Кој дијалект најмногу ве нервира?

  • Креатор на темата Креатор на темата GavolRulz
  • Време на започнување Време на започнување
Епа тоа јас што пишав е од малолетници. ПослеМ е од малолетници. :pipi:. Тоа ме нервира. Не дискутирав за 20-30 и тако даље годишњаци.

Тоа и мене ме нервира да бидам искрен, но тоа не е дијалект. :toe:
Sebastian напиша:
Во скопскиот (со „К“, не со „Ќ“).
На факултет еднаш дури и се скарав со една професорка заради овој збор. Ми вика литературен е, (се однесуваше на „крпа“), ја и’ викам не е, и после дојде асистентката (битолчанка) и „пресуди“ дека не е.
Инаку не ме нервира ниеден дијалект, напротив сите ми се интересни, освен шмизличко-скопскиот (Скупја, лилаааа, пеер.....), а старо-скопскиот ми е, исто, интересен - „пееВа“, „пиеВа“, „тоВа“...
Епа тоа е меродавна институција, битолска асистентка, нормално... :pos:

Туку, и крпа, и пешкир (со К) и ред други зборови, можеби немаат чисто македонско потекло, но се користат во нашиот јазик и се прифатени како македонски зборови. Во спротивно литературниот јазик би ни бил за нијанса посиромашен.
А за скопските дијалекти, можам да кажам дека тој тинејџерски не го сакам, а оној стариот скопски има свој шмек но повеќе ми се допаѓа урбаниот, модерен скопски јазик, кој се одликува со течност и оддава интелигентен призвук. И не, во него нема пеер43, пун к*р сељаци и слично... има стил, сленг, флоу, одлика на модерни луѓе кои го сакаат и почитуваат тоа што се, и не се срамат тоа да го покажат ниту имаат потреба да се правдаат за начинот на кој се однесуваат и зборуваат. Има став. :pipi:
 
Мислам дека “да те нервира или да мразиш некој дијалект“, или, не дај Боже, да ги класифицираш, оценуваш или тагираш луѓето според дијалектот кој го говорат е страшен доказ за личната искомплексираност, глупавост и малограѓанштина.
Алелуја, паметен одговор.

Ниеден дијалект не ме нервира, а уште помалку па го мразам. Што ми згрешиле дијалектите? :) Баш напротив, мене ми се интересни, обожавам да ги слушам, па и да ги „имитирам“, односно зборувам и самата понекогаш (иако многу малку знам да ги зборувам автентично), зошто се поразлични, а сепак македонски, наши.

Пример, со баба ми и дедо ми секогаш си зборам паланечки. :icon_lol: И стварно е феномен толку многу дијалекти да има на толку мала површина земја, па уште и толку драстично различни. На пример, ако ги споредиш ѓевгелискиот и охридскиот дијалект, како да станува збор за два различни јазика од исто јазично семејство, иако градовите се меѓусебно оддалечени помалку од 150 км (немам појма колку километри има меѓу нив, лупнав отприлика, немам осет за ориентација по километри :icon_lol: )

Особено ми се интересни струмичкиот и гевгелискиот, зошто ми се скоро како странски јазици, кога зборуваат брзо едвај ги разбирам :)
 
нешто многу против битолскиот во форумов :nenene::nenene::nenene:
мене најмногу ме нервира лигавење, т.е. шмизли, скопски уфилмани фраери...
јас сум секој да си зборува како што си зборува, бидејќи полошо од дијалект е преправање дека зборуваш друг дијалект (пример скопски)
 
Мислам дека не ја разбираш причината зошто еден дијалект не би ни се допаѓал. Нема тоа никаква врска со живи луѓе, ниту дијалектот требало да рипне и да не гризне за уво... туку едноставно не ни се допаѓа. Како што во онаа фурна пред зграда не ти се свиѓа бурекот, додека онаа 100 метри подолу има супер симитчиња... така од прилика.
текила напиша:
нешто многу против битолскиот во форумов
мене најмногу ме нервира лигавење, т.е. шмизли, скопски уфилмани фраери...
јас сум секој да си зборува како што си зборува, бидејќи полошо од дијалект е преправање дека зборуваш друг дијалект (пример скопски)
Ќе го почитувам твоето мислење, иако не ми се допаѓа (види го постот на Внуче а што го цитираше PSY)... ама кажи ми какво е тоа преправање дека зборуваш друг дијалект. Не го разбирам тоа. :toe:
 
Ќе го почитувам твоето мислење, иако не ми се допаѓа (види го постот на Внуче а што го цитираше PSY)... ама кажи ми какво е тоа преправање дека зборуваш друг дијалект. Не го разбирам тоа. :toe:[/quote]

Тоа ти е кога некој/некоја од било кој град кога ќе дојди во Скопје се лигави на скопски . ГНАСНО :salut:
 
Прегеска на Милионер еден гледав како зборува изгледа на прилепски беше!! Стално го употребуваше зборот "че".. Мене најмногу ме нервира кумановскиот! Кога го слушам ми иде да се фрлам од терасата надоле! Поз

хаха не ако те нервира не го слушај насиот кумановски дијалект
 
Скопскиот и латино-македонскиот :nenene:
 
Неубав ми се Скопскиот, кога ќе слушнам некој да вика „хаљина“ аааааааауф ми иде да му смачкам фацата.
Иначе другите се сите СМЕХ.
Нај интересно е кога ќе се збераме од повеќе градови, и никој не си менува дијалект си збори по негово.
Случка:
- Викни го чупено шчо стои надвор!
(јас)- Кој? Таа момичката шо стоо вонка ли?
и сите се кинат од смех.:toe:
 
Тетовскиот е најубав :pipi:
Најзакон е Струмучкиот.
А ме нервира Охридскиот. (=
 
Неубав ми се Скопскиот, кога ќе слушнам некој да вика „хаљина“ аааааааауф ми иде да му смачкам фацата.
Иначе другите се сите СМЕХ.
Нај интересно е кога ќе се збераме од повеќе градови, и никој не си менува дијалект си збори по негово.
Случка:
- Викни го чупено шчо стои надвор!
(јас)- Кој? Таа момичката шо стоо вонка ли?
и сите се кинат од смех.:toe:

да незнам зошто ни се смејат на дијалектот :)
толку е смешен ?
 
Особено ми се интересни струмичкиот и гевгелискиот, зошто ми се скоро како странски јазици, кога зборуваат брзо едвај ги разбирам :)

Имаш си тема Струмица слободно дојди и начитај се, ама сепак зборување си е зборување :) Инаку, кога сум веќе на темава интересни ми се сите говори, особено охридскиот и кумановскиот а посебно си го сакам и струмичкиот :)
 
да незнам зошто ни се смејат на дијалектот :)
толку е смешен ?

Slusnete literaturno makedonsko izrazuvanje,osetete razlika i ke vi stane jasno koj-zosto-kako se smee...Jas licno,sum naviknata so luge od razni mesta,ama toa sto se preteruva -se preteruva-ne negiram....
 
Не знам зошто ама мене ниеден дијалект не ме нервира. Напротив, сите ми се симпатични и сите убаво ми звучат. Дијалектите од различните краишта на Македонија ги сметам за големо духовно богатство со кое би требало сите да се гордееме.

П.С. Пред мене некој напишал скопски дијалект (хаљина). Сигурна сум дека тоа не е скопски дијалект. Тој е новокомпониран збор кој го зборуваат луѓето кои живеат во Скопје, а се дојдени од внатрешноста на Македонија. Да слушате како збори некој стар Скопјанец (чиј прадедо, чукун дедо биле од Скопје) ќе ви се измени претставата за тоа како изгледа и звучи скопскиот дијалект.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom