‘‘ЕВРОАТЛАНТСКОТО ИСКУСТВО НА Р. БУГАРИЈА‘‘- предавање на НЕ г-ин Михо Михов
‘‘ЕВРОАТЛАНТСКОТО ИСКУСТВО НА РЕПУБЛИКА БУГАРИЈА‘‘- предавање на Неговата Екселенција г-ин Михо Михов, Амбасадор на Р. Бугарија во Република Македонија пред студентите на Полициската академија
На 26-ти април 2007 година, во Полициската академија, студентите имаа ретка можност да влезат во новиот амфитеатар, а воедно и да го проследат предавањето на бугарскиот амбасадор во Република Македонија, г-ин Михо Михов, на тема: ‘‘Евроатлантското искуство на Р. Бугарија.‘‘
Амбасадорот Михов, секако, се обиде да не убеди во прогресот на Бугарија направен по влезот во НАТО-алијансата и Европската унија, нејзиниот сестран напредок на полето на економијата, човековите слободи и права, демократијата, се она што значи култура на европско живеење.
На крајот, Неговата Екселенција се обиде, дури, и да ни даде некои совети и насоки за тоа што да превземеме за побрзо да се интегрираме во евроатлантските структури!?
Ние студентите, секако, останавме со отворени усти, вчудоневидени од неверојатниот прогрес на нашиот источен сосед. Ако се лажеме, така беше.
Дали треба да зборувам за фрустрациите кои амбасадорот ги предизвика барем кај 70% од присутните?
За кое искуство говореше ценетиот амбасадор???
Како се почитуваат слободите и правата на граѓаните на Р. Бугарија!?
Да направиме еден историски осврт на односите Р. Бугарија- Р. Македонија од 1945 па до 2006, пред Бугарија да влезе во ЕУ.
Враќајќи се назад во историските односи меѓу Народна Република Бугарија и Социјалистичка Република Македонија како дел од СФРЈ, може да се констатираат неколку периоди. Положбата на македонското национално малцинство во Бугарија, значително се подобрува во периодот од 1945 до 1948 година, со Бледската спогодба. Иницијативата на оваа спогодба ја гледаме не само во развивањето на културната соработка, туку посебно во откажувањето на СФРЈ од правото на воена репарација од страна на Бугарија, во износ од 25 милиони американски долари. Овој договор содржи императивни забрани за дискриминација врз основа на пол, раса или јазик. Со него Бугарија се беше обврзала дека ќе ги превземе сите потребни мерки лицата од небугарско потекло да ги уживаат основните човекови слободи и права, како што се слободата на печат, публикација, вероисповед и сл.
Тоа е периодот кога во Бугарија (Пиринскиот дел на Македонија), во училиштата се воведува настава на мајчин македонски јазик, се отвораат книжарници со македонски книги кои се донесени од СРМ, работи македонскиот народен театар и т.н.
Меѓутоа, во 1948 година, со познатата резолуција на Информбирото и новонастанатите односи помеѓу Социјалистичка Федеративна Република Југославија и земјите од Варшавскиот пакт, по кој знае кој пат, повторно се преоѓа на негирање на постоењето на македонското малцинство во НРБ, кое е најизразено со примената на административните мерки при пописот на населението. Така, укинувањето на правото за изразување на националната припадност се забележува "при пописот на население во 1956 година, кога 178.862 лица се декларирале како Македонци по националност, за да во наредниот попис од 1965 година, рубриката за национална припадност биде изоставена, а официјална Софија да тврди пред меѓународната и светска јавност дека само 8.750 лица се декларирани како Македонци, притоа не давајќи други податоци за постоењето на национални малцинства."
Поради тоа, на расправата за извештајот на Комисијата за човекови права во Економско-социјалниот совет на ООН во 1975, југословенскиот претставник го предупредува Советот за ваквата позиција на официјална Софија кон малцинствата, вклучително и македонското. Имено, голем број на амбасадори на странски држави во Софија, го потврдиле фактот дека во Бугарија постојат повеќе национални малцинства! Бугарија својата теза ја бранела со порекнување на постоењето македонско малцинство во Бугарија, оквалификувајќи ги ваквите ставови како грубо мешање во внатрешните работи на Бугарија.
Меѓутоа, по осамостојувањето на Република Македонија како независна држава и менувањето на политичкиот систем во Република Бугарија, доведе до признавање на постоењето на македонска држава од страна на Бугарија. Сепак, таа и натаму го негираше постоењето на македонско национално малцинство во неа, како што го негираше и постоењето на македонскиот народ воопшто.
Сево ова резултираше со неколку груби испади на бугарската полиција во разбивањето на насобраните Македонци пред споменикот на големиот македонски деец Јане Сандански, и тоа во повеќе наврати. Бугарија остана без слух и кога стануваше збор за иницијативите на огромен број на Македонци од Благоевградскиот регион, за регистрација на политичка партија на Македонците во Бугарија. Судот во Благоевград, во повеќе наврати ги прекрши правата на Македонците кои се однесуваа на правото на здружување, па сево ова кулминира со тужба до Европскиот суд за човекови права, во кои Бугарија се најде како тужена страна.
Најпрвин, од Судот доаѓаа само неконкретни реакции на осуда, во кои тој ја осудува Бугарија во врска со тужбата поднесена од организацијата на Македонци во Бугарија- ОМО Илинден-Пирин. Сепак, судот утврди дека Бугарија е виновна затоа што неколкукратно, во 1990/91, 1998/99 и во 2002/04 година, одбила да ја регистрира организацијата. Бугарската јавност ја дожувува Обединетата македонска организација како општествена организација, која си поставила за цел да ги штити правата, јазикот и националноста на луѓето во Бугарија кои се самоопределуваат себе си како Македонци по националност.
Таа, според нив, често ја напаѓа бугарската држава и бугарскиот национален идентитет, стремејќи се да го македонизира Благоевградскиот крај. Меѓутоа, Европскиот суд аргументираше дека решенијата на бугарското правосудство да не ја регистрира македонската организација поради сомневања дека таа е закана за територијалниот интегритет, целост, јавниот ред, правата и слободите на територијата на Република Бугарија, претставуваат нарушување на правото на Организацијата за слобода на здружување.
Поради ваквите пресуди на Судот, а и поради фактот дека Бугарија веќе од први јануари 2007 година постануваше земја рамноправна членка на Европската унија, а почитувањето на овие права на малцинствата беше една од поголемите негативни критики со кои Бугарија се соочуваше, таа беше, буквално речено, приморана да ја регистрира оваа организација.
Така, на 25-ти јуни 2006 година, партијата се регистрира согласно препораките на Меѓународниот суд за човекови права. ОМО Илинден-Пирин трбаше да се залага за правата на Македонците, но и на сите други национални малцинства. За постигнување на своите цели, Партијата требаше да дејствува исклучиво со мирни и демократски средства врз база на Уставот и законите на Бугарија и меѓународните конвенции за човекови права кои Бугарија ги има прифатено и ратификувано во внатрешното законодавство.
Меѓутоа, откако пристигна позитивниот одговор од ЕУ за потврдениот прием на Бугарија на 01.01. 2007, беше поднесена петиција до Врховниот суд на Бугарија и партијата, по којзнае кој пат, беше прогласена за противуставна!!!???
Значи, на овој начин Република Бугаристан ја практикува европската демократија!
Да зборувам ли понатаму за скорешната забрана на локалните кметови (градоначалници), со кои се забрани собирање на Македонци пред споменикот на големиот македонски деец и револуционер- Јане Сандански?
И како да се коментира минатонеделната вест од Бугаристан, дека скоро сите кметови на пограничните бугаристански општини, дозволиле патувања на наши државјани на територијата на Бугаристан во длабочина од 50 километри без виза? Дали тоа значи дека визите го сопреа транзитот на наши државјани во оваа земја, па економијата нагло замре? Одговорот го најдов во скорешна изјава на една граѓанка на Ќустендил за промените во тој град по влегувањето на источниот ни сосед во ЕУ: ‘‘Ние се уште немаме ништо видено и почувствувано!‘‘-искрено се изјасни граѓанката, во интервју за МТВ.
Еве вака, накратко, изгледа ‘‘евроатлантското искуство‘‘ на Бугаристан. И да не Ве лаже тази амбасадор дека не е така!
П.С.
Море Митра пее на реката, Митре,
море на реката, до гората, Митре.
Море ја го, иде, лудо младо, Митре,
Море лудо младо, коњче води, Митре...
Чекај, чекај малку... нели е ова Мариовска македонска песна?
Нееее, тоа е песната претставник на Плагијатерија Бугаристан на Евросонгот во Хелсинки. Тоа е одраз на нивната ‘‘европска култура.‘‘ Ги испокрадоа сите српски турбо-хорори и сите македонски народни бисери, па сега и на Евросонг ќе ги пеат.
Ашколсун море, каури татаристански! Чок ѓузел искуство! Тамам европско! (?)
ЦСИ Профилер,
блогер
www.profiler.blog.com.mk