Атеизам - дефиниција

  • Креатор на темата Креатор на темата marcus
  • Време на започнување Време на започнување

marcus

струмички модератор
Член од
5 јули 2006
Мислења
5.378
Поени од реакции
131
Ајде да пробаме да ја разглобиме дефиницијата за атеизмот, свеста за атеизмот и оправдувањето на неговото користење во пракса.
Постојат многу видови атеизам...од Рационалниот, Натуралистичкиот, Психолочкиот ,Егзистенионалниот, Акусарискиот атеизам и некои други..
Еве да почнеме од почетокот..атеизмот е побуна против Бога и религијата и се засновува на разумот (ratio)..Обидувајќи се Господ да го замени со разумот...Дали успеал во тоа и колку...
 
Прво треба да почнеме со самиот збор, а тоа е атеизам, односно збор составен од еден збор „теизам“ кој значи верба, верување во надприродна сила, и „а“ што е негација.
Ако тргнеме од овој аспект атеизмот значи неверување во натприродни сили или божества и богови.
Е сега има повеќе причини што посотјат за тоа неверување тоа ќе оставам на вас подетално да ги разглобите и дефинирате како вам ви одговара, бидејќи не сум теолог, ама на пример јас не верувам во натприродни сили, божества и богови не поради тоа што јас имам нешто против верувањето туку едноставно што јас лично немам потреба да верувам во натприродни сили, божества и богови.

И маркус како што можеш да видиш погрешно ја почна темата, односно со предрасуда.
 
И во нивната дефиниција има предрасуда, односно нивната дефиниција е парадоксална, бидејќи кој рече дека мора да се верува во нешто.
Мене ми е сосема јасно дека атеизмот е негирање на божијата егзистенција ..но сепак во отсуство на Бог во твојот живот мора да те води нешто друго ..затоа јас го зедов рационалниот атеизам како почетна станица..оти аако не те води Бог мора да те води нешто друго..
 
Да , точно дека ме води нешто , тоа е мојата воља , мојот инстинкт мојот оптимизам , не ми треба некој “Бог„ да ми дава сила и насока..:toe:
 
Ајде да пробаме да ја разглобиме дефиницијата за атеизмот, свеста за атеизмот и оправдувањето на неговото користење во пракса.
Постојат многу видови атеизам...од Рационалниот, Натуралистичкиот, Психолочкиот ,Егзистенионалниот, Акусарискиот атеизам и некои други..
Еве да почнеме од почетокот..атеизмот е побуна против Бога и религијата и се засновува на разумот (ratio)..Обидувајќи се Господ да го замени со разумот...Дали успеал во тоа и колку...
Погрешно ги постави нештата...атеизмот не признава богови, односно смета дека не постојат, дека се имагинација.....како може да биде побуна, против кого?...самиот збор побуна претпоставува противник, во овој случај таков нема, а ако ги рачунаш противници тие што веруваат во фикции можеби викам само можеби, напишаното ти држи вода.
И не го користете зборот атеисти, тој е производ на црквата, да означи противник, ние кој по ваше не веруваме во измислици сме едностано луѓе кои се потпираме самите на себе. Значи само едноставно луѓе.
 
Атеист не човек што се бунтува против Бог, туку едноставно човек што верува дека Бог не постои.
Грчкиот збор "Ateist" е негација од зборот "teist" кој доаѓа пак од зборот "teos" што на грчки значи "Бог".
Префиксот "а" во грчкиот јазик означува негација. (Пример:tom = делив, atom = неделив.) Па оттаму теист е човек што верува дека Бог постои, а атеист е човек што верува дека Бог не постои.
 
атеист е човек што знае дека Бог не постои
 
атеист е човек што знае дека Бог не постои

Во тој случај, согласно грчката граматика, следува дека и теист е човек што знае дека Бог постои. :)

За сериозните ќе повторам:
Теист е човек што верува дека Бог постои.
Атеист е човек што верува дека Бог не постои.
 
атеист целосно го исклучува концептот на Бог...Бог не постои во неговиот разум ниту пак речник...само мора да го користи кога им докажува на теистите....
 
Во тој случај, согласно грчката граматика, следува дека и теист е човек што знае дека Бог постои. :)
Ме здоболе за грчката граматика
теист е човек што знае дека Бог постои.... не си го руши основниот концепт на религијата-верувањето
 
Атеистите не се луѓе кои го негираат бог, или било која религија.Атеистите се луѓе кои трагаат по било каков доказ дека господ навистина постои. Наједонставно-прашајте атеист зашто не верува во бог, ќе рече- Она што го гледам знам дека постои...ако се појави бог пред мене би верувал.

Во секој случај би ги нарекол трагачи по бога , него ли антихристи што стварно тотално никаква врска немат со антихристи.
Зборам за вистински атеисти не атеист , што се филма пред луѓе, а коа поминуе пред црква се крсти ко ненормален иако ги има доста многу мина ко ним.
 
Атеизамот би бил многу фина работа кога не би бил толку модерен и за таков да се декларира секој што го “забеало ливче у кладилница’’ или секоја што ја “откачил дечко“ али ради вакви и слични на овие примери станува нешто како “најмодерна религија’’и многу иритирачка појава
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom