1762 лето

Член од
1 мај 2009
Мислења
204
Поени од реакции
52
Ме интересира кога е напишана песнава. Дали изворната верзија е црковна, народна или авторска.
 
Член од
18 јануари 2009
Мислења
1.407
Поени од реакции
339
Милев дека е стара македонска народна песна, ама цело време сум живеел во заблуда :)

Прогуглав малку и пишува дека е од Прличев.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=29E0170EA1B39D44ADDE996D0625475A

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=2&tabid=1&EditionID=642&ArticleID=39613

Досега многумина ја испеале ама (ваљда пошто е многу долга) не ја пеат до крај, а само првите неколку строфи.

Инаку многу убава песна. Највеќе ми се допаѓа во изведба на Мизар и онаа на Наум Бурназ

Значи е авторска обнародена македонска песна

btw не знам колку темава е за во историја
 

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.209
Да песната е на Прличев во инспирирана од народна песна. Не е напишана народен македонски говор туку на самокомпонирана мешавина на Прличев никој друг не ја користи од охридски говор и бугарски зборови што се уфрлени. Факт кој е до смрт злопотребувам рециклирана и регургитиран милион пати од Бугарската Хегемонија. :toe:
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.584
Бугарски зборови?!

Извини, но ако не се од туркскиот бугарски јазик (како што е зборот “бубгрег’’), не се бугарски зборови.

Тоа што на некој/некои им текнало да преименуваат источни Македонски дијалекти во “бугарски’’, е само негов/нивен проблем.

Да повториме, бугарскиот јазик припаѓа на туркското јазично семејство. Постои бугарска подгрупа на туркските јазици во кои спаѓаат бугарскиот и чувашкиот (некои лингвисти го ставаат и хазарскиот во таа класификација).

Русифуцираните источно македонски дијалекти на кои зборуваат соседите на исток од нас, а кои подоцна прераснале во литературен јазик тенденциозно наечен “Словенобугарски’’, а скратено “бугарски’’, немаат врска со вистинскиот бугарски јазик.

Ова колку да се нема дилеми што е што.
 
Член од
20 декември 2008
Мислења
1.193
Поени од реакции
75
бугарски зборови што се уфрлени. Факт кој е до смрт злопотребувам рециклирана и регургитиран милион пати од Бугарската Хегемонија. :toe:
Кои се според тебе бугарски зборови што се уфрлени


Григор Прличев
В ХИЛЈАДА И СЕДЕМСТОТИН ШЕЗДЕСЕТ И ВТОРО ЛЕТО
Хилјада и седемстотин шездесет и второ лето
В Охрид од Цариграда дошел Салаор.
Се претставил пред Арсенја, наша патрика чеснаго,
И му рек'л слово горко, слово жалосно:
"Царска волја е да тргнеш денеска за в Цариграда,
На тебе од врли Грци голем поплак е."
Собрал Патрик свое стадо в црква свјатиј
-Климентова
Благослов му дал последен, р'це заплетил.
Д'лго време липал старец во м'лчанје всенародно
И по бела брада ронел с'лзи горешчи
"Слушајте ме мили чеда, јас ќе ида в Цариграда:
На мене од врли Грци голем поплак е.
Грцкиј Патрик ќе ни строши славна охридска
столица
И мене до смрт ќе држи в заточение.
Ќе прати владици Грци, лицем светци, срцем
в'лци.
Ќе ве дават, ќе ве стрижат, ќе м'лзат до крв
Меѓу народа ќе сејат несогласје и раздори,
Да се мрази син со татка и со брата брат.
И ќе викнете до Бога и крило не ќе најдете,
Смирени ќе наведете глави доземи.
Ќе ми бидете сираци; така било написано.
Елате ми да ви гушна за последен п'т.
Чрна т'га поразила старо, младо, м'жи, жени,
Вси со р'це заплетени с'лзи проливат.
Тој ги гушка, тие т'жни му целуват десна р'ка,
И од р'ка как од извор с'лзи се лејат.
Вјахнал Патрик брза коња и неволно уп'тил се.
 
Член од
8 ноември 2008
Мислења
2.172
Поени од реакции
1.265
А бе, можи ли барем еден запис да помини без да се “зачешаат“ Бугарите. Во песната нема Бугарски зборови. Во бугарскиот јазик нема многу Бугарски зборови, па не во песната (освен Салаор - кој можеби е Турско-Татарски и навистина можеби е бугарски). “Бугарите“ (Македонците во Бугарија) зборуваат на Македонски јазик само што тие си го викаат Бугарски. И во Америка си имаат Амерички јазик иако е само варијанта на англискиот...
 
Член од
1 мај 2009
Мислења
204
Поени од реакции
52
Кариес, Салаор е црковно име. Следи го контекстот во песната.

Да повториме, бугарскиот јазик припаѓа на туркското јазично семејство. Постои бугарска подгрупа на туркските јазици во кои спаѓаат бугарскиот и чувашкиот (некои лингвисти го ставаат и хазарскиот во таа класификација).
Се рамни со неукост и заблуда тоа што многу луѓе ги ставаат во ист кош источните македонски дијалекти со “бугарски“ наречја. Тие источни македонски дијалекти се западно од границите на источна македонија пред 1913 што значи дека денешните дијалекти во Пирин и тие во Источна Македонија се сродни заради сродноста на народот што живее на тие простори, макар, во Пирин денес има многу повеќе помаци од Бугари и Македонци. Тек тие на исток од нив зборат бугарски говор што мене ми е многу чуден и неразбирлив. Страшно ме интересира па како звучи бугарскиот од северниот дел на земјата.

Ме интересираше потеклото на 1762 Лето бидејќи песнава раскажува за злото кое го нанеле грчките патрици на македонската црква. Тоа е еднакво на зло против македонскиот народ, за кој црквата била заеднички глас што зрачел духовна но и политичка моќ. Без црквата како унификатор на македонците било многу тешко да се организира востание против турците. Грците се погрижиле да нема востание на време. Тоа значи дека тие биле исто настремени против црквата како и против народот. Ете ја таа цивилизациска битка помеѓу двете страни што му покажува на светот уште еден доказ дека спорот со Грција почнал пред 2000 години а не пред скоро.

Туку за песната. Претпоставувам дека 1762 Лето е интерпретација на Прличев на веќе постоечка народна или црковна песна која останала во колективното сеќавање на луѓето да ја обележи неправдата. Прличев бил хроничар на неговото време и запишувал многу песни, преданија и политички но и социолошки есеи.
Песната претпоставувам била отпеана и запишана сетне кога патриците се вратиле од Цариград па била пренесувана од колено на колено. Многу е важно да се разбере дека Е стара песна, можеби една од ретките кои можат да бидат посочени од кое време потекнуваат.
 
Член од
8 ноември 2008
Мислења
2.172
Поени од реакции
1.265
Салаор можеби е црковен термин но повеќе поради своето значење (“поздрав“, или глас, гласник) има врска со латинскиот термин saluto).
 

Ч Е Н Т О

Методија Андонов
Член од
3 јули 2008
Мислења
1.698
Поени од реакции
1.612
А бе, можи ли барем еден запис да помини без да се “зачешаат“ Бугарите. Во песната нема Бугарски зборови. Во бугарскиот јазик нема многу Бугарски зборови, па не во песната (освен Салаор - кој можеби е Турско-Татарски и навистина можеби е бугарски). “Бугарите“ (Македонците во Бугарија) зборуваат на Македонски јазик само што тие си го викаат Бугарски. И во Америка си имаат Амерички јазик иако е само варијанта на англискиот...
Кариес, Салаор е црковно име. Следи го контекстот во песната.
Салаор можеби е црковен термин но повеќе поради своето значење (“поздрав“, или глас, гласник) има врска со латинскиот термин saluto).
Се некако ми се чини дека не се пее СалаоР, туку Сала'оТ (х-то е немо т.е. не се изговара-пее)

На нет секаде ја пишува со Салаор, ама некако не ми штима така... може и да грешам. :toe:

Димитрија Поповски

Ова е за мене (покрај таа на Мизар) најдобра изведба што сум ја чул до сега. Инаку човекот чиј е аранжманот, Љупчо Константинов, ја правеше и музиката за Тетовирање. А, како и зошто првокласниот македонски пеач Димитрија-Диме Поповски е тотално маргинализиран и безмалку непознат на поновиве генерации е стварно тема за дискусија.

Еве едно истражување изразено во прозна форма што наликува на стар текст што го направил нашиот писател и публицист (пишуваше за неделникот Фокус, не знам дали уште објавува статии таму) Блаже Миневски, за кое доби и награда минатата година:

СЛОВО ГОРКО, СЛОВО ЖАЛОСНО

• награда „Живко Чинго“ 2009 •

Блаже Миневски

Ете, конечно ја најдовте кутивката со ова мое слово во гробот на мојата единствена ќерка Џола.
Сега читајте; вака се случи тоа:
Стариот охридски свештеник, Апостол Мизо, ја отвори црквата „Свети Климент“ за да влезат охридските првенци Нејко Челеби, Станче беј, Бујар Лигдо и Малечко беј. Тогаш, во времето на архиепископот Арсениј, тие беа богати ќуркчии, па поголем дел од годината поминуваа во Цариград. Сите се залагаа да го протераат Арсениј од Охрид, а само првите двајца беа шпиони на везирот.
Додека палеа свеќи пред иконата на Богородица Троеручица измислија подла итрина; набавија фалсифукувани пари и закопаа дел од нив во дворот на архиепископијата, а остатокот го растурија низ градот. По неколку дена сами ја известија власта дека во чаршијата се трошат некакви лажни пари на патријархот. Власта го пребара домот на Арсениј и ги најде парите закопани во дворот.
Сега читајте, вака се случи тоа:
Иако Арсениј не беше тргнат веднаш, неговиот крај веќе беше близу. Само, Нејко Челеби, Станче беј, Бујар Лигдо и Малечко беј сакаа тоа да се случи веднаш. И затоа се послужија со нова итрина. Управник на градот беше Селим Ери паша, кој владееше со зулум и со рушвет. За да го спасат народот од него, истите првенци што го направија она со лажните пари, испратија молба до султанот да го тргне пашата од Охрид. Се разбира, молбата беше само злобна измама: таа не беше против пашата туку против патријархот.
Сега читајте, вака се случи тоа:
Молбата против Арсениј беше напишана на турски, а охриѓани не го знаеја тој јазик па беа прелажани. Веднаш по барањето да се смени пашата, стигна заповед да се тргне Арсениј, па оттука беше јасно каква молба од охриѓани стигна во Цариград. Патем, Нејко Челеби, Станче беј, Бујар Лигдо и Малечко беј си ја завршија работата како што треба. Оној Челеби и оној Станче – за пари, а оној Лигдо и оној Малечко – за ќеиф. Но, да се разбереме, тоа што не знаела што праќа за Цариград, не ја оправдува рајата за подлоста што му ја направија на својот патријарх Арсениј. Стариот беше многу изненаден; се противеше на таквата заповед, но на крајот мораше да замине. Значи, сакам да кажам, внимавајте какви молби праќаат во ваше име оние што можат да ве продадат со измама.
Сега читајте, вака се случи тоа:
Пред да тргне за Цариград, летото 1767 година, Арсениј служеше во црквата „Свети Климент“ пред многу народ, а ниту тој, ниту народот не знаеше дека служи на предавници. Последниот охридски патријарх јавно ги проколна само Нејко Челеби, Станче беј и Бујар Лигдо, а потоа, по две недели, кога цариградските пратеници со патријархот и неговиот внук Георги Беласчев, стигнале кај Топ-капи, гавазите веднаш ги опколиле на мостот пред портата и со еден ќумурџиски кораб ги испратиле на Света Гора.
Десет години подоцна, старец од Зографскиот манастир ми раскажа малку поинаква вистина, покажувајќи ја ќелијата каде што умрел Арсениј. Потоа, под една смоква, најтивко што може ми кажа дека патријархот бил многу тажен, разочаран од укинувањето на архиепископија, и затоа со својот внук Георги сам тргнал за Цариград за да ги заштити своите права и да го спаси својот народ од пропаста за која не е свесен. Кој народ? Оној што го предаде, а не знаеше дека го предал? Со себе носел разни хрисовули и цел товар други ракописи. Одејќи кон Цариград, скршнал за кратко на Света Гора, за да се помоли, и таму бил задржан неколку месеци, чекајќи да го повикаат од Цариград. Еднаш стигнал некаков ќумурџиски кораб, но тој не заминал со него. Коработ дошол само да провери дали Арсениј уште е жив. Неколку дена подоцна, патријархот почина во ќелијата во Зограф; истата ќелија што ми ја покажа старецот, иако јас добро ја знаев пред тоа. Сега знаев дека тргнал во Цариград за да се бори, да ја спаси Охридската архиепископија, ако може, но, ете, никогаш не стигна кај султанот; беше заточен до смрт во манастирот Зограф на Света Гора.
Сега читајте, вака се случи тоа:
Кога се вратив во Охрид, веќе пееја песна за него. Во неа патријархот плаче пред народот во дворот на црквата „Свети Климент“ а по брадата му течат жешки солзи. И народот, значи, плачел; тој ги гушкал сите, еден по еден, тие му бакнувале рака а од раката како од извор се лееле солзи. Тоа траело неколку часа, а потоа Арсениј ги склопил рацете, погледнал во небото и ги проколнал Стамче беј, Бујар Лигдо и Нејко Челеби. Истиот миг плачот на народот го распарал небото, а Арсениј го јавнал својот коњ и заминал засекогаш од Охрид. А потоа, како што вели песната, одеднаш, како да не биле, исчезнале семејствата на проколнатите; во нивните куќи пајаците ткаеле пајажина а по стреите пееле утки. И, да не должам, зашто вие бездруго забележавте, во песната се спомнуваат само тројца од трговците што го предадоа Арсениј. Зошто не се спомнува четвртиот?
Сега читајте, вака се случи тоа:
Значи, Арсениј заминал; народот го гледал дури можело да се гледа и плачел, го цепел небото. Дали плачел за него, или плачел за себе, оставам сами да одлучите. Седмиот ден Арсениј скршнал од Виа Егнација и стигнал на Света Гора. Не верувам дека тоа го направил по своја волја, затоа што со него биле дванаесет пратеници на султанот кои жив требало да го спроведат во Цариград. Најверојатно тоа било некаков план подготвен од некого однапред, а двете писма што ги најдов во ќелијата вб манстирот Зограф по смртта, зборуваат дека тој бил свесен оти нема да се врати жив во Охрид. Додека старецот го палеше кандилото во ќелијата, јас, без да ме забележи, се разбира, ги зедов писмата скриени во еден процеп во карпата. Станува збор за оставката од местото Охридски архиепископ, и за отстранувањето од Пелагониската епархија, каде што по симнувањето од охридскиот трон требало да се повлече и да живее. Второто писмо го напишал пред да тргне кон Цариград, но може и на Света Гора, што значи дека знаел што ќе се случи со него по пат, или токму во манастирот Зограф. Иако на крајот од двете оставки напишани со неговиот чист краснопис пишува дека дава доброволна и непринудена оставка, буквите сами зборуваат за нешто сосема друго; сите се малку накосени наназад, како некој да го туркал перото да пишува побрзо. Еве вака: „Со оваа доброволна и непринудена оставка, јас, долупотпишаниот Арсениј, изјавувам дека немам сила да ги средам и поправам потребите на Охридската архиепископија, кои се јавија“ ... го чкртнал „јавија“ и допишал „се случија“, па продолжил „една по друга пред нас и во наши дни, и дадоа многу поводи злодејците да ја нападнат архиепископијата и да им наштетат и навредуваат потчинетите митрополии и нивната бедна раја, и бидејќи не може поинаку да се извлече од таквите раце мојот христијански род, освен преку уништувањето на Архиепископијата, се откажувам од Охридската архиепископија, освен од мојата поранешна Пелагониска епархија, која ќе ја имам додека сум жив за да се прехранам и да ги покријам другите нужди. При таква согласност со светите собраќа архиереи се направи оваа доброволна и непринудена оставка, која треба да се стави во светиот кодекс на Великата христова црква, и преку тоа пред блажениот ерусалимски патријарх Партениј“. Под писмото стои датата,16 јануари 1767 година.
Ако внимателно се чита ова што е напишано, веднаш ќе се забележи дека во писмото двапати, на почетокот и на крајот, Арсениј ги повторува истите зборови: доброволно и непринудено. Кој барал двапати да биде напишано токму тоа, и токму така, во неговото последно писмо како прв човек на Охридската архиепископија, која по осумстотини години некој одеднаш решава да ја укине? И зошто подоцна не е укината ниту една друга архиепископија доброволно и непринудено?
Второто писмо е оставката на Арсениј од неговата Пелагониска епархија, каде што планирал да живее, ако се врати од Цариград: „Со оваа доброволна оставка изјавувам дека не можам да заминам таму поради недоверливите потези на големците, па затоа доброволно и непринудено се откажувам од мојата Пелагониска епархија во име на високопреосвештениот мегленски митрополит, возљубениот ми брат Натанаил, како достоен и способен да ја управува таа епархија. И затоа искрено молам сесветиот и чесен господар, и сесветите архиереи на Светиот синод да се согласат со ова мое самоволно решение и да го назначат неговото високопреосвештенство за таа митрополија, но не друго лице. Како доказ и поткрепа за тоа ја давам оваа доброволна оставка, поткрепена со своерачен потпис и печат“. До печатот стои датата, 24 јуни 1767 година, а веднаш под неа забелешката дека писмото го пишува бившиот пелагонски владика Арсениј.
Осум дена подоцна тој е веќе мртов.
Сега читајте, вака се случи тоа:
Јас го отрув Арсениј. Три дена пред да пристигнат бев испратен од Цариград во манастирот Зограф. Ми беше кажано да се преправам во монах-испосник, и јас да го примам, да му ја покажам ќелијата и да му бидам на услуга секогаш кога ќе треба. Тој не смееше да стигне до султанот, затоа што ќе се дознаеше вистината за укинувањето на Охридската архиепископија. За таа услуга, за чајот со кукуда, бев добро платен од ромејскиот патријарх Јеремија, кој веќе беше договорен нејзиното место да го заземе Пеќката патријаршија. Дента кога Арсениј умре, јас заминав со еден ќумурџиски кораб во Цариград, а на мое место донесоа старец од манастирот Хиландар. Тоа е истиот старец што ме пречека десетина години подоцна за да ми ја покажа ќелијата на патријархот Арсениј во манастирот Зограф.
Сега, по толку години, гледајќи ги овие писма на Арсениј, знам дека за нас, против нас, не ни треба никој, освен ние. И затоа наскоро пак ќе дојде оној ќумурџиски кораб за да каже што да се направи за да не постои веќе ништо. И ќе направите. И пак ќе им верувате на оние што зборуваат во туѓо име, а оној што зборува во туѓо име, тој секогаш лаже. Сепак, вистината еден ден мора да излезе на видело. Еве, како оваа кутивка што ја ставам во гробот на мојата единствена ќерка Џола. Останав сам, а бевме големо, богато семејство; бев ктитор на три цркви во Охрид, а сега пајаците плетат пајажина во нашата куќа; утката пее под стреата а јас умирам слушајќи ги брановите на езерото. Ах, слово горко, слово жалосно!
Сега молчете, вака се случи тоа:
Јас сум Малечко беј; еден од четворицата трговци што го предадоа Арсениј. Мене чесниот патрик не ме спомна во црквата Свети Климентова, а постоев и јас, и горко, и жалосно.

ИЗВОР

Еве ги и МИЗАР
 

ZoraNaSlobodata

Чоечко суштество
Член од
5 ноември 2008
Мислења
2.736
Поени од реакции
111
Да песната е на Прличев во инспирирана од народна песна. Не е напишана народен македонски говор туку на самокомпонирана мешавина на Прличев никој друг не ја користи од охридски говор и бугарски зборови што се уфрлени. Факт кој е до смрт злопотребувам рециклирана и регургитиран милион пати од Бугарската Хегемонија. :toe:
Абе слабоумен, песната е пишана на охридски градски говор со влијание од црковнословенскиот јазик.
 
Член од
4 февруари 2007
Мислења
1.093
Поени од реакции
163
Бугарски зборови?!

Извини, но ако не се од туркскиот бугарски јазик (како што е зборот “бубгрег’’), не се бугарски зборови.

Тоа што на некој/некои им текнало да преименуваат источни Македонски дијалекти во “бугарски’’, е само негов/нивен проблем.

Да повториме, бугарскиот јазик припаѓа на туркското јазично семејство. Постои бугарска подгрупа на туркските јазици во кои спаѓаат бугарскиот и чувашкиот (некои лингвисти го ставаат и хазарскиот во таа класификација).

Русифуцираните источно македонски дијалекти на кои зборуваат соседите на исток од нас, а кои подоцна прераснале во литературен јазик тенденциозно наечен “Словенобугарски’’, а скратено “бугарски’’, немаат врска со вистинскиот бугарски јазик.

Ова колку да се нема дилеми што е што.
Bugarite sekogas ''si prisvojuvaat se sto ne e nivno''...

Posledno najsmesno neshto sto ''go prisvoija'' e pesnata od Vojo Stojanovski ''Edna misla imame eden zivot ziveeme''...pa toa e sramota,duri i Pajdushkoto oro i site ora tradicionalni i povrzani so Makedonija se prisvojuvaat...vo nivnata VikisranjePedija i a gledam i vo Angliskata vikipedija e zastapen toj trend...
 

ZoraNaSlobodata

Чоечко суштество
Член од
5 ноември 2008
Мислења
2.736
Поени од реакции
111
Bugarite sekogas ''si prisvojuvaat se sto ne e nivno''...

Posledno najsmesno neshto sto ''go prisvoija'' e pesnata od Vojo Stojanovski ''Edna misla imame eden zivot ziveeme''...pa toa e sramota,duri i Pajdushkoto oro i site ora tradicionalni i povrzani so Makedonija se prisvojuvaat...vo nivnata VikisranjePedija i a gledam i vo Angliskata vikipedija e zastapen toj trend...
То со песната на Војо не е ни смешно, ме нервира.
 
Член од
29 август 2008
Мислења
149
Поени од реакции
5
Bugarite sekogas ''si prisvojuvaat se sto ne e nivno''...

...pa toa e sramota,duri i Pajdushkoto oro i site ora tradicionalni i povrzani so Makedonija se prisvojuvaat...

Pajdushkoto oro e tradicionalno za site narodi na Balkanot. Go ima i kaj Bugari, i kaj Srbri, i kaj Romanci, i kaj Albanci.

Kazi mi sega ti na mene, koga uspea Bugarite od Stranca ili od Severna Bugarija da ''si prisvojat" ova oro? Ubavo e da prochitas pred da pisuvas.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom