Општи вело муабети, прашања, совети

  • Креатор на темата Креатор на темата Anonymus1
  • Време на започнување Време на започнување
Дали при возење на долги релации користите некои енергетски гелови, и какви? Сакам да слушнам ваши искуства
Зависи што подразбираш под долга релација и времетраење од колку часа вкупно со паузи.Зависи за колку км се работи, колкава елевација на вкупно качување,колкав терет носиш и со кој тип на велосипед.
 
Зависи што подразбираш под долга релација и времетраење од колку часа вкупно со паузи.Зависи за колку км се работи, колкава елевација на вкупно качување,колкав терет носиш и со кој тип на велосипед.
над 100 километри до кај 150 ... таа дистанца. Без пауза на пример, или само со една пауза. Со роад бајк
 
Дали при возење на долги релации користите некои енергетски гелови, и какви? Сакам да слушнам ваши искуства

Сис гелови користам, со вкус на кола. Сум пробал и лимон, ама не ми го прави чарето.
 
Сис гелови користам, со вкус на кола. Сум пробал и лимон, ама не ми го прави чарето.

Од каде ги купуваш и која е цената? По колку гелови користиш во тура? Зборувам сериозна рута како што нагласив погоре во мојот претходен коментар, над 100 км и сл.
 
Од каде ги купуваш и која е цената? По колку гелови користиш во тура? Зборувам сериозна рута како што нагласив погоре во мојот претходен коментар, над 100 км и сл.

Ги купувам овде во Србија. А користам по еден гел, зашто зимам енергетски барови, банана и внимавам на хидрирање.
 
над 100 километри до кај 150 ... таа дистанца. Без пауза на пример, или само со една пауза. Со роад бајк
Тоа е гола вода плус и со роад таа дистанца е напорна како со МТБ да извозиш 25% помалку а тоа се некои 5 максимум 6 саати возење така да не ти треба никаков гел па дури и да е топло надвор туку само вода или Iso Olimp Plus ако сакаш да бркаш време.
 
5-6 саати тура без дополнување енергија? Се надевам дека е само удолница последните 2-3 саати.
 
Не се луди што порачуваат на два сата да се надополнува енергија. Иначе 5-6 сати може ако има големи елевации, а ако е пропорционално елевацијата со дистанцата тогаш сигурно за четири и пол максимум ке извози.
 
По колку гелови користиш во тура? Зборувам сериозна рута како што нагласив погоре во мојот претходен коментар, над 100 км и сл.
Препорачуваат 40-60г јаглехидрати на час, тоа е 1-2 гелови за секој саат, зависи од гелот. Секако зависи и од твојата тежина/напор, но неможеш само со гелови, јас најчесто носам електролити во вода/банани/барови и 1-2 гелови за поголеми тури.
 
Не се луди што порачуваат на два сата да се надополнува енергија. Иначе 5-6 сати може ако има големи елевации, а ако е пропорционално елевацијата со дистанцата тогаш сигурно за четири и пол максимум ке извози.
Која е најтешката тура што си ја возел и за колку саати?
 
Препорачуваат 40-60г јаглехидрати на час, тоа е 1-2 гелови за секој саат, зависи од гелот. Секако зависи и од твојата тежина/напор, но неможеш само со гелови, јас најчесто носам електролити во вода/банани/барови и 1-2 гелови за поголеми тури.
Голема и тешка тура е таа што трае од 20 до кај 23 саати и која на МТБ изнесува од 250 до 300 км а на роуд од 350 до кај 450 км.
 
Почнете да се едуцирате како да ги користите мастите од телото како главно гориво. Сум правел тури од по 7 часа во планина и доволни ми биле 3-4 чоколадца и редовно пиење вода.

Гелови требаат само ако се вози интензивно (на трки). Ако некој ви тврди дека треба и во рекреирачки тури да се користат, ве дезинформира.
 
Ок, ај малце математика. 1 час интензивно возење троши во просек 500-600 калории. Секако зависи од тежина/метаболизам/фитнес и други услови. За 7 часовна тура тоа е 3500 калории. Од каде таа енергија?

Немој да ми кажеш масти, така се топеле тие.

Fitness Instructors hate this one simple trick.

Неколу пати имам осетено што се случува кога ќе снемаш енергија, кога почнував , дали поради лошо планирање, потешка/подолга тура од планираното, итн. Ако се случи ова на сред планина, имаш 2 избори, се враќаш дома пополека или го буташ точакот нагоре.

Пак ќе кажам, збориме за интензивно возење/тренирање, не качување на планина со 22 заби напред, 36 позади, просечна брзина 6-7км/ч. Роад бике најчесто напред е 50/34, позади 11-12 до 28-34.

Друга работа, не ја знаеме ситуацијата на членот, можеби се спрема за трки, можеби само сака да го победи своето претходно време.
 
Јас сум најмногу за Урми :) ко ќе возам долги релации најчесто по 3-4 урми земам во текот на возењето. Урмата брзо се разградува и ја враќа снагата (силата) многу брзо. Исто така внимавам на хидирање, на секои 10-15 минути по голтка/две вода и нон стоп се хидрира телото така. Кога сме веќе кај геловите, лично сметам дека воопшто нема никаква негативна работа да се земе, не е кој знае што, сум земал досега гел на база на Кофеин и Таурин. Едноставно ја надополнува изгубената енергеија т.е брзо те враќа. Тоа е тоа, никакво негативно дејство. Мора да се храни мускулот, треба да се надохнади изгубента енергија, со интензивно возење или било каква физичка активност едноставно се трошат мускулите :)

П.С на долги стази земам со мене и чоколдо Snickers, Metro, Vitalia energy+ итн.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom