Филмски вести

  • Креатор на темата Креатор на темата The`bItCh
  • Време на започнување Време на започнување
Се снима "Оceans 13"

Холивудскиот продуцент Jerry Weintraub објави дека Џорџ Клини, Бред Пит, Мет Дејмон, Енди Гарсија и Дон Чидл повторно ќе се појават пред камерите глумејќи врвни криминалци, овој пат во филмот "Oceans 13", продолжение на популарниот мегахит "Oceans 11" од 2001 година.

Како и во второто продолжение, "Oceans 12" од 2004 година, позади камерата ќе застане Steven Soderbergh, режиресот кој има добиено Оскар и Златна палма и заедно со Џорд Клуни кој е сопственик на студиото Section Eight, ќе го продуцираат овој филм.

"Oceans 11" инаку претставува римејк на класичниот Холивудски филм од 1960 година во кој група воени ветерани ги ограбуваат коцкарниците во Лас Вегас.

Оваа комбинација на акција, комедија и мјузикл во своето време немало нешто посебно значајна репутација, бидејќи Синатра и остатокот од глумечката екипа, снимале на лоша локација и целиот проект го разбирале повеќе како зафрканција отколку како филм, па така на него не вложиле некој голем уметнички напор.

Содерберг сепак успеа некако да го долови тоа што они не го доловиле тогаш па така со сериозен став го режираше "Oceans 11", кој имаше многу голем успех и кај критичарите и кај публиката. Меѓутоа "Oceans 12", имаше далеку поскромни резултати од првиот дел па поради тоа се најави и снимање на "Oceans 13" кој доаѓа како некое освежување.

Новиот филм веќе на самиот почеток ќе биде разочарување за фановите на Џулија Робертс и Кетрин Зета Џонс, за чии што ликови според најавите продуцентот во новото сценарио едноставно не им најде соодветно место. Нив би требало да ги замени Ellen Barkin.

Снимањето ќе започне наскоро, а филмот својата премиера би требало да ја доживее тек следната година.

:je::je::je::je::je::je::je::je::je::je::je:
 
momci ima li nekoja novost za Indijana djons 4 ????

slusav na radio za ovoj film pa ...
dali nekoj ima info?????
 
ima li nekoj da dade link za THE SIMPSONS trejlerot
 
Основен инстикт 2: Брутален секс со Шерон Стоун!

sps_oi2-sheron.jpg


Фановите ширум светот, нестрпливо го чекаат второто продолжение на култниот филм со Шерон Стоун, Основен инстикт 2, кој ги палеше мажите ширум светот, со познатата сцена без гаќички.


Во продолжението од филмот се појавува глумецот Дејвид Морисеј, кој го довршува она што Мајкал Даглас го започна. Имено, оние работи не се прават само во кревет, веќе и во лифт, на стол па дури и на подот.

Иако Шерон сега е за десет години постара, и на многу сцени е вешто ретуширана, се чини дека на неа воопшто не и паѓа тешко да го покажува своето тело и повторно да одглуми ладнокрвно секси убица.

Филмот изобилува со брутални секс сцени, кои се како продолжение на оние започнати од страна на Мајкал Даглас.

На нас ни преостанува само да чекаме овој филм да се појави во кино салите, а тогаш трк во кино бидејќи Шерон повторно заигра на картата да стане најпознат секс симбол на сите времиња.

До тогаш гледајте ги само сликите, и едно мало трејлерче како мала промоција за новиот филм, кој треба да го очекуваме наскоро.


oi2-sheron-01.jpg



oi2-sheron-02.jpg



oi2-sheron-04.jpg



Колку со нетрпение го очекувам продолжението!:je:

П.С. Еве ви го трејлерчето ТУКА.
 
Многу ме интересира дали некој има слушнато за филмот KING-KOBRA, ми рекоа дека излегол малце поодамна ама никаде немозам да најдам некоја конкретна информација за него а камоли филмот, во него глумел Кинезот од Џули Сан, и се работел за некој неуспешен експеримент извршен врз кобра, ама неуспешен спојте го насловот и ке ви текне што се случило......:lud:
 
Лукас го убедува Конери за улога

Режисерот Џорџ Лукас во едно интервју откри дека би сакал Шон Конери да се појави во филмот "Индијана Џонс 4" и да ја репризира улогата на таткото на Индијана Џонс.Пред една недела во холивудскиот "Кодак" театар беше одржана церемонијата на која Американскиот институт му ја додели наградата за животно дело на оскаровецот Шон Конери.Меѓу присутните кои му честитаа за наградата беше и Џорџ Лукас.И покрај тврдењата дека Конери се пензионирал од актерството,Лукас во интервјуто дадено подоцна изјавил:
-Би сакал тој да се појави во новото продолжение на Индијана Џонс.Ќе се обидам на секој начин да го убедам да ја прифати улогата.
А кога го прашале дали според него Конери воопшто сака да се појави во филмот,Лукас изјавил:
-Мислам дека сака-и додал на шега-правиме две верзии од сценариото,една со него,една без него.
 
Враќањето на Супермен

superman-returns-7.jpg



Првите критики за филмот Враќањето на Супермен со актерот Брендон Рут во улога на легендарниот суперхерој се исклучително позитивни.Реномираното списание Вараети го нарече грандиозно осмислен и сензибилно остварен проект,наведувајќи:Филмот е искрен,со артистичка елеганција и вистински емотивна улога.Холивуд репортер го пофали филмот за кој верува дека ќе ги разгали срцата на публиката,а посебно го пофали актерот Брендон Рут.Филмскиот критичар од Њузвик напиша дека од почетокот до крајот на филмот може да се почувствува само љубовта на режисерот Сингер кон својот суперхерој,а исто така нагласи и дека Рут одлично се снаоѓа во улогата.Во филмот настапуваат и Кевин Спејси во улогата на Лекс Лутор и Кејт Бекинсејл како Лоис Лејн.Американската публика ќе има можност да го погледне филмот уште овој викенд,а во европските кина ќе биде достапен две недели подоцна.
 
Наскоро доаѓа кралот Шрек Трети
ACF860.JPG
(13-JUL-06) Анимацијата на DreamWorks повторно ќе ги собере ликовите од сказните, за да се појават во "Шрек Трети". Приказната за смрдливиот џин во кината ќе се појави во мај следната година, а за новите ликови гласовите ќе ги позајмат Amy Sedaris како Пепелашка, Amy Poehler како Снежана, Maya Rudolph и Cheri Oteri како Заспаната убавица. Организирани од принцезата Фиона, девојките ќе му се спротистават на Шармантниот принц (Rupert Everett) во кралсвото Многу Многу Далеку. Главните ликови во анимираната комедија, како и во претходните продолженија, ќе ги имаат Mike Myers (Шрек), Cameron Diaz (Принцезата Фиона), Eddie Murphy (Магарето) и Antonio Banderas (Мачорот во чизми). Гласот на Кралот Артур ќе го позајми момчето на Diaz, Justin Timberlake.
Во "Шрек Трети" ќе биде раскажана приказната од моментот кога Шрек и Фиона стапуваат во брак, но надвор од нивниот план е што мораат да станат следните Крал и Кралица на кралството Многу Многу Далеку.
Ако се земе предвид дека претходните два дела на серијалот рушеа рекорди по гледаност во светот, може да се претпостави каков филмски хит не очекува следната година.
 
Новата мајка Angelina Jolie се враќа на работа
ACF61A.JPG
Angelina Jolie планира да и се врати на актеркската работа, откако на 27 мај ја роди ќерката Shiloh Nouvel. Оскаровката ќе го позајми својот глас за новиот филм на DreamWorks, „Кунг-фу панда“, во кој нејзиниот лик Тигрица ќе и предава борбени вештини на пандата Пу, за која гласот ќе го позајми Jack Black.
Филмот во кината ќе се појави во мај 2007 година, а приказната се врти околу пандата Пу, која работи како келнер во ресторан за тестенини и мора да си ја зголеми силата. Затоа тука во комбинација доаѓа Тигрицата.
Dustin Hoffman, Jackie Chan, Ian McShane и Lucy Liu исто е предвидено со своите гласови да учествуваат во филмот. Оваа анимација всушност ќе значи повторно обединување на Jolie и Black, кои последен пат соработуваа пред две години на цртаниот филм „Приказна за ајкулата“.
За разлика од овие филмови, во декемви Angelina Jolie не само што ќе биде слушната, туку ќе биде и видена во филмот „Добар чувар“, драма за ЦИА режирана од Robert De Niro. Тоа ќе биде прв филм на Jolie уште од „Господин и госпоѓа Смит“ на чие создавање таа се запозна со Brad Pitt.
 
абе конан нов се снимаше, се сними не се сними има некој нешто слушнато?
 
Џоли снима нов филм !
sps_jolie-snima-nov-film.jpg
Филмот е поврзан со приказната за новинарот Даниел Перл, кој беше киднапиран и убиен во Пакистан.

Анџелина ќе ја глуми Маријана Перл, сопругата на Даниел, а станува збор за адаптацијата на нејзината книга "A Mighty Heart: The Brave Life and Death of My Husband Danny Pearl".

Најинтересно од се е дека овој проект ќе биде продуциран од сопругот на Џоли, Бред Пит, а ќе режисерската палка ќе му припадне на Мајкал Винтерботом.

Исто така она што е друго интересно е тоа дека како продукциска куќа позади овој филм ќе се појави Plan B, која Пит ја основаше заедно со својата бивша сопруга Џенифер Анистон, односно и понатаму овие двајца имаат сопственост над продукцијата.​
 
Дали Sarah Michelle Gellar и Prinze Jr. се разведуваат?
ACFB4.JPG
Според американските таблоиди, уште еден шоубиз пар се движи кон разидување. Freddie Prinze Jr. започнал да работи на своја ТВ серија со наслов 'Freddie' и од тој момент бракот почнал да му се распаѓа, наведува New York Daily News. Според зборовите на добро известените извори, глумецот и неговата сопруга Sarah Michelle Gellar повеќе не ни живеат заедно. Сепак, претставниците на славниот пар во целост ги демантираат вестите за можен развод, нарекувајќи ги неточни, зашто бракчната хармонија на двете актерски ѕвезди останал непроменет.
Sarah и Freddie се венчаа во 2002 година.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom