За ваков макс зборувате? Има налепница од агротехна.
Да, мој е точакот. Отприлика пред месец дена купен - 4500ден од продавница за бела техника и телевизори

5000 беа со заден, а 5500 со заден и преден амортизер. Го однесов на мајстор малку да затегни штрафови, кочници и досега имам поминато околу стотина километри и немам некоја поголема забелешка освен тоа рачето за спуштање/кревање на седлото (не е со штрафови). Не е баш цврсто и понекогаш ми се изместува. Со оглед на цената јас сум задоволен и е сосема ок точаче за стандардна вожња на асфалт. Нормално си ги има и стандардните мани на ниската класа точаци т.е слаби шалтери и кочници што полесно се олабавуваат.
Eи незнам навистина!Мислам дека овој со амортизер беше!И зелен беше по боја.Најдобро да си појде и да си провери.
Разликата во цените е можда затоа шо има два модели, едниот е со предни амортизери и тој е поскап. Во агротехна се 4600 со 5200. Јас мислев на овој поефтиниот, без амортизери без ништо, истиот од на
Kolor сликата.Би одел со попроста варијанта, затоа што бара помало одржување. Инаку, ако би одел по твојот план, да додадам заден запчаник и ланец шимано, колку би коштало тоа? Ептен неодамна почнав да гледам точаци, така да не знам шо колку пари е
Уф па 4600 воопшто не е скапо,особено ако ти дадат и плус попуст тоа е џабе.Но веројатно има и повеќе варијанти те. опрема па затоа и се разлика тие цени.Овие во Веро беа со алуминиумски кочници.Инаку за запчаник зимата ставив на мојот исто така мах кој го возам во викендица.Но мораше да се смени и ланец и мислам дека ме фати 800 денари комплет.Запчаник 7мо фаз.Како и да е тој и вака ќе ти вози али ако сакаш да го направиш подобар можеш да му смениш.Инаку овој во викендица го имам веќе 5-6 година
и сум премногу задоволен.Би требало и новиве модели да се такви.Реално јас би пробал да му ставам и осмо фаз позади доколку се најде тука(би требало да има),па би го направил 24брзински и понатаму би одел на едни шалтери рапид фајр со што би се
спасил од вртечките шалтери кои и те како ме нервираат.

Ако се мисли на време и се направи добра идеја,може со мали пари да биде екстра велосипед,па дури да биде спремен и за угорнини како низ водно итн.
Се е битно колку попуст ќе добиеш на деловите,али одприлка со попуст некаде вака би те чинело.Цениве ми се од една наша продавница поточно од нејзиниот сајт.На нив имаш попуст грубо околу 10%.Веројатно би можело уште некои 5% да оди попустот,али за тоа ќе треба да појдеш и да си прашаш.Како и да е јас пишав како јас би направил за да го доведам во топ состојба.Но и без овие делови ќе ти врши и тоа како работа.
-заден менувач околу 900 денари,
-8фаз(имало и кај нас)запчаник и ланец околу 950 денари(7 мо фаз околу 800 денари)
-преден погон околу 1200 денари
-шалтери околу 1500 денари(како на сликата) 3х8
Вкупно околу 4400 денари би испаднале деловите,со тоа што ако најдеш можеш да земеш и преку оглас доколку некој продава,па да ти испадне и доста поевтино.
Како и да е предност ти е што во секој момент можеш да си ги смениш деловите.Денес утре,па и после 5 години.
Со овие делови велосипедот ќе биде супер според мене.Ќе биде многу подобар од еден каприоло,полар,па и од доста други велосипеди кои и се по 13-14000 денари.Преден менувач и не мора да менуваш али ако сакаш можеш понатаму,но како и да е тие се евтини т.е не надминува 500 денари сигурно.