Михајло Пупин - голем научник и хуманитарец, но и борец за независна Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување

A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
5.247
Поени од реакции
12.457
Научник и хуманитарец

AF7207955BA0534BB876013BBC815980.jpg


Иако изворите за потеклото на Михајло Пупин се многу скудни, сепак откриваат доста. Неговите родители Олимпијада и Константин, во Банат, како што е запишано и во тамошните книги, биле емигранти од селото Вевчани, Република Македонија. На секои две години им се раѓало дете, вкупно десет. Михајло Пупин бил две години помал од најмалото, сестрата Христина. Семејното стебло оди до Михајло, кој во далечниот Њујорк формирал семејство со Сара Катерина Џексон, Американка. По осум години брак останал вдовец со ќерката Варвара која немала свое потомство, па лозата на Михајло Пупин замира со нејзината смрт.

Д-р Михајло Идворски Пупин (1854-1935) е научник, пронаоѓач, физичар, математичар... Поседувал индивидуална склоност и креативен дух кои го вивнале на врвот во светската наука. Во САД емигрирал на 20 години од родното село Идвор, близу Панчево (во Банат, тогаш дел од Австро-Унгарија, денес во Србија н.з.). Како научник е значаен во три области: телекомуникациите, радиотехниката и радиологијата. Регистрирал 24 свои патенти, некои од нив епохални, кои се применуваат. Првиот 1894, а последниот 1923 година. Во областа на електроинженерството неговите истражувања по докторирањето во 1889 година биле пионерски. Во 1896 година д-р Пупин првпат успешно ги применил секундарните рендгенски зраци што ги открил за терапевтски цели кај пациентка со карцином на градите. Пупиновиот калем чијашто примена во телефонските комуникации се нарекува пупинизација го открива во 1894 година, а по откупувањето на патентот од страна на АТТ (Американски телефон и телеграф) Михајло Пупин станува исклучително богат човек.

На Универзитетот во Колумбија 40 години бил неуморен воспитувач и на младите генерации. Не ги заборавил ниту сиромашните деца од како што пишува во својата автобиографија „Стара Србија и Македонија“. Во спомен на својата мајка во 1913 година го основал Фондот „Олимпијада Пупин“ за школување и натамошно образование преку стипендирање. Ова е само еден од многубројните негови фондови, од кои, само во времето од 1921 до 1935 година, на институции и поединци Пупин им подарил близу 14 милиони динари. Добар дел од парите биле наменети и токму како помош за Македонија.

Кратер на Месечината „Михајло Пупин“

Во текот на својот работен и животен век д-р Пупин добил многу почести, награди и признанија. Бил претседател на Американскиот институт на радиоинженерите и претседател на АИЕЕ (Американски Институт на електроинженери), прв човек на Американсаката асоцијација за унапредување на науката и на Њујоршката академија на науки, како и член на Француската и на Српската академија на науки.

Во 1920 година го доби Едисоновиот медал на АИЕЕ за својата работа во математичката физика и нејзината примена во електричната трансмисија. Една сала во Универзитетот во Колумбија и многу лаборатории во другите универзитети во САД го носат неговото име. Дури и еден кратер на Месечината е именуван со неговото име. Во 1946 година во тогашна Југославија е основан Институт „Михајло Пупин“ за инженеринг и технолошки истражувања.

За автобиографијата „Од емигрант до научник”, д-р Пупин во 1924 година ја доби Пулицеровата награда.

Најтешката камбана на Балканот за „Св. Климент Охридски“

Кога големиот научник д-р Михајло Пупин во 1921 година по вторпат ја посетува Југославија, во Љубљана нарачал да се излие камбана тешка 2.300 килограми. Ја подарил на Охрид, градот на црквите и на словенската култура и просвета. Камбаната што била најтешка на Балканот е, всушност, камбанаријата на сегашната црква „Св. Климент Охридски“. На неа, на српски јазик, пишува:„Михајло Пупин, професор на Колумбискиот универзитет во Америка. Божествени звуци разнесете ја славата на паднатите јунаци и раскажувајте му на потомството за нивните големи дела. За паднатите херои на Кајмакчалан, 1921 година“.

За сиромашните граѓани од Охрид, Пупин формирал и фонд за помош од 100.000 динари. Тогаш, во негова чест една улица во Охрид е именувана Михајло Пупин.

Како што забележува проф. д-р Павле Митрески во својот труд „Михајло И. Пупин за Македонија“, чинот е знак на спомен кон родниот крај на своите предци од Македонија и почит кон култот на словенските просветители и православието од страна на еден искрен верник каков што бил Пупин, исто како и целото негово семејство. Чинот се цени и како своевидно оддолжување за тоа што никогаш не успеал да си ја оствари големата желба да ја посети Македонија. Жалење што често го споделувал со пријателите-Американци.

8F93F89F6A2A0D4D9BFCDD8AE24097D7.jpg

Вевчанци го ставија ликот на Пупин на своите пари - личници

Глобус
 
Mihajlo Pupin e makedonec. Negovoto poteklo e od familijata Pupini od s. Vevchani.

Megjutoa, potekloto na Pupini im e nekade od planinata Mokra vo Epir, kade porano ziveele isklucivo Makedonci, no izbegale pod nasilstvata na kachacite. Osnovacot na familijata e nekoja vdovica Pupa [orig. ime Polka], mnogudetna, koja se preselila vo s. Vevchani vo 18 vek i od nea pochnala lozata Pupini. Efto Pupinoski e od taa familija, isto taka.
 
Pupin-Srbin

Sto si pravite ekskurzii na mozok se znae deka Pupin bil Srbin od Makedonija(kako i Nikola Pasic) ili Stara Srbija i samiot toa go velel celiot zivot sega moze sto bilo da se pisuva za nego.I ako bil Makedonec zosto ne se izjasnuval kako takov koga Banat togas ne ni bil vo sostav na Kraljevina Srbija.Toj ja osnoval i najstarata srpska iselenicka organizacija vo Amerika(Savez zajednickih Srba-Sloga) i bil eden od glavnite ucesnici vo Londonskiot dogovor od 1915 kade dal istoriski i etnicki karakteristiki i za Makedonija cela da vleze vo Kralstvoto SHS bez da pripadne nikakov del na Bugarija.
 
Србин од Македонија.:D Можда бил србоман, не велам не, зошто не знам многу за него ама србин? хахахах. Aман човече не тропај глупости .

Во Bевчани се уште има пупионовци па оди прашај ги што се по националност.

Hе може од иста фамилија да се а различна националност
 
Последно уредено од модератор:
баш ме интересираше кој е човеков!
Во физика кабинетот има постер од него
Михаило Иванович Пупин!
 
може ли извадок на ова од оригиналот да се осигураме дека автобиографијата се викала "Стара Србија и Македонија"? и жалел што не ја посетил Македонија?
ете, вчера беше одбележување на неговото раѓање.
.....Чинот се цени и како своевидно оддолжување за тоа што никогаш не успеал да си ја оствари големата желба да ја посети Македонија. Жалење што често го споделувал со пријателите-Американци......
Не ги заборавил ниту сиромашните деца од како што пишува во својата автобиографија „Стара Србија и Македонија“.
 
Точно е тоа дека Михајло Пупин самиот се декларирал како Србин, ама е исто така апсолутно точно дека корените му се од Вевчани, а предходно најверојатно од Епир.

Во 1918 година е главен уредник на издание на една книга со наслов "Јужно Словенски Споменици, Српска Православна Црква" во која се опишувани манастирските и црковните градби од архитектонски аспект.
Еве ја насловната страна на книгата:

Serbian_Orthodox_Church_Architecture_MPupin_title_year-1918.png


Почнувајќи од страна 31 и на следните страни се дадени родословните стебла на српските династии.
А таму во левиот дел го читаме следното:

Serbian_Orthodox_Church_1918_MPupin_Serb-dynasties_p31.png


Превод на вториот дел каде од лево се кажува за Јован Владимир и каде се споменува МАКЕДОНСКИОТ Цар Самоил:

"II.

Adriatic или "Јадранска" Династија, со главен град во Скадар (Скутари)

Јован Владимир. +1015. Принц на Дукља, светец
на српската црква, и патронен светец на Дурацо
(Драч). Според традициите основачот на
манастирите Св.Наум на Охридското езеро, и Св.Јован
(Бигорски) кај Дебар. Неговата жена Косара, ќерка на
МАКЕДОНСКИОТ ЦАР САМОИЛ."
 
Последно уредено:
Точно е тоа дека Михајло Пупин самиот се декларирал како Србин, ама е исто така апсолутно точно дека корените му се од Вевчани, а предходно најверојатно од Епир"
Безобзир на моето почитување кон твоите постови морам да ти го кажам следново:
Многу ме нервира формулацијата “ самиот се декларирал како Србин “ или уште полошо „ го деларираме како Србин “. Воопшто не е битно дали ќе го декларираме како Србин, Бугар, Влаф или што ти знам со некое друго име. Со вакво „ декларирање “ само добиваме искривена слика за нашето минато и великаните од тоа минато. Не е битно како тој самиот се декларирал туку што тој е.
Погледни го овој пример: Јас имам, широк нос и затоа самиот себе можам да се декларирам како Абориџин. А такво тврдење би било глупост. Секако можаме и јас и ти да се декларираме како сакаме, но дали е тоа вистина.
Михајло Пупин е научник и инжењер од светски значај и секој пожелува да го има во своите претходници. Ако е тој потекнува од Вевчани, генерации негови предци биле биле и мои и твои предци и јас, ти и тој припаѓаме на ист народ. И јас, а верувам и ти сме горди што имаме такви предходници.
Од друга страна, во времето на неговото раѓање историската слика на Балканот била сосема различна од денес, а различни биле и другите околности. Погледни кога Вук Караџиќ живеел и работел. Погледни кога Србија и Бугарија станале независни држави Затоа, ако сегашните околности ѓи пресликаме во минатото добиваме искривена слика.
Да заклучам: Михајло Пупин е наш, Македонски историски претходник и јас сум горд на тој факт.
 
-Добар текст ме интересира ( пост =текст)
но каде е овде Коце Стојановски-Металец
некаде до “80-“90 год. така се викаше она
средно училиште за “занаети“ потоа
се сложувам што се смени името со ова
на овој наш научник, бидеиќи и тој смер
се изучува таму- “електрика“ и с.л.
Но ако има и металска насока во тоа С.У.
можеше да остане во тој дел старото име
“Коце Металец“ - уште долги години ние
и така ќе го викаме тоа место (кај бенз.ст.)
Борецот Металец го заслужи тоа,
треба и тема за него да отворам.
 
Mihajlo Pupin se cuvstvuval kako Srbin no po poteklo e Vlav, prasajte gi drugite clenovi od familijata Pupinoski od Vevcani tie ke vi kazat;)


Пупин бил влав, а Вранишковски кој се декларира како влав не е влав???

И од кога Полка/Пупа е влашко име? :pos:
 
Пупин бил влав, а Вранишковски кој се декларира како влав не е влав???

И од кога Полка/Пупа е влашко име? :pos:

Семејните корени на Пупин се во село Нича, Москополе денешна Албанија, од таму се преселиле во Вевчани.Неговите родители биле Олимпијада и Константин:)
Toa е напишано и во "Znamenite licnosti cincarskog porekla u istoriji Srba" dr.Pribislav Marinkovic str 249

List of Aromanians
Science
A. I. Tachos, professor of Administrative Law, Aristotle University of Thessaloniki
C. Vavouskos, professor of Civil Law, Aristotle University of Thessaloniki
Ion Juvara, famous Romanian surgeon, professor and head of University Department;
Dinischiotu family, several famous Romanian physicians and professors;
Târpa family, several famous Romanian physicians;
Pascale family, Romanian American physicians;
Nico Popnicola, Scientist from Macedonia
Jovan Karamata, Serbian mathematician
Elie Carafoli, Romanian educated, born in Greece, aerodynamics innovator, university teacher.
Mina Minovici, Romanian forensic scientist, director of the first Romanian Institute of Legal Medicine, and the founder of the modern medico-legal system.
Mihajlo Idvorsky Pupin Michael Pupin, American scientist
Farini Decebal Nanu, romanian professor , Bucharest Polytechnic Institute
Mihajlo Dika, professor of Civil Procedural Law, Faculty of Law, University of Zagreb, Croatia
 
Силно влијаеле во воспитувањето и професионалната ориентација и творештвото на научникот Михајло Пупин (1854 - 1935) имала неговата мајка Олимпијада. Овој врвен научник оставил голем број откритија и силен печат како теоретичар, истражувач, професор - педагог, автор на студии и монографии, голем хуманист, полиглот и космополит.

Пупиновите предци имаат македонски корени. Тоа со сигурност го тврди и нашиот познат истражувач проф. д-р Павле Митрески во своето научно дело : „Михајло И. Пупин за Македонија“. Родот Пупин, од влашко потекло, потекнува од село Скочена, близу Нича, во областа на Москополе, денешна Албанија. Неговите членови, во потрага за подобар живот, се преселиле во Вевчани и во други дримколски села. Од Вевчани, дедото Михајло заминал во банатското село Идвор, близу Панчево, кое тогаш било под Австро-Унгарија. Таму во 1854 г. се родил Михајло Пупин, кој на 20-годишна возраст емигрирал во Америка.

Izvor
 
Ексклузивни сознанија за Мировната конференција во Париз (1)

Michael_Idvorsky_Pupin.jpg
Светски познатиот Михајло Пупин, како специјален пратеник на американскиот претседател Вудро Вилсон, учествувал во подготвителните седници на Мировната конференција во Париз, залагајќи се Македонија да добие автономија, односно да стане држава. За жал, истовремено, паралелно со ваквите залагања на Пупин, Александар Протогеров и Тодор Александров, двајца од тројцата членови на ЦК на ВМРО, праќаат Меморандум до претседателот на Конференцијата, во кој македонското население го нарекуваат „македонски Бугари“ кои бараат приклучување на Македонија кон Бугарија. Поради ваквата определба на членовите на ЦК на ВМРО и Исполнителниот комитет настанал отворен судир меѓу нив од една, и членовите на Привременото претставителство од друга страна.

Се разбира, сето тоа било исклучително неповолно во однос на одлуките за решение, таканареченото македонско прашање, на Мировната конференција во Париз. Перцепцијата за длабоките поделби во македонската средина малку или само делумно можела да се поправи со акциите што ги преземала македонската емиграција за афирмација на македонското прашање. Разните македонски групи со седиште во САД, Канада и Романија организирале митинзи, испраќале писма, апели и телеграми против негаторската политика кон Македонија, но без резултат. Во една таква атмосфера, Михајло Пупин, светски признат научник, како специјален пратеник на американскиот претседател, отворено се залагал за посебна, автономна македонска држава.

САД сакале решавање на македонското прашање

Како Михајло Пупин станал специјален пратеник на американскиот претседател Вудро Вилсон, и на кој начин го поставил прашањето за автономија на Македонија, односно барањето за создавање независна македонска држава? До 1911 г., а особено во текот на 1912 г., повеќе американски весници и списанија пишувале за Балканот, особено за Македонија, а американската јавност била релативно добро информирана за состојбата и судбината на македонскиот народ. Сето тоа довело во пролетта 1912 г., САД директно да се замешаат во решавањето на таканареченото „источно прашање“, односно прашањето за судбината на Македонија по пропаѓањето на Отоманската империја. Повеќе не постоело „источното прашање“ туку само „македонско прашање“.

Во тој контекст, САД со заинтересираност го следеле тамошниот развој на настаните на Балканот, а особено положбата на македонскиот народ. Затоа за време на одржувањето на Мировната конференцијата во Букурешт, во август 1913 г., Владата на САД интервенирала со нота кај владите на балканските држави, нагласувајќи дека „со задоволство би прифатиле одредба во договорот со која целосно би се гарантирале граѓанските и верски права на граѓаните“, мислејќи, пред сѐ, на Македонија и македонското население.

Се разбира, Пупин, големиот научник, чии предци потекнуваат токму од Македонија, кој веќе бил познат граѓанин на САД, не можел да биде индиферентен кон она што се случувало на Балканот, а особено во Македонија. Според документите што ги истражувал проф. д-р Павле Митрески, Пупин активно се вклучил во акциите поврзани со балканската војни, односно два дена по нејзиното започнување на 18 октомври 1912 г., ги собрал на состанок во Њујорк дел од иселениците од Србија и Црна Гора.

На состанокот присуствувале околу 500 лица, а имало и новинари, меѓу кои и новинари на влијателниот „Њујорк тајмс“. Пупин зборувал на српски јазик, а за новинарите имало симултан превод што го вршел Адолф Леви. Во почетокот на својот говор Пупин истакнал дека балканската војна не е само војна против Турција туку и против европската дипломатија, а особено против „големите сили кои не ги спроведоа во дело одлуките на Берлинскиот конгрес од 1878 г., а кои се однесуваа на балканските држави“.

Овие зборови на Путин, всушност, се однесуваат на една од одлуките од Берлинскиот конгрес, според која Македонија требаше да добие автономија, со што сигурно немаше да дојде до Илинденското востание, како и до кобниот Букурешки договор и поделбата на Македонија.

Говорот во Њујорк Пупин го завршил со зборовите „да ги ослободите вашите браќа во Македонија, да ги сочувате вашите жени од Турците, вашите ќерки од опасноста на харемот, од колење и грабеж“.

Притоа, во меѓувреме, многуте апели што пристигнувале од македонските асоцијации во Америка и Канада до Вилсон, но и до Државниот секретар на САД, барале да се реши македонското прашање, односно македонскиот народ да биде признат и да добие автономија. Ваквите барања биле публикувани и во американскиот печат. Се разбира, тоа влијаело не само на американската јавност туку и на американската делегација во Париз да изгради став дека е време, дека е неопходно Македонија да добие автономија.

Сето тоа американската делегација, особено Пупин, ќе го искористи за да го отвори на маса македонското прашање. Според мировната програма на претседателот на САД, Вилсон, која има 14 точки, Букурешкиот договор не може да биде основа за решавање на балканскиот проблем, со оглед на тоа дека договорот бил дело на корумпираните балкански буржоазии. Во дипломатските кругови на САД се сметало дека единствено можна, прифатлива солуција за трајно решавање на опасниот балкански проблем, во чие средиште е македонското прашање, е „создавање автономна македонска држава“, која, подоцна, откако ќе добие автономија, би можела да се приклучи во сојуз на самостојни балкански држави, во балканска конфедерација.

Велика Британија против автономна Македонија?

Според документи од американските и британските архиви, македонското прашање било разгледувано на тајни, прелиминарни разговори што се воделе во Париз и во Лондон, пред започнувањето на Мировната конференција, и тоа во повеќе наврати, а најмногу во контекст на концепцијата на Вилсон. Притоа, за разлика од Америка, која била за создавање на автономна македонска држава, Велика Британија била решително против создавање на каква било македонска државност, со образложение дека автономија значи исто што и независност.

Сепак идејата на претседателот Вилсон за создавање автономна македонска држава на Балканот не била напуштена, не била ставена ад акта. Во февруари 1919 г., Либиер, член на американската експертска група во Париз, водел разговори со британскиот новинар Џемс Баучер во врска со актуализирањето на прашањето за автономија на Македонија. Притоа Баучер изнел образложен план за автономна македонска држава, под протекторат на САД, а по барање на македонскиот народ.

Во меѓувреме, по пристигнувањето во Париз, Пупин од југословенската експертска група прибрал одредени податоци за положбата во која се нашла српската делегацијата, пред сѐ поради нерешените граници. За тие проблеми го ‘известувале скоро единаесет дена‘.

Американската делегација, а особено професорот Xонсон и полковникот Хаус, десна рака на претседателот Вулсон за надворешна политика, предложиле Пупин да напише меморандум и тој меморандум на 19 април 1919 г. веќе му бил предаден на претседателот Вилсон. Следниот ден го известуваат Пупин дека Вилсон го прочитал меморандум и дека тој „извонредно многу му се допаднал“.

Според телеграмата од Белата куќа, претседателот Вилсон и американската делегација „високо ги цени Пупиновите идеи за јужнословенското прашање“. Во тој меморандум до претседателот на САД, Пупин меѓу другото барал да се решат историските и етничките прашања во Македонија и Словенија, но Пашиќ, се разбира, не можел да се согласи со тоа, плашејќи се дека Бугарите на Конференцијата ќе го актуализираат македонското прашање, и територијата која за него била од особена важност. Во едно писмо испратено од Париз, на 24 април 1919 г., до премиерот Стојан Протиќ, Пашиќ високо ја оценува работата на Михајло Пупин во Париз, но во додатокот на писмото, меѓу другото стои:

„Пупин сака да се најде овде во времето кога ќе се решава за исправките на нашата граница спрема Бугарија, бидејќи сега има силна пропаганда во корист на Бугарија, а мисионерите и професорите на Роберт-колеџот водат жестока кампања за автономија на Македонија“.

На одвоена консултативна седница на југословенската делегација во Париз, одржана на 2 мај 1919 г., се дискутирало за Вилсоновиот план за Балканот и на крајот биле усвоени неколку заклучоци по кои треба делегацијата да решава. Во заклучоците, во шестата точка, се зборува за македонското прашање:

„...г. Бошковиќ соопштува дека според информациите што ги има, барем до извесна мера во Америка, таму се шири идеја за автономија на Македонија. Ако Вилсон ја прифати таа идеја и со неа излезе во јавност, ќе биде многу тешко состојбата да се врати назад. Затоа би било потребно на некој начин да се спречи Вилсон во тоа, зашто нашето кралство никогаш не би се сложило со таа комбинација. Би требало за ова да му се каже на Пупин, кој се интересира за ова прашање“.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=31314712442&id=9&prilog=0&setIzdanie=23124
13.03.2014
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom