Јас незнам зошто али кога гледач помага, нека помогни за било што а не само “Имаш магија правено некој ти истурил дома нешто земи 5 кила масло и стај го в црква“
Е то ќе ти кажи скоро секој глупав гледач, се изначитав
глупости од женишта, гледал на светци глеал ваму таму, сите гледачи и бајачи ги изнакажаа бесплатна реклама му удрија.
Како прво и основно сите работат на тој принцип, опишан погоре.
Кога гледач кој ќе појдиш кај него ЌЕ ТИ КАЖИ зошто си појден, е тогаш е тој навистина гледач а не да те праша што ти е маката, па да ти гледа да ти речи навистина од то имаш мака.
Малце е глупаво и наивно за верување. Зошто ниеден гледач не напишал 7 бројки на тоа ливчето што ви го дава со лекот, туку ви пишува толку кила масло, сол истурете таму и таму, вгас рокнете се итн. На 90 % шо ќе појдт таму проблемот им е за пари.
На барање од еден мој другар таксист кој носеше 3 суеверни, набожни патетични глупави жени, кај еден гледач во кравари, го доживеав мојот најкомичен ден. Прво, на тргнување, јас седев напред и ги гледам на ретровизор, извадоа жениве календарчиња молитвеници кој знае што уште не, па бараја да се запри музиката, да се возело побавно, на глас читање молитви за возачи, за безбедност на патишта, за здравје, за да го најделе гледачот итн... Едвај се воздржав да не се истурам од смеа.
Следува по пат, цркви мали ако загинал некој му градат како спомен. Следува рафално крстење прекрстување, во име на горниот долниот и средниот, амин , па по пат уште некоја молитва, па портарење кој праел магија кој можел да фрли каква па која нашла конци низ дома, која нашла игла која незнам што нашла *(а верувам дека сите тие “инструменти за магија“ се фактички нивни на грешка испаднати или заборавени“)*
Далје, следува стигнување кај гледачот целивање икони кои ги има еден тон, убавезно купување икони и шишиња за крстена вода кој се продаваат на влезот, па чекање ред и од 7 сабалје до 12 се чекаше, јас тоа време со пријателот го преспав во таксито.
За некое чудо, или незнам како жениве и мене ме запишале мислејќи дека и јас одам за гатање и едно време ми викаат, ајде ти си на ред. Влегувам, во едно тесно собиче кое труе на плин,темјан, свеќи, и други црковни елементи, седнав и почна да ме прашува дали живеам во стан, му викам не во куќа, и вика, да да гледам, на тоа мислев.. ја црта куќата наопаку црта нешто сосем десетто му кажувам тешко дека ќе ја нацрта мене ми е специфична и е лепенка со друга куќа. И ми бара слика, немам викам, бара прстен, исто немам е ај рече дојди следен пат (валјда коа ќе прогледа поубо).
Ете како работат нашите гледачи
