Сум била сведок во минатото на вакви појави,па затоа и ме поттикна да ја отворам темава.
Дали сте биле сведоци или дали на вас директно ви се десило во врска партнерот благо кажано да ви го пере мозокот односно постојано да манипулира со вас или со личноста која што ја познавате?
Работите кои порано сте ги мразеле,а него му се омилени почнувате да ги сакате,некако почнувате да станувате личност која што никој не ја препознава,па и вие сами не се препознавате.А не сакате да бидете таква,но едноставно партнерот свесно ви го пере мозокот,ве навртува против пријателите,против луѓето што ви се блиски?
И?Што се случи? Се освестивте,некој друг ви ги отвори очите или...?
Дали партнерот од добро и од љубов го прави ова или од егоизам?Дали личноста која е манипулирана,одбива да ги гледа тие работи,заради розовите очила од љубов или заради тоа што партнерот е вешт манипулатор?
Заради кои причини некој би сакал да го наврти партнерот против своите блиски и пријатели?
Дали е можно човек да е свесен дека му е испран мозокот,да приметува дека почнува да станува нешто што не сака, марионета,а сепак да продолжува со играта и да не го спречува тоа?
Дечкото на мојата бивша најдобра другарка ја манипулираше и сеуште ја манипулира.Цело време беше се по негово,успеа да и наврти некои мисли против нас (нејзините дотогаш најдобри другарки),успеа да и наметне негови ставови и негови гледишта за се и сешто,мада,и самата си е крива,кој ќе размислам подобро,повеќе луѓе можеа лесно да изманипулираат со неа,ама сега не станува збор за тоа.
Конкретно за нив двајца,излегуваат само кога тој сака,се што тој ќе каже е точно,правилно,само тој е паметен,само тој знае итн итн...
Повеќе пати имам застанато во нејзина одбрана,и искрено денеска се каам за тоа,бидејќи таа беше таа што ми се развика зошто сум противречела и сум изреагирала така,тоа било нормално (стануваше збор за удирање на девојкава од страна на нејзиниот мил дечко).Пробавме да ја освестиме ама само ја влошивме ситуацијата,она ни сама не е свесна што и се дешава,до толку и го има испрано мозокот што не ни слуша што и збориш,туку само го брани него и неговите постапки.Одма испадна дека ние имаме нешто против дечко и.
Тој пак,многу си е паметен,ја нашол лакоумна,може да ја мота како сака и нормално ќе го искористи тоа.
Перење мозок во никој случај не може да биде од љубов,само од корист може да се направи нешто такво.Ако навистина сакаш некого ќе го прифатиш со сите негови маани,нема да се обидуваш да го промениш,ќе се обидуваш да се навикнеш на неговите навики.