Go2bed
Vasilij Zajcev
- Член од
- 2 март 2005
- Мислења
- 972
- Поени од реакции
- 13
- Возраст
- 49
ВЕТО!!!!!!!!!!!!
Кумуцакос: Грција не може да дозволи прием на Македонија
02.04.2008 19:35
Грција жали, но во моментот не може да дозволи Македонија да добие покана за НАТО, изјави вечерва во Букурешт портпаролот на грчкото Министерство за надворешни работи Јоргос Кумуцакос.
Според Кумуцакос, остануваат уште само минимални шанси во наредните 24 часа да се изнајде заемно прифатливо решение во спорот за името.
„Кога две земји, едната аспирант за членство во НАТО, другата членка на Алијансата, имаат проблем како овој проблем со името, едната членка не може да дозволи аспирантот да го постигне тоа што го сака“, рече Кумуцакос.
Тој додаде дека Алијансата не е само група држави кои што се влезени во заеднички воено-политички сојуз, туку земјите членки делат и заеднички вредности.
Портпаролот на грчкото МНР истакна дека Македонија ги нарушува добрососедските односи со Грција и си уште не заслужува да стане членка на Алијансата.
АЈ СО СРЕЌА НЕКА НИ Е!!!