Научник и хуманитарец
Иако изворите за потеклото на Михајло Пупин се многу скудни, сепак откриваат доста. Неговите родители Олимпијада и Константин, во Банат, како што е запишано и во тамошните книги, биле емигранти од селото Вевчани, Република Македонија. На секои две години им се раѓало дете, вкупно десет. Михајло Пупин бил две години помал од најмалото, сестрата Христина. Семејното стебло оди до Михајло, кој во далечниот Њујорк формирал семејство со Сара Катерина Џексон, Американка. По осум години брак останал вдовец со ќерката Варвара која немала свое потомство, па лозата на Михајло Пупин замира со нејзината смрт.
Д-р Михајло Идворски Пупин (1854-1935) е научник, пронаоѓач, физичар, математичар... Поседувал индивидуална склоност и креативен дух кои го вивнале на врвот во светската наука. Во САД емигрирал на 20 години од родното село Идвор, близу Панчево (во Банат, тогаш дел од Австро-Унгарија, денес во Србија н.з.). Како научник е значаен во три области: телекомуникациите, радиотехниката и радиологијата. Регистрирал 24 свои патенти, некои од нив епохални, кои се применуваат. Првиот 1894, а последниот 1923 година. Во областа на електроинженерството неговите истражувања по докторирањето во 1889 година биле пионерски. Во 1896 година д-р Пупин првпат успешно ги применил секундарните рендгенски зраци што ги открил за терапевтски цели кај пациентка со карцином на градите. Пупиновиот калем чијашто примена во телефонските комуникации се нарекува пупинизација го открива во 1894 година, а по откупувањето на патентот од страна на АТТ (Американски телефон и телеграф) Михајло Пупин станува исклучително богат човек.
На Универзитетот во Колумбија 40 години бил неуморен воспитувач и на младите генерации. Не ги заборавил ниту сиромашните деца од како што пишува во својата автобиографија „Стара Србија и Македонија“. Во спомен на својата мајка во 1913 година го основал Фондот „Олимпијада Пупин“ за школување и натамошно образование преку стипендирање. Ова е само еден од многубројните негови фондови, од кои, само во времето од 1921 до 1935 година, на институции и поединци Пупин им подарил близу 14 милиони динари. Добар дел од парите биле наменети и токму како помош за Македонија.
Кратер на Месечината „Михајло Пупин“
Во текот на својот работен и животен век д-р Пупин добил многу почести, награди и признанија. Бил претседател на Американскиот институт на радиоинженерите и претседател на АИЕЕ (Американски Институт на електроинженери), прв човек на Американсаката асоцијација за унапредување на науката и на Њујоршката академија на науки, како и член на Француската и на Српската академија на науки.
Во 1920 година го доби Едисоновиот медал на АИЕЕ за својата работа во математичката физика и нејзината примена во електричната трансмисија. Една сала во Универзитетот во Колумбија и многу лаборатории во другите универзитети во САД го носат неговото име. Дури и еден кратер на Месечината е именуван со неговото име. Во 1946 година во тогашна Југославија е основан Институт „Михајло Пупин“ за инженеринг и технолошки истражувања.
За автобиографијата „Од емигрант до научник”, д-р Пупин во 1924 година ја доби Пулицеровата награда.
Најтешката камбана на Балканот за „Св. Климент Охридски“
Кога големиот научник д-р Михајло Пупин во 1921 година по вторпат ја посетува Југославија, во Љубљана нарачал да се излие камбана тешка 2.300 килограми. Ја подарил на Охрид, градот на црквите и на словенската култура и просвета. Камбаната што била најтешка на Балканот е, всушност, камбанаријата на сегашната црква „Св. Климент Охридски“. На неа, на српски јазик, пишува:„Михајло Пупин, професор на Колумбискиот универзитет во Америка. Божествени звуци разнесете ја славата на паднатите јунаци и раскажувајте му на потомството за нивните големи дела. За паднатите херои на Кајмакчалан, 1921 година“.
За сиромашните граѓани од Охрид, Пупин формирал и фонд за помош од 100.000 динари. Тогаш, во негова чест една улица во Охрид е именувана Михајло Пупин.
Како што забележува проф. д-р Павле Митрески во својот труд „Михајло И. Пупин за Македонија“, чинот е знак на спомен кон родниот крај на своите предци од Македонија и почит кон култот на словенските просветители и православието од страна на еден искрен верник каков што бил Пупин, исто како и целото негово семејство. Чинот се цени и како своевидно оддолжување за тоа што никогаш не успеал да си ја оствари големата желба да ја посети Македонија. Жалење што често го споделувал со пријателите-Американци.
Вевчанци го ставија ликот на Пупин на своите пари - личници
Глобус