- Член од
- 10 март 2008
- Мислења
- 16
- Поени од реакции
- 2
Она што и мене како и на повеќемина погоре ми влева надеж, околу поканата на Македонија за влез во НАТО, дефинитивно е прилично сигурниот став на американскиот претседател Џорџ Буш. Меѓутоа, сите сме повеќе од свесни дека поканата, не значи и влез во НАТО алијансата, на што ќе претходи и ратификација од страна на земјите-членки, вклучувајќи ја и Грција. Во таков случај, сметам дека следниот период , како исклучително важен, ќе треба да се води вистинска дипломатска офанзива и од страна на Македонија, која се надевам нема целиот период и енергија да ја потроши во кампањи и предвремени избори. Можеби е време дури и ние да покажеме барем малку безобразност, каква што покажува Грција со години наназад, бидејќи очигледно само така се постигнуваат целите. Доколку и понатаму продолжиме со досегашната мирољубива дипломатија, тогаш единствено ќе не фалат, ама помош нема да ни пружи никој. Треба да запомнеме дека ова е свет на интерес, свет во кој секоја држава поаѓа од националниот интерес, без оглед на туѓите (чист доказ е Грција, која водејќи сметка за сопствениот, го жртвува интересот на цела НАТО алијанса). Во случај на вето, пак, треба експресно да се прекинат било какви понатамошни преговори со „Поранешната МАКЕДОНСКА РЕПУБЛИКА ГРЦИЈА“.