Објавени историски факти во Македонски деветнаесетти век

  • Креатор на темата Креатор на темата vone
  • Време на започнување Време на започнување
000-1.png





На стр. 152-153, читаме:

152.png


153.png


(Sir Edward Sullivan, "Buck Whaley's Memoirs Including His Јourney to Jerusalem," 1906, pg. 152-153)
 
ОД МИ-АН

Објавени историски факти во Македонски среден век

Пелагонискиот митрополит Нектариј, "секогаш и во секоја пригода изјавувал дека е Македонец и дека е горд што му припаѓа на благородниот македонски род". Во сите црковни документи се титулирал како: "Нектариј, митрополит на Пелагонија и егзарх на цела Македонија": податок од 1611 година

35A6FBAB2DA7E447B93ACBE17F42EEAF.jpg
- Лавот на македонското знаме е извезен од учителката баба Недела од село Сопот и нејзината ќерка Станислава. Знамето со огнен (црвен) лав на жолто поле е знаме и на Разловечкото востание (1876 г.). Над лавот стои натписот "Македонија".
Овој напис е само дел од историските факти за Македонија, објавени во книгата "Македонски среден век ВИ - ЏВИИИ", во издание на "МИ-АН". Меѓу многуте историски куриозитети може да се најдат и делови од стари документи кои експлицитно говорат за Македонците и Македонија. На пример, во документ од 1380 г., кој денес се чува во Венецијската државна архива, стои: "Градовите Девол, Коњух и Белград (денешен Берат), со целата своја околина, административно спаѓаат во Македонија. Тие се населени со Македонци, кои по говорот и обичаите се исти како и оние по долината на реката Вардар, во Епир, Тесалија, Солунско и Тракија". Анонимниот автор потенцира и дека:
"Старомакедонските словенски имиња на селата, градовите, на реките, долините и планините во Матија, даваат цврст доказ дека тие, Македонците, се потомци на истоименото античко население и први жители на балканските, порано именувани како илирски земји!".
Од издавачот "МИ-АН" велат дека во книгата "е опфатен богатиот период од појавата на христијанството и писменоста во Македонија, заклучно со првите книги на Јоаким Крчовски и Кирил Пејчиновиќ, кои ги најавија првите знаци на македонската преродба и народносното будење на Македонците".
Од таму објаснуваат и дека во завршни подготовки е четвртата книга Античка Македонија", со која ќе се заокружи четворокнижието за хронологијата на македонската историја и луѓето и настаните во неа. На овие две енциклопедиски изданија им претходеа и "Сто македонски години" и "Македонскиот деветнаесетти век".
На овој потфат работеа дваесетина научни работници и професори од Институтот за национална историја и Филолошкиот факултет Блаже Конески" од Скопје.

Факти за Македонија

- 1407 г: Во најстариот манастир "Бистрица", во Молдавија, бил составен средновековен романски ракописен споменик, познат под името "Бистрички поменик". На едно место се вели дека подунавските кнежевства "Влашко и Молдава канонски зависат од Охридската црква" и дека "тие се сметаат за делови од Македонија".
- 1604 г: Охридскиот патријарх побарал лично од рускиот Цар Борис Годунов "поддршка од Русија во реализацијата на Проект-планот за кревање востание во Македонија и во Матија (денешна Албанија)".
- 1611 г: Пелагонискиот митрополит Нектариј, "секогаш и во секоја пригода изјавувал дека е Македонец и дека е горд што му припаѓа на благородниот македонски род". Во сите црковни документи се титулирал како: "Нектариј, митрополит на Пелагонија и егзарх на цела Македонија".
- 1668 г: Бившиот охридски патријарх Арсениј пристигнал во Русија и го замолил царот Александар Михајлович "да се сврти кон Македонија и да помогне да може да излезе од стегите на мракот, бедата и неподносливиот ропски живот".
- 1690 г: Австрискиот император Леополд Први издал посебно писмо со кое го зел под заштита македонскиот народ: "Виена, 1690, 26 април. Со ова известуваме дека двајца Македонци, Марко Краида, роден во Кожани и Димитри Ѓеорги Поповиќ, роден во македонски Солун, ни изложија колку македонскиот народ, поради почит кон нашето најправедно дело...; ...да не го напаѓаат македонскиот народ..."
- 1712 г: Патописецот Пол Лука по посетата на Македонија запишал интересен обид за обласна поделба на Македонија: Денес таа е поделена на четири дела-области: Македонија, Јамболија, Коменилитарија и Јана, која била стара Тесалија".
- 1767 г, 24 мај: Официјално и неканонски била укината Охридската архиепископија со синодален акт издаден од Цариградската патријаршија
 
Константин Стефанов е потомок на Катерина Цилка, неговиот внук е во Америка и самиот незнае дали да се смета за Бугар или Македонец.
 
Константин Стефанов е потомок на Катерина Цилка, неговиот внук е во Америка и самиот незнае дали да се смета за Бугар или Македонец.

:pos2:

mostich_310.jpg



? ? ? ? ? ? ? ?


112-alexander-the-great.JPEG




000.png




011web.png



012web.png



(Fanny Janet Blunt, "The People of Turkey. Twenty years residence among Bulgarians, Greeks, Albanians, Turks, and Armenians," 1878, pg. 11-12)
 
40937_2.jpg


Еве една книга ,ако е од некаква корист- не разбирам што пишува за Енвер Паша , но јасно стои Македонски,а е за период од 1860-1908 година.
А оваа подолу е книга за периодот од 1908-1914 год.Ако некои од форумов знаат турски убаво би било да ни преведат.
7917_kucuk.jpg
 
Грција попишала 500.000 Македонци

Прилепчанецот Драган Митрески поседува стар австриски атлас според кој во 1921 година во Грција 500.000 жители се декларариле како Македонци.

Во Грција во 1921 година имaло 500 илјади Македонци, односно 8,8 отсто од севкупното население на државата биле со македонска национална свест. Ова стои во атлас отпечатен во Австрија што го поседува прилепчанецот Драган Митрески.

Ова е уште еден документ кој потврдува дека Македонците не се дрво без корен, односно ги побива тврдењата дека Македонија и Македонците се коминтерновска творба, пишува денешен Дневник.

„Релевантноста на документот е голема поради тоа што со години соседите негираат дека нема македонско малцинство кај нив. Документот го ’откопав’ од правта случајно собирајќи стари книги. Тој ’тежи’ оти е подготвуван од независна држава и од еминентен автор“, вели Митрески за Дневник.

Во Универзалниот атлас стои дека во тогашна Југославија, имало 600 илјади Македонци или пет отсто од вкупното југословенско население.

Ексклузивитетот е и во тоа што Австријците препознале Македонци во Бугарија, но не ги одвојувале. Пишува дека се евидентирани четири милиони Македонци и Бугари заедно.

„Интересно е и знамето на албанската држава, во кое нема двоглав орел, туку е црвено-црно со бела петокрака“, вели Митрески.

Прилепчанецот се обидувал да најде луѓе да ги искористат податоците од атласот. Вели дека не го продава, туку само сака јавноста да знае за податоците што ги има во него, а на државата ќе и го даде и бакшиш.

Пред 15 години Митрески случајно го пронашол кога некој човек горел стари книги во центарот на Прилеп. Имало и црковни книги. „Секогаш сум бил собирач на стари предмети, особено книги. Собрав нешто од тоа за горење, меѓу кои беше и атласот“, додава Митрески.

Нејасно е на кои извори се повикува авторот на атласот. Но, историски се совпаѓа времето на неговото објавување и пописот спроведен во Грција на 19 декември 1920 година.

Резултатите од тој попис Грција никогаш официјално не ги објави, а станува збор за многу важен попис, оти првпат ги опфаќа и таканаречените „нови територии“.

Во пописните документи имало прашања „Кој е вашиот мајчин јазик“, „Кој јазик го зборувате дома“ и „Ако вашиот мајчин јазик не е грчки, дали разбирате грчки“.

За жал, грчката држава ги објави резултатите од пописот само од старите територии, но не и од окупираните територии, меѓу кои и Македонија, каде што има податоци и за верата и за јазикот
 

Attachments

  • 09.07atlas1.jpg
    09.07atlas1.jpg
    45,3 KB · Прегледи: 69
Објавени историски факти во Македонски деветнаесетти век

- "Тук Болгарите се подигравает сос нас и вртат вода на своја вуденица заедно сос црнокапецот Натанаил, куј што е Маќедонец, ама повеќе тегли на булгарско" - напис од Ѓорѓија М. Пулевски, во 1879 г., за време на Кресненско македонското востание, објавен во книгата "Македонски деветнаесетти век"

2A1228F755B1F246A505FCD19F54C54B.jpg


- До македонските народи! Нашата татковина Македонија била некогаш една од најславните земји. Македонскиот народ ги поставил првите темели на воената вештина. Со победничките фаланги на Александар Велики ја пренесол Аристотеловата просвета во внатрешноста на Азија и со тоа го цивилизирал човечкиот род. Но, таа некогаш толку славна татковина, денес е во опасност да биде разделена и да ја снема сосема, зашто ние Македонците сме ја зафрлиле својата народност, а другите народи ја бараат нашата земја како своја...

Ова е дел од прогласот "Македонија на Македонците", кој на повеќе јазици се појавил на 15 април 1890 г. во Цариград. Прогласот, кој се претпоставува дека го составил митрополитот на Скопската епархија, Теодосиј Гологанов, како и многу други фактографски сведоштва за Македонија, е објавен во книгата "Македонски деветнаесетти век, 1800-1902", од издавачот МИ-АН.


.......
Дејан ТРАЈКОСКИ

НАЈДОВ ОВОЈ ТЕКСТ И МИСЛАМ Е ИСТИОТ, САМО ВО СКРАТЕНА ВАРИАНТА. ВО ЦЕЛИНА ЗВУЧИ МАЛКУ ПОИНАКУ.


Проглас: "Македонија на Македонците"
"...Зошто ние Македонците сме ја зафрлиле својата народност, а другите народи ја бараат нашата земја како, своја..."
До македонските народи!
Нашата татковина Македонија некогаш била една од најславните земји. Македонскиот народ ги турил првите темели на воената вештина. Победничките фаланги на Александар Велики ја пренесол Аристотеловата просвета во внатрешноста на Азија и со тоа го цивилизирал човечкиот род. Но таа некогаш толку славна татковина денес е во опасност да биде разделена и да ја снема сосема зашто ние Македонците сме ја зафрлиле својата народност, а другите народи ја бараат нашата земја како своја, бараат да ја потчинат нашата голема народност, која во минатото во својата самостојност толку болскотела.
Вистински Македонци!
Нашата татковина е станата сираче. Нејзиното победничко знаме од кое трепереше целиот свет, денеска веќе не постои како знаме на одделна народност. Денес се пишува во картата името на Македонија како некој спомен. а нејзините победнички гробови лежат во големите гробишта на заборавот, благодарејќи на разорните сплетки на оние што веќе неколку години крстосуваат низ нашата земја, заситувајќи го нашиот народ со раздор и отворени страсти. Овие органи се гробари на некогашната славна Македонија. Тие работат за нејзиното раздробување и со месните расправии готват терен за напливот на туѓа војска во нашата татковина. Настапија критички дни за опстанокот на Македонија. Се решава нејзиниот живот или смрт. Јунаци Македонски! Зар ќе оставите додека сте уште живи да се закопа вашата убава татковина? Погледајте ја разранета од отровните стрели на околните народи што сакаат меѓу себе да ја расчеречат. Во таква очајна положба нашата драга мајка Македонија гледа на нас со очи полни солзи и ни вика:
Ако навистина сте мои деца, ако во вашите жили тече македонска крв, тогаш е подобро да загинете со мене отколку да останете живи сведоци на исчезнувањето на македонската народност. Не верувајте им веќе на интригите на соседните народи коишто работат за мојата пропаст. Вие сте челад од мојата утроба, па макар зборувале турски. грчки, бугарски, српски, погански, влашки и еврејски. Вие сте сите мои родени деца без оглед дали верувате во Мухамед, Мојсеј или Исус. Иако вие ги признавате за старешини едни папата, други шеик исламот, трети егзархот, четврти патријархот, петти рабинот, пак сте вие сите деца од една иста мајка Македонија што плаче ден и ноќ, колнејќи ве да се смирите, да се сложите и да се збратимите. Зар не ќе се срамите ако ве расчеречат и разделат соседите кои зборуваат со односниот јазик, но кои се мои непријатели? Зар вие уште и ќе им помагате за да ме закопат в гроб, а со мене и славното македонско име? Ако тоа го нејќете. ако. напротив, сакате да ги залечете моите рани. а вие како вистински Македонци решете: на знамето што денес го веам да се напише: Македонија на Македонците, па тогаш истерајте ги од својата прадедовска земја сите интриганти што денес меѓу вас разгоруваат расцеп на народоносните страсти што вас, моите деца и еднокрвни браќа, ве кинат на разни туѓи народности. Признавајќи го ова мое знаме како единствено ваше знаме, викнете: Да живее неразделниот македонски народ!
Од протоколот од последниот состанок на централниот силогос "Македонија на Македонците" на кој е решено да се отпечати овој проглас на сите јазици на Македонија.
Во Цариград,
15. 04.1881 година
Централен силогос

Да акцентирам на ова

„Ако навистина сте мои деца, ако во вашите жили тече македонска крв, тогаш е подобро да загинете со мене отколку да останете живи сведоци на исчезнувањето на македонската народност. Не верувајте им веќе на интригите на соседните народи коишто работат за мојата пропаст. Вие сте челад од мојата утроба, па макар зборувале турски. грчки, бугарски, српски, погански, влашки и еврејски. Вие сте сите мои родени деца без оглед дали верувате во Мухамед, Мојсеј или Исус.“
 
Константин Стефанов е потомок на Катерина Цилка, неговиот внук е во Америка и самиот незнае дали да се смета за Бугар или Македонец.

Катарина Цилка со сопругот и децата се декларирале како Турци кога пристигнале во Америка. Овој податок го има на сајтот на Елис Ајленд.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom