Филмски вести

  • Креатор на темата Креатор на темата The`bItCh
  • Време на започнување Време на започнување

The`bItCh

AdJuStAbLe mAdNeSs
Член од
22 јануари 2005
Мислења
4.605
Поени од реакции
114
[FONT=&quot]Парис Хилтон повторно улови Грк [/FONT]

ACF1D2.jpg


Хотeлската принцеза, алијас јадната мала богаташка, едноставно поседува магнет за грчките милијардери.
Иако неодамна изјавуваше дека ја обожава својата повторно стекната слобода, Парис Хилтон ја искористи вечерта на модната ревија во Холивуд за да и го претстави на јавноста новиот дечко.
Новиот човек во нејзиниот живот е грчкиот милијардер, далеку побогат и од неа,Ставрос Ниаркос, кого богатата размазена наследничка на ланецот хотели Хилтон и го презеде на една од најдобрите пријателки Mary-Kate Olsen.
И така Парис уште еднаш докажа дека е недоследна зашто пред некое време изјавуваше дека своите пријателки секогаш ги става пред своите дечковци.
Ама, знаете ли какаов проблем со меморијата си има кутрото дете?


Значи исто.. како и на топикот за музички вести така и на овој можете да пишувате за различни вести од фамозниот филмски свет.
И оваа тема залепете ја.:wink:
 
абе парис хилтон ја сметаш за глумица

ако се рачуна оваа тема за новости од сферата на филмот тогаш би требало да има новости за филмови и слично, а ова е само трачеви за кој со кого се фатил
 
пу бе...гледам пишува филмски вести и си мислам баш да видам шо има ново со филмовиве и отварам...PARIS HILTON!!
 
Анџелина меѓу најхуманите

ACF10A.jpg


Она што го сфати Анџелина откако ги посвои Камбоџанчето Медокс(4 год) и Етиопјанката Захара (9месеци), е дека сака да си посвои уште едно детенце.„Тоа ми е во план“ изјави Енџи за неделникот People, на хуманитарната гала вечера во корист на Светскиот фонд за деца без родители, одржана завчера на Менхетн.
„Поголемиот дел од оваа вечер размислувам за тоа колку би сакала повторно да посвојам уште едно детенце. Тоа е многу посебна работа, кога ќе ја донесете таа одлука, се будите наутро и патувате некаде каде што ќе пронајдете нов член на семејството.
Значи, ајде да размислиме од кој крај на светот Енџи ќе посвои дете: „Посотојат толку прекрасни места...Пстојат многу делови на Азија, Африка, Јужна Америка, па подоцна или порано сигурно ќе завршам на тие места, објасни Џоли
Инаку, на вечерата Анџелина беше придружувана од нејзиниот брат James Haven, бидејќи нејзиниот партнер, Бред Пит, е во канада на снимање на најновиот филм. Фоторепртерите особено внимание посветија на грбот на катерката на кој поради деколтираниот фустан Dolcea & Gabbane можеше јасно да се прочита истакнатиот слоган KNOW YOUR RIGHTS.
 
Гижо напиша:
абе парис хилтон ја сметаш за глумица

ако се рачуна оваа тема за новости од сферата на филмот тогаш би требало да има новости за филмови и слично, а ова е само трачеви за кој со кого се фатил

Според мене СЕ поврзано со актерите и филмовите е филмска вест, макар било и трач.
 
denes u 7 po usa vreme izlaga po kino sali GET RITCH OR DIE TRYING so 50cent bi trebalo u makedonia da dojde negde posle nova godina
 
Закани за смрт на Сузан Сарандон

ACF3AC.JPG



Американската актерка Сузан Сарандон во разговор објавен вчера изјави дека поради нејзиното несогласување со војната во Ирак, околу што таа јавно се изјаснила, добива се повеќе закани и покрај тоа што нејзинотт политичко убедување воопшто не и ја попречило филмската кариера.
„Се уште не сум била изложена на таква омраза. Нашето домашно поштенско сандаче е преполно со наврдливи пораки. Меѓу нив има и многу во кои ми се закнуваат со смрт” се довери 59-годишната актерка на списанието Die Welt am Sonntag,
„ВоХоливуд пак, политиката нема никаква улога. Тоа исто така значи дека таму и не сакаат да слушаат за политика. Најдобар пример за тоа е мојот ангажман кој во моментов е поголем отколку кога било досега, и покрај моето изјаснување„ напомена актерката која неодамна го сними филмот "Elzabethtown", во кој партнери и беа Британецот Орландо Блум и Американецот Кирстен Данст.
 
НОВИОТ ЏЕЈМС БОНД НЕ САКА ПИШТОЛИ И МАРТИНИ
danielcraig007v.jpg
Даниел Креиг
, кој пред две недели станал нов Џејмс Бонд, по своите карактеристики нималку не наликува на легендарниот агент агент 007. Освен што воопшто не сака да го пие омилениот Бондов мартини, Креиг вели дека се плаши од оружјето.
Британскиот актер, на списанието ОК, признал дека се бори со надминување на стравот од оружјето, и тоа дека откога видел рана од куршум, го замрзел оружјето.
„Мразам оружје. Луѓето го користат да пукаат по други луѓе и се додека оружјето биде достапно на луѓето, тие ќе пукаат еден во друг. Видов рана од куршум и тоа беше ужасно“. изјави Креиг за ОК.
Креиг за потребите на новиот филм со агентот 007 „Casino Royale“ во некои сцени ќе мора да ракува со оружје, па ќе биде интересно да се види како го решил овој проблем.
Снимањето на филмот почнува следната година.
 
Katie Holmes не е арна. Остава и кариера и сфе, да му чува деца на Том.
Ајде де, и ја викам. Ама стварно.
А добро беше девојчево. Ама сеа троа :lud:
Ќе почнам да верувам дека таа сциентологијата стварно пере мозок.
Барам одштета шо се лигавев по Џои цела година!
 
Првичниот изглед на "Spider - Man 3"

sps_tocka_spiderblackt.jpg


Мора да кажам дека од катедрата за уметност "Sony" сигурно знаат што прават кога ќе се потрудат. Овој пат станува збор за костимот на човекот-пајак во третиот дел на истоимениот филм.

Не знам колку луѓето ги сакаат продолженијата на филмовите, но сепак, за да привлечат внимание, навистина се потрудиле за костимов. Црн и мазен,во кој изгледа затворен,а сепак моќен и силен.

Па ни останува да почекаме да се направи и филмот "Spider-Man 3" и да видиме каков ке биде.


:je::je::je:
 
Во 2000 беше Final Destination. Во 2003 продолжението Final Destination 2 (Final-er Destination) а сега викендов на ред е да излезе и Final Destination 3 (Final-est Destination). Овие првиве супер излегоа, да видиме сеа што ќе биде со третиов.
 
South Park останува без готвач

Готвачот од Саут Парк, кој е задолжен за училишната кујна, решил да го напушти цртаниот проект, поточно, Ајзак Хејз кој на серијата му го позајмува гласот на Готвачот, ги замолил продуцентите да му го раскинат договорот при што не ги навел причините за ненадејниот потег.

Многумина сметаат дека главен фактор кој влијаел на одлуката на Ајзак е неодамнешното исмевање на скиентологијта во серијата за Том Круз "Trapped in a Closet". Хејз кој веќе 14 години е активен член на Скиентолошката црква, во неколку наврати изјави дека му пречи "растечката неосетливост кон личните верски уверувања".

"Секаде постои место за сатира, но некогаш сатирата прекинува и преоѓа во нетолеранција и мешање во верските чувства," неодамна изјави Ајзак.

Портпаролот на авторите на Паркот, порача дека тие се разочарани што Хејз повеќе нема да биде дел од серијата, но во никој случај не сакаат да го присилуваат да работи нешто што не сака.

"Тие сметаат дека верата во никој случај не смее да биде причина за напутање на серијата. Нивното мото е додека се ругаш на сите и ти стануваш мета на ругање, во што нема ништо лошо. Но во оној момент кога ќе почнеш да се однесуваш селектвно, тогаш емисијата станува компромитирана," ја објаснува портпаролот идеологијата позади Саут Парк.


Ќе ми недостасува еден од омилените ликови од цртаните филмови.
 
VMRO напиша:
Se snima prodolzenie na The Italian Job...ke se vika The Brazilian Job...edvaj cekam da izleze!!!

eve sajt... http://www.imdb.com/title/tt0427396/

Ле ле ле!!!:aplauz:
Башка истите глумци во целост ... ау кај ми кажа, ме упропасти ... кој ќе дочека!:icon_bigg
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom