дуле гатачот пред да ви закаже сеанса, ве тера да оставите број телефонски, адреса домашна и сл. Тој после тоа испраќа т.н шпиуни кој испитуваат се за вас, вашето минато, од кај сте шо сте. Од кога ќе дознае се за вас, тогаш ве повикува, и ви го кажува она што вие го знаете. Не бидете будали. Сељаци ко Дуле, треба да се бесат.
Можам само да кажам дека кога се закажува термин,Дуле не бара твој број да се остави,туку веднаш штом ќе добиеш врска ти закажува термин.
 
никогаш не сум чул за него, кажи ми прво колку наплаќа па ќе ти кажам дали знае или не. а на кој начин гледа типот? на облека?
 
Натприродното е нешто што едни се восхитуваат на тоа а пак други неможат да го сварат сето тоа поради Х причини, не би посакал на никој да тргне по овие работи но ако случајно некогаш тргнете ќе го сватите преку вашата болка .
 
Не лупајте глупости.
Кој бил кај него знае. Мојата девојка беше, имаше мака и човекот буквално и кажал како и изгледа дворот, како тој да бил таму и да го запазил секое дрво и распоредот и големината на куќите во тој двор. Исто така и кажал за татко и, и за чичко и. Кажал точно која е нивната мака и како да ја оттргнат.
Затоа не лупетајте кога не знаете. Не викам дека нема преваранти, повеќето се, но овој човек ниту те познава ниту те гледа бидејки кога ке се влезе во собата кај што е он , свртен е со грбот кон тој што бара помош од него, и само треба да се седне на столчето позади него и Дуле почнува да збори. Пожелно е да се има ливче и пенкало, за да се запише што ке каже човекот. Поздрав.

Го имам неговиот телефонски број, ако некој има потреба да оди кај него нека пише по пп.

Се извинувам дали може да го добијам бројот од Дуле, ако сеуште го знаете.
--- надополнето: 12 март 2013 во 01:31 ---
Можам само да кажам дека кога се закажува термин,Дуле не бара твој број да се остави,туку веднаш штом ќе добиеш врска ти закажува термин.
Може ли да ми кажете тел.бр. од Дуле ако го знаете.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom