Фан Клуб: Philadelphia 76ers

  • Креатор на темата Креатор на темата Fantom
  • Време на започнување Време на започнување

Fantom

Chikara
Член од
4 јуни 2006
Мислења
11.453
Поени од реакции
812
Тим што најверојатно и нема многу фанови во Македонија, но мене ми сраснаа за срцето уште од порано, кога играа МекКи, Сноу, Ајверсон, Мутомбо...

Philadelphia_76ers_logo.png



Малку за името, не знам дали ќе ве интересира, се викаат 76ки затоа што на 4 јули 1776 година во Филаделфија е прогласена независноста на USA, ден што го слават како Independance day.

Еве слика од дресот на мојот all-time омилен кошаркар, иако замина во Денвер (сакал да освои шампионски прстен, со Филаделфија не можел, само не знам дали мислеше дека сериозно мојт со Денвер да освојт, ама ајде, нека му бидит).
reb-7995a-3b2aau116.gif



Играчи на Филаделфија за паметење:
Charles Barkley - Секој коментар би бил премалку. Неверојатен играч, и даде многу на Филаделфија и ќе остане засекогаш запаметен.
CharlesBarkley.jpg



Wilt Chamberlain - Популарната „патерица“ е единствениот играч кој постигнал 100 поени на еден натпревар во NBA (New York Knicks 147-169 Philadelphia Warriors, 36 од 63 од поле (линијата за 3 поени се уште не била воведена) и 28 од 32 од слободни фрлања. Исто така забележал и 25 скока). Почина на 12 октомври 1999. Бог да го прости и вечна му слава.
200px-Wilt_Chamberlain.jpg



Julius Erving - Популарниот Доктор Џеј (Dr.J) е еден од најдобрите играчи во своето време, неверојатно подвижен и брз кошаркар кој со неверојатна леснотија изведувал дотогаш невидени трикови за забивање.
erving_md.jpg




Малку за моменталниот тим.
Првата петторка е: Samuel Dalembert, Thaddeus Young, Andre Iguodala, Willie Green и Andre Miller. Кога кон крајот од 2007 го продадоа Кајл Корвер во Јута, се чудев на шо дрога се, па продаваат дечко со прецизен шут и мирна рака. По продажбата, јануари беше катастрофален и имавме скор од 4-11 (7 порази со ред). Од први февруари се подобрија работите, и од тогаш имаме скор 17-7, а вкупниот скор 35-35 не донесе до седмото место во источната конференција и трето во Atlantic дивизијата. Ако остане вака до крајот, ќе играме со вториот од источната конференција, то ест Детроит.
 
Без разлика што го нема АЛЕН ... уште сум за нив ... ма да морам да признаам дека одкога замина тој помалку се интересирам за овој клуб... ми беше идол
 
Абе избега да си го спаси г’зот кога ни беше најтешко и бевме 27ми од 30 тима (мислам дека само Шарлот, Мемфис и Сиетл беа тогаш зад нас).

Сепак Игуодала и Милер се извонреден тандем, па не му берам многу гајле. :)
 
Ноќеска ги тепавме Бостон 95-90, се вративме од негатива од 11 поени. Игуодала забележа 28 поени и беше најпрецизен од нашите редови, Милер постигна 20.
 
Имаат шанси за плеофот , заминувањето на Ајверсон се покажа и како добра одлука , вака и оние кои не добива шанса , влегоа во прв тим. морам да кажам дека имаат и зрелост во тимот , тоа вчера го покажаа со победата во гости на Бостон !!

п.с за Селтикс сум :smir:
 
Точно, после заминувањето на Ајверсон сме колку-толку подобри, иако имавме лош период на кој не сакам ни да се сетам. :)

Само Далемберт некако ко коњ ми е, нов центар ни треба...
 
Вечер во 22:00 (мислам) играме со Чикаго дома, после победата над Бостон се префорсиравме, ама сепак се надевам на победа.
 
Bulls 99 - 121 Sixers

Вилијамс 23, Игуодала 21 и Јанг 20 поени, растур.
 
Слабо слабо..не ве бива
 
Слабо слабо..не ве бива

Абе не сме Бостон или Детроит, ама во првите 16 на крај ќе влезиме ваљда. Со малку среќа во полуфинале на исток ќе играме. :)
 
Абе не сме Бостон или Детроит, ама во првите 16 на крај ќе влезиме ваљда. Со малку среќа во полуфинале на исток ќе играме. :)
Па со оглед на тоа колку е бош источна конференција, имате шанса!
 
Го јадовме вчера од Феникс, 107-93, и за очекување беше после толку победи, зазбивтани бевме а и немаме играчки квалитет за толку да издржиме. :(
 
Тесно изгубивме од Кливленд, 91-88, ЛеБрон со 26 поени им ја донесе победата. :(. Сега сме пак седми со скор 37-37.
 
Ги тепафме Њу Џерси 108-99 , Милер со 24 поени прв од кај нас. :)
 
Со тешки маки ги победивме Атланта Хокс 109-104, Игуодала ѕверот 20 поени и Милер 23. Сега плеј офот ни е скоро сигурен. :vozbud:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom