Нова жртва на местото каде што загина Тоше

  • Креатор на темата Креатор на темата No Fear
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
16 јули 2007
Мислења
2.165
Поени од реакции
134
Незнаев каде да ја ставам темава. Шо е работава со местово , само тука несреки се случуваат:uvo:

sps_nova-zrtva-kaj-sto-zagina-tose.jpg
Во тешка сообраќајна несреќа што се случила вчера утро околу 7 часот на автопатот Брегана-Липовац кај Нова Градишка, смртно настрадал 36-годишниот државјанин на Србија, Љ.М., а 30-годишна Австријка со иницијали М.А. била повредена, пренесе хрватската телевизија Нова.

Несреќата се случила кога автомобилот “пасат“ со австриска регистрација што го возела М.А. во еден миг налетал на возило со полуприколка со бугарска регистрација, што возел пред неа. Австрискиот автомобил со својот преден дел удрил во задниот лев дел од полуприколката, како се превртел и лизгал по автопатот.

Во несреќата смртно настрадал совозачот во автомобилот, додека возачката М.А. била повредена и пренесена во новоградишката болница, се дознава од истражниот судија во Жупанскиот суд, Стјепан Франиќ.

Конкретната причина за несреќата се уште се утврдува.

Оваа несреќа, пренесува ТВ Нова, се случила на истото место каде што загина и македонската музичка ѕвезда Тоше Проески.

Извор: Нетпрес

 
Очигледно, црна точка на автопатот. Језиво слична ситуација...
Не ми се коментира. Властите нека го решат проблемот, мамата.
 
Лесна и земја туку има некој инфо колку несреќи се случиле таму пред Тоше да настрада ??
 
баш татко ми ми кажуваше дека тој дел од автопатот е незгоден за возење затоа што одеднаш се влетува во густа магла, како облак, прст пред око што не се глеа.сигурно и денес било така.греота стварно, се надевам дека барем девојката ќе биде добро
 
Сум бил по овој пат и колку што памтам, прав е, рамнина, ама насабајле кога Сонце изгрева таман да ти се приспие.

Ама не знам што да кажам, не ми се верува...
Лесна му земја.
 
Немојте да бидете наивни.... ова се начини да се прикрие убиството на Тоше!
 
Немојте да бидете наивни.... ова се начини да се прикрие убиството на Тоше!
Не треси глупости.

Мои познаници летоска (пред да му се случи несреќата на Тоше) имаа тешка собраќајка на истото место, целата кола им беше здробена, но за среќа поминаа без потешки повреди.

Патот е таков, ги лаже возачите, сите возат со огромни брзини.
 
Секоја година поминувам по овој пат, пролет/лето, баш тој дел е некако како во блага кривина и тера на поголеми брзини, така да ако наеднаш ти излезе нешто пред пат и закочиш, наздравје.
 
дефинитивно тоа место е црна точка.. :( :( :(....

Жално... :(
 
Јас имам направено сообраќајка на потполно истото место, на 30 август 2003.. и истиот ден, на меѓусебна оддалеченост од 2-3-4 километри, имаше направено уште 3 сообраќајќи (ги сретнав жртвите у болница).. местото е дефинитивно црна точка :/
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom