Прочка

  • Креатор на темата Креатор на темата TpH_Bo_OkO
  • Време на започнување Време на започнување

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
Локација
Дома
Веб-сајт
www.trn.blog.mk
Денес се Поклади, Прочка, амкање јајца, утре - Чист понеделник, Велики пости. На Прочка помладите одат кај постарите на поклонение, барајќи прошка на греовите и прегрешенијата. "Прости ми! - Нека ти е просто!"

Иронијата на македонската судба се поигрува: токму на Прочка во Софија (Бугарија) двете скарани страни - нашата и нивната, ја потпишуваат Декларацијата за решавање на јазичната кавга.
 
Последно уредено од модератор:
Овој празник пред Чесниот пост е устроен за да потсети на духовниот карактер на постот. Му се посветува на проштевањето или посуштински на покајанието.

Според некои истражувачи на традиците и обичаите, во обичаите на православниот празник Прочка има античко-македонски елементи. Обичајот за простување постоел и во античка Македонија, но не и во античка Грција. Се цитира книга на Газепос за обичаите на античките Македонци:

"Во Македонија постоел религиозниот обичај 'проштевање' (прочка), односно 'исповедување', што во грчкото верување го немало."

Всушност, станува збор за два суштински елемента: простувањето и маскирањето на младите. Како и кај античките Македонци, младите се собираат и маскираат, па одат по куќи, слично како што тоа го правеле античко-македонските Менади.

Се разбира дека во денешното празнување на Прочка постојат и православни елементи, но фактот што Прочка обично се слави на почетокот на март (годинава порано), т.е. неполни 3 недели од почетокот на пролетта, е идентичен со пролетното празнување на античките Македонци кое и денес се одвива заедно со трите македонски главни празници-Лазара, Ѓурѓовден и Руса среда.

"Прости ми"-"Простено, прости ми и ти" е вообичаената формулација што си ја разменуваат православните христијани, пријателите, роднините, соседите.
 
По петричко му викаме прошка. Одиме при старите и кумовете да сакаме прошка. Палиме голем огин. Лацкаме jаица и бела алва.
 
Утре е прочка, во Прилеп има маскенбал:)
А вечерта се оди кај роднините на прошка.
 
Кој од кого ќе бара прочка?

Треба ли некои од политичарите да побараат прочка од народов?

Треба ли некои држави да бараат прочка од Македонија и од Македонците?

178457.jpg
 
Според некои истражувачи на традиците и обичаите, во обичаите на православниот празник Прочка има античко-македонски елементи. Обичајот за простување постоел и во античка Македонија, но не и во античка Грција. Се цитира книга на Газепос за обичаите на античките Македонци:

"Во Македонија постоел религиозниот обичај 'проштевање' (прочка), односно 'исповедување', што во грчкото верување го немало."

Всушност, станува збор за два суштински елемента: простувањето и маскирањето на младите. Како и кај античките Македонци, младите се собираат и маскираат, па одат по куќи, слично како што тоа го правеле античко-македонските Менади.

ke citiram i eden komentar od mojot blog:

Ksantika e praznik koj na procka ke se spojat zaedno
togas Makedonija vleguva vo cetvrtoto nivo
ova cetvrto nivo znaci deka site makedonci moze da komuniciraat so mislite
ke ima podobruvanje vo Makedonija
i ke zavladee zloto
jas taka slusnav
pa se nadevam deka ke bide taka

e taka

Se spoija Procka i Ksantika

fali uste lustracijata,za polesno da se objasni.

ovie ceromonii se povrzani so procistuvanje.
za Procka,Ksantika,Lustracija (prolet) narodot gi cistel domovite,perel,se prostuval,vojskata prinesuvala zrtva (kuche nadve) za lustriranje....

procistuvanjeto znaci odi si,izbrisi,unisti go....

gejcite nemoze da gi slavele ovie praznici,poradi poveke pricini,jas ke kazam sega edna.

zborot
pra-ucc-=driving away , removal , destruction Prasannar:nesvest:

Menadite
Koj cital za niv,znae,zvuk i mleko i t.n...
menAda=making the sound me ; a goat i t.n....

odam da jadam kadaif...
 
следната недела е ПРОЧКА.
Много е лесно да ја играш улогата на жртва, зашто секогаш друг е виновен.
Треба да стапнеш на сопствените нозе и да ја превземеш својата одговорност.
Затоа: сакај се себе си, прости си, прости и им на другите и живеј во сегашноста.
И ќе видиш како старата горчина и болка ќе ти се симнат од плеќите, како се оделуваш од нив и како портите на срцето ти се отвораат широко.

Прости им на сите .
Прости си себе си.
ИИИИИИИИ
Ти ќе бидеш слободен.
 
ДЕНЕС Е ПРОЧКА

На овој ден Небото бара прошка од Земјата затоа што и погрешило со громови, мразеви, поројни дождови. И луѓето еден од друг бараат прошка за грешките.


Од книгата „Така се зборува во Велес“ од Снежана Петрова – Џамбазова.

А на Прочка обавезно, ја, како младоженец, со мустаќи ќе ми направат, сето тоа, облечен, сестра ми ќе се направи како невеста и одеевме по роднините. Това одеевме докај двата саатот, откај десетте докај двата саатот и си се прибиравме дома. После постарите одеа, па кај постари луѓе на бакни-рака, на проштевање. Таа традиција е сочувана до ден-денеска. (Јордан Таќев, 1934)

Прочкари одеа ли? Одеа- сме се преправале, кое невестиче, кое машко така, сме оделе кај поблиските, па и некое париче коа ќе паднело па, колку сме биле радосни... Па тие, повозрасните, обавезно со протокал за жената, а за мажот – лимоњ. Се сеќавам, мајка ми, откоа ќе завршеле гостите, отприлика знаела кои повеќе ќе дојдат ... и после ќе земеше... кај татка и ќе претрчаше, ќе отидеше да... да се прости. (Магдалена Нешова, 1937)

На прочка се одело порано? Се одело преправени жените, ние на пример, имам јас и слики, преправени поручокта сме оделе, а сабајле машките. И поминуала у Велес, сеа кој бил како, коа сум била мала, мртовечка глава кол некој преправен е тогај ногу ме страеше мене... Сме испаднале надвор, ќе мине мртовечка ли, корска глава ли не знам сеа, тоа препраено високо и се сме бегале од тоа. Женските у невеста, у баба, така преправени... (Султана Здравкин, 1933)

Друг случај кога се собираа они беше на прочка, кога се амкаше кога се ставаше на... да висе горе, закачено на таванот со закачок, па се ставеше чушка, се ставаа друго, али и алва – онаа бела алва. Е тогај за белата алва сите се бореа да ја лапнат... Али не смее со раци да се фаќа, само со устата, така да, често пати децава сакале да ја фатат со рака и ќе не удрат по рака... Тоа беше интересни случаеви кога се среќаваа овоа родниниве во нашата куќа, нели... И тоа ми останало во впечаток, мислам дека беше интересен и најубав впечаток од сите времиња коо дете шо сум била... (Бојанка Андонова, 1918)
--- надополнето: 26 февруари 2012 во 09:20 ---


На Прочка момите и ергените си давале ишарет на Бит Пазар
Пишува Данило Коцевски

6C926D87B441DB4B8E391847E227B0FB.jpg


- Етнолозите и истражувачите на нашите верски празници и обичаи сметаат дека празникот Прочка или Поклади е меѓу најголемите христијански празници, иако еден дел од празнувањето влече корени и е поврзано со паганските обичаи. Покрај тоа што овој празник е вовед во најдолгиот - велигденскиот пост, тој изобилува со богати, разновидни обичаи, кои му даваат посебен белег. Една од неговите главни димензии е проштавањето, кога луѓето си бараат меѓусебно прошка за грешките. Во претстојниот пост требало да се влезе ритуално исчистен од гревот. Обично помладите бараат прошка од постарите и од родителите, велејќи: "Прости ми", а им се одговара со зборовите: "Нека ти е простено, од мене и од Бога". Притоа, оној што барал прошка, носел подарок, обично портокал, а во Скопје, велат етнолозите, се носел и специјално месен леб наречен чурек.
Преоблекувањето или маскирањето е карактеристичен белег при одбележувањето на празникот Прочка.
При преоблекувањето, најмногу се користеле народните носии, потоа градските носии а ла турка или а ла франга. Особено популарно било и носењето ромска облека која се шиела или се позајмувала. Во Скопје се преоблекувале и мажите, и жените, и децата. Понекогаш се комбинирале повеќе видови носии, а за жените важело едно строго правило. При начинот на забрадувањето, се разликувале оние што се мажени од немажените. Децата најчесто се издвојувале од останатите и според маските - сурати, кои ги носеле на лицето, а кои биле изработени од картон.
Популарно било фотографирањето во ателјеата кај познатите скопски фотографи. Фотографиите биле посебно делени меѓу роднините и пријателите. По фотографирањето, се одело право на Калето или на Плоштад каде што имало музика и разни други приредби. Пред војната се одело и на скопскиот Кеј, а постои и фотографија на девојки во народна носија, снимени во Офицерскиот дом.
Се подготвувала и богата семејна трпеза, како што е забележано, и тоа, печена кокошка, сарма, баница, баклава и кадаиф. По ручекот, следувал обичајот амкање, карактеристичен за Прочка. Се амка најчесто варено јајце врзано со конец или канап, прицврстено за сукало, за светилка или за лустер од таванот. Јајцето се вртело околу масата, и насобраните се обидувале да го дофатат со устата и извиците "ам, ам!" Оној што ќе го дофател јајцето, го служела среќа цела година. На крајот, по амкањето, се палел конецот или канапот и, според траењето на огнот, се гатало за должината на животот на некој член од семејството.
И за време на Прочка се палеле огнови кои се прескокнувале, што симболично означувало прочистување од злите духови. Неделата пред Прочка се нарекувала Бела недела и се јаделе само млечни производи. Денот по Прочка се нарекува Чист понеделник, кога почнува велигденскиот пост. Постојат повеќе приказни за денот Чист понеделник во Скопје. Со шпедитерски коли се одело во месностите Барутана или Тасино Чешмиче каде што се одржувале најразлични свечености.
Пред неколку години, Музејот на Град Скопје организираше една значајна и интересна изложба за празнувањето на Прочка во Скопје. Изложбата и каталогот, од кои се земени фотографиите за овој број, ги подготви етнологот Ангелина Крстева. Таму е изнесен еден помалку познат податок во врска со Прочка: "Седмицата пред Прочка имала и општествен карактер, особено кога немажените девојки и момчиња одделно, од различни маала во градот, предводени од повозрасен маж и жена, оделе на Бит-пазар, и на различни страни од улицата шетале. Ваквата јавна промоција имала цел овозможување на немажените/неженетите од различни маала да се видат, да си дадат ишарет со огледалце и, евентуално, да си изберат партнер. Девојките и момчињата, вклучувајќи ги и предводниците, повозрасна жена и маж, биле облечени во народна носија".
Во годините по војната, од идеолошки причини, верските празници главно се одбележуваа во потесниот круг на семејството, па така и празникот Прочка се одбележуваше со свечен семеен ручек и со амкање, кое претставуваше своевидно доживување. Но веќе кон шеесеттите години, во времето на нашето детство, сe почесто се одеше на Калето, а зурлите и тапаните кои се слушаа оттаму, беа сe погласни. Најпрвин децата, а потоа и возрасните, во сe поголем број се појавуваа на Калето во живописни народни носии, што беше вистински празник за очите. Старата традиција, полека но сигурно, повторно оживуваше. Веќе кон седумдесеттите и осумдесеттите години одбележувањето е многу помасовно, а покрај Калето, Плоштадот беше едно од главните места на празнувањето.
Прочка е. Време е да си простиме. "Прости ми". "Нека ти е простено, од мене и од Господа".:)
http://www.vest.com.mk/?ItemID=E2F864B8D8BC5F4FB8E4E51A2ED7E4B5

По ручекот, следувал обичајот амкање, карактеристичен за Прочка. Се амка најчесто варено јајце врзано со конец или канап, прицврстено за сукало, за светилка или за лустер од таванот. Јајцето се вртело околу масата, и насобраните се обидувале да го дофатат со устата и извиците "ам, ам!"
hamkane.jpg
 
prochka,,,,,kako retko koj praznik barem za moment go menuva neshiot mentalen sklop

na site shto sum im greshel neka mi prostat,,,,,,,,a od mene prostum neka im e na site

barem denes ne se raspravajte
 
Утре е Прочка.Во ушите се уште ги чуствувам звуците на зурлите и тапаните.
Зошто...живеев веднаш под ѕидините на Калето, до зградата на ЦК,урната по земјотресот,сега нешто лево над стоковна куќа„мост“. По земјотресот и ѕидините на тој дел паднаа до првите куќи,па народот си направи патека од тука право кон Калето. Уште рано наутро од страна на Камениот Мост имаше река луѓе, повеќето во народна носија,во што предначеа младите моми од скопските села и буквално низ нашиот двор се движеа кон прославата на Калето за Прочка која траеше цел ден.Ова опишано место беше познатото скопско Еврејско Маало,кое сега и не постои(нема жители).Тука беше и главната улица на Скопје во тоа време и по неа можеше да се стигне на Калето но малкумина ја таа тогаш користеа,освен оние што доаѓаа со конски коли,други коли како денешниве и беа реткост.Таа улица почнуваше пред старата железничка станица,па преку Камениот Мост,покрај Калето,помеѓу Централниот затвор и Касарните на Калето и француски гробишта стигаше до тетовска трошарина.Сега и таа е прекината и непостои.(Жалосно)
А со тоа и Калето стана понедостапно и празно,поготово за овие прослави за Прочка,кој оттогаш не беа веќе масовно посетени,дури се случуваше некој години да засвират по обичај ѕурлите и тапаните,но немаше на кого немаше горе на Калето посетители и тие малкумина кој доаѓаа остануваа на плоштадот,па така и овие свирачи беа приморани да се и они симнат на плоштадот. Ќе видиме утре како ќе се одвива прославата. Една жичара до Калето од плоштадот ќе го направи Калето пак наше-како некогаш, на Македонците.Мое.Како од детството мое.
 
Мислам дека само ние имаме ваков празник,да му простиш некому а и тој да ти прости.
 
Денес е прекрасен ден,искористете го максимално,сакајте се,љубете се,простете си и наздравите со чаша вино!
Морав ова да го цитирам- затоа што навистина е прекрасен ден :)

%D0%BF%D1%80%D0%BE%D1%88%D0%BA%D0%B0_large.jpg
 
Утре е Прочка.Во ушите се уште ги чуствувам звуците на зурлите и тапаните.
Зошто...живеев веднаш под ѕидините на Калето, до зградата на ЦК,урната по земјотресот,сега нешто лево над стоковна куќа„мост“. По земјотресот и ѕидините на тој дел паднаа до првите куќи,па народот си направи патека од тука право кон Калето. Уште рано наутро од страна на Камениот Мост имаше река луѓе, повеќето во народна носија,во што предначеа младите моми од скопските села и буквално низ нашиот двор се движеа кон прославата на Калето за Прочка која траеше цел ден.Ова опишано место беше познатото скопско Еврејско Маало,кое сега и не постои(нема жители).Тука беше и главната улица на Скопје во тоа време и по неа можеше да се стигне на Калето но малкумина ја таа тогаш користеа,освен оние што доаѓаа со конски коли,други коли како денешниве и беа реткост.Таа улица почнуваше пред старата железничка станица,па преку Камениот Мост,покрај Калето,помеѓу Централниот затвор и Касарните на Калето и француски гробишта стигаше до тетовска трошарина.Сега и таа е прекината и непостои.(Жалосно)
А со тоа и Калето стана понедостапно и празно,поготово за овие прослави за Прочка,кој оттогаш не беа веќе масовно посетени,дури се случуваше некој години да засвират по обичај ѕурлите и тапаните,но немаше на кого немаше горе на Калето посетители и тие малкумина кој доаѓаа остануваа на плоштадот,па така и овие свирачи беа приморани да се и они симнат на плоштадот. Ќе видиме утре како ќе се одвива прославата. Една жичара до Калето од плоштадот ќе го направи Калето пак наше-како некогаш, на Македонците.Мое.Како од детството мое.

ajde Anco, raskazhi ni ushte neshto za ovoj praznik
Chovekot e najgolem koga prostuva ili bara proshka
 
Мислам дека само ние имаме ваков празник,да му простиш некому а и тој да ти прости.

не, характерен е и за јужна Бугарија (Родопи, Странджа, Стара-Загора), а исто и за јужна Србија. Види мапата од А. Плотникова, Этнолингвистическаја географија јужној Славии:

ap_434m.jpg


ap_436.jpg
 
Прочка на скопското Кале 1963-1969 година.
ajde Anco, raskazhi ni ushte neshto za ovoj praznik
Chovekot e najgolem koga prostuva ili bara proshka
Секако Кул (јас толку малку знам со комјутериве,колку еве нешто да напишам)
Прекрасно беше тоа време-тие години да си на скопското Кале за време на овој празник - ПРОЧКА
Мислам баш таа цик-цак патека што сами си ја направија поситителите на Калето,а беше веднаш лево над бившата зграда на ЦК,каде сега е тој надвозник,а се познава местото што тие ѕидини се сега со нов камен ѕидани,а оној ѕид понатаму на источната страна кон кривината не падна и се уште е опстојува. Но таа патека прв јас ја користев,качуваиќи се на Калето да берам гранки од самоникливите багреми за моите зајци,ги имав стотина.Колку се израдував кога отворив една тема за „Скопје“ во македонски градови мислам и ја видов таа фотогравија со единствената куќа под Калето,каде беа и единствените наши комшии долги години по земјотресот-Срби.Многу добри луѓе и често ги спомнувам во темиве, а секако и баба Зора и нејзината пита од афион.Нека ми се јават правнуците ако случајно ова го читаат.
Таму од високите неколку дрва не се гледа и нашата куќа. А Калето е во целост во кадро.
Нели почнав да пишувам јас за Еврејското мало но престанав а треба да продолжам-но кого ли го интересира за Еврејското маало,рибарницата во Маалото,чешмите и др.
Еден наслов за ова Маало ќе гласеше и вака: Бунарите во Еврејското маало. Е кога сме кај нив еден беше и на Калето, и се уште е таму сигурно.Јас бев секој ден на Калето,да не речам и по цел ден. Во тој бунар со голема длабочина до нивото на Вардар ние деца а се најдеме таму обавезно ќе фрлавме внатре камчиња и ушите ги лепевме на железната решетка за да чуеме кога камчето ќе падне до доле и ќе тропне,а богами помонуваше долго-долго време додека го чуеме звукот од оздола.
Кој бил тие години на скопското Кале на овие прослави за празникот ПРОЧКА,сигурно добро се сеќава на големите шарени шатори,
и огромните звучници пред нив на некој столб,од кој на „српски јазик“ се повикува рајата-поситителите да присуствуваат на тие внатрешни забави во дотичниот шатор. Најповеќе имаше турканица на преставата наречена „ЅИД СМРТИ’“
Поточно ова не беше шатор како другите,туку еден дрвен голем цилиндер и доста висок, а внатре поточно прво надвор пред него еден силен мотор со заглушувачки уште посилен звук - уште поточно врева и бука која ги привлекуваше муштериите и ги повикуваше да земат билет,бидеиќи веќе е полно и преставата ќе почне. А сега за внатре,таму пак три такви силни мотори се забрзуваат и се искачуваат по ѕидот на смрта и возат цик-цак,односно еден врз друг, а публиката-гледачите се најгоре на арената.....
-----------------------------------
продолжува попосле: Што имаше во другите шатори и зашто во еден беше забранет влез за деца ( ама јас скришум влегов и видов)
_Што тоа виде Анчо во овој шатор на скопското Кале, а беше забрането,дали некој ќе погоди.[DOUBLEPOST=1393710468][/DOUBLEPOST]Picture 1286.jpg Скопското Кале,самоникливите багреми се уште на ПРОЧКА нерасцветени, и дрвениот цилиндер„ЅИД СМРТИ“
и јас со мојата сакана девојка (сега сопруга,поточно баба) во последните години од прославите на ПОЧКА на Калето 1977 - 1979 год.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom