Прочка

  • Креатор на темата Креатор на темата TpH_Bo_OkO
  • Време на започнување Време на започнување
Прочка на скопското Кале 1963-1969 година.

Секако Кул (јас толку малку знам со комјутериве,колку еве нешто да напишам)
Прекрасно беше тоа време-тие години да си на скопското Кале за време на овој празник - ПРОЧКА
Мислам баш таа цик-цак патека што сами си ја направија поситителите на Калето,а беше веднаш лево над бившата зграда на ЦК,каде сега е тој надвозник,а се познава местото што тие ѕидини се сега со нов камен ѕидани,а оној ѕид понатаму на источната страна кон кривината не падна и се уште е опстојува. Но таа патека прв јас ја користев,качуваиќи се на Калето да берам гранки од самоникливите багреми за моите зајци,ги имав стотина.Колку се израдував кога отворив една тема за „Скопје“ во македонски градови мислам и ја видов таа фотогравија со единствената куќа под Калето,каде беа и единствените наши комшии долги години по земјотресот-Срби.Многу добри луѓе и често ги спомнувам во темиве, а секако и баба Зора и нејзината пита од афион.Нека ми се јават правнуците ако случајно ова го читаат.
Таму од високите неколку дрва не се гледа и нашата куќа. А Калето е во целост во кадро.
Нели почнав да пишувам јас за Еврејското мало но престанав а треба да продолжам-но кого ли го интересира за Еврејското маало,рибарницата во Маалото,чешмите и др.
Еден наслов за ова Маало ќе гласеше и вака: Бунарите во Еврејското маало. Е кога сме кај нив еден беше и на Калето, и се уште е таму сигурно.Јас бев секој ден на Калето,да не речам и по цел ден. Во тој бунар со голема длабочина до нивото на Вардар ние деца а се најдеме таму обавезно ќе фрлавме внатре камчиња и ушите ги лепевме на железната решетка за да чуеме кога камчето ќе падне до доле и ќе тропне,а богами помонуваше долго-долго време додека го чуеме звукот од оздола.
Кој бил тие години на скопското Кале на овие прослави за празникот ПРОЧКА,сигурно добро се сеќава на големите шарени шатори,
и огромните звучници пред нив на некој столб,од кој на „српски јазик“ се повикува рајата-поситителите да присуствуваат на тие внатрешни забави во дотичниот шатор. Најповеќе имаше турканица на преставата наречена „ЅИД СМРТИ’“
Поточно ова не беше шатор како другите,туку еден дрвен голем цилиндер и доста висок, а внатре поточно прво надвор пред него еден силен мотор со заглушувачки уште посилен звук - уште поточно врева и бука која ги привлекуваше муштериите и ги повикуваше да земат билет,бидеиќи веќе е полно и преставата ќе почне. А сега за внатре,таму пак три такви силни мотори се забрзуваат и се искачуваат по ѕидот на смрта и возат цик-цак,односно еден врз друг, а публиката-гледачите се најгоре на арената.....
-----------------------------------
продолжува попосле: Што имаше во другите шатори и зашто во еден беше забранет влез за деца ( ама јас скришум влегов и видов)
_Што тоа виде Анчо во овој шатор на скопското Кале, а беше забрането,дали некој ќе погоди.
одлично Анчо, фала за времето што го одвои и го напиша овој интересен текст.Добро е човек да знае што имало, како било тогаш , како се славела Прочка - иако не е така оддамна , (а зборуваме и прашуваме ко да било пред цел еден век) .Јас веќе си создадов слика по твоево кажување -и можам да претпоставам дека било преубаво - плус се сеќавам братучетка моја ( која е постара од мене неколку години) имаше слики од таму сликана во селска носија на свои 2-3 години.
 
И луѓето еден од друг бараат прошка за грешките. Притоа секогаш помалиот бара прошка од постариот, децата од родителите, крштеникот од кумот, а се проштеваат и пријатели, роднини, соседи итн.

Денеска православните христијани го празнуваат празникот Прочка, ден кога со суво грозје, портокал или јаболко си ги простуваме гревовите и подавајќи рака си посакуваме здравје, среќа и љубов.

Откако три пати ќе се поклони помладиот му вели на постариот: „Прости ми!“ на што овој одговара: „Простено да ти е и од мене и од Господа“, а некаде се вели само: „Простено да ви е“.

http://kajgana.com/deneska-e-prochka-praznik-na-prostuvanjeto

ПС
болдираното не ми е јасно некако
дајте објаснување
 
Тоа се јаде на овој ден , бидејќи утре почнуваат Велигденски пости.
па баш од утре треба да се јадат- оти се посни
нееее, нешто друго е- сигурно има друго објаснување
 
На оние кои ви допринесоа и пред и по а поготово и за Велигден да постите,не треба да им простите.
па баш од утре треба да се јадат- оти се посни
нееее, нешто друго е- сигурно има друго објаснување
-------------
Мајка ми редовно секоја година,со нас заедно одеше кај дедо ми да бара Прошка за Прочка( се по ред со сите адети)
А од кога таа ќе заврши,не „тераше“ и нас децата да се простиме со дедо,а тој обавезно ни даваше по еден портокал после,т.с.веднаш
а мајка ми, му носеше тогаш некој подарок - рачно плетени волнени чорапи или појас,или ќе купеше шубара.[DOUBLEPOST=1393793207][/DOUBLEPOST]На скопското Кале 60-70 години од минатиот век - празник ПРОЧКА
Не само што на овој празник доаѓаа оние лица од скопските места-села,и тоа во народна носија,туку секако и од цела Македонија.
А тие години во Скопје се доаѓаше,ако имаш потреба (најчесто за во „државна“) секако со возевите или старине автобуси.
Но за ПРОЧКА се доаѓало и од подалеку,поготово ако имаш и некои роднини тука, а дали и на други места се славело вакви слави,
или пак општонародни панаѓури незнам,на пр.во Прилеп 65-70 г. или во Струмица,дали тогаш имало карневали како годинешниве.
На Калето кажав а повеќето и се сеќаваат за таа прослава на ПРОЧКА,можеби присатноста на народ била и над 100.000 илјади.
Рано наутро прво ќе се јават зурлите и тапаните,а потоа цел ден тие се главна атракција,околу нив секогаш имало најповеќе народ,
и јас најповеќе време трошев баш таму,толку ме исполнувало тоа играњето на „Тешкото“,ми се полнела душата,срцето ќе ми пукнело,
а тој ореводецот на сите места каде се играло „Тешкото“- прав провесионалец-самоук,веројатно и од мијачките села,тогаш веќе беа
овде во голем број доселени.Па кога ќе се качи на тапанот и врти со тоа марамата,е тоа е доживување кое повторно толку сакам да го доживеам и баш таму на тоа место на скопското Кале (кога беше наше) а не во Универзална сала,не е тоа исто ни најмалку,таму е вештачко на теписи и теписони ,не се крева прашина кога тоа „Тешкото“ ќе го убрзаат,како таму наКале,на земја,наша македонска.
Ај пак да се навратам за шаторите.Ги имаше по целото Кале,најповеќе кај источната кула и лево од ресторанот.А тезгите со дрангулии и разни игри на среќа беа по целата патека кон западната страна на Калето, таа патека беше и за цело време на празникот ПРОЧКА и како дневно корзо,исто онака како што тоа беше навечер она старото скопско корзо,а и со иста намера-гледање и бендисување.
----------------
Еден шатор привлекуваше посебно внимание. Еј за тоа време да,а сега незнам дали и би имал посетители.Во тој шатор во големи затворени тегли со некаква течност и наредени на сталажи слично како да си во некои „анатомен“ музеј,имаше што да се види.
Затоа што тоа што беше во теглите и тешко можеше да се види на друго место, а и такво било времето,море и на некој живот им поминал па п..... со очи не виделе.Да ,овде можеше со свој очи да ги видиш половите органи-гениталии,машки и женски. Незнам точно која беше рекламата на ова,мислам дека беа тоа половите болести прикажани на нив. Но имаше и некои други работи внатре.[DOUBLEPOST=1393794046][/DOUBLEPOST]Picture 1335.jpg Picture 1334.jpg Picture 1333.jpg Picture 1332.jpg Picture 1330.jpg Picture 1331.jpg Picture 1329.jpg Picture 1328.jpg Picture 1327.jpg скопското кале од „моја страна“
на овие места често се качувава тие години,кога бев еден немирен копиљ во Еврејското маало,и сега пак по 50 години (за вас)
затоа што не верувам дека некој друг бил на овие места а ете ги пред вас,карши владата -погледнете, и ај качетесе таму....?!?
 
Последно уредено:
Во Вевчани Прочка се слави напоинаков начин, наместо маскенбал се пали оган. Односно се прават ,,колиби''
Само кај нас не се пали оган на Бадник и нема Бадниково лепче. Замена за тоа бадниково лепче е кашаникот(во кој исто се става пара) кој се прави на првиот ден од православна нова година т.е. на Карневалот. Исто кашаник се прави и за Поклади само без пара.
Малце забегав од темава :D

Иначе еве како изгледаат ,,колибите''

1798258_10201417660557221_464463294_n.jpg


1888634_735518403147474_1208624374_n.jpg





И еве како изгледа и каде се приготвува кашаникот. Ако навраќате некогаш на кај Вевчани, обавезно да го пробате, го има во сите реторани.
1011048_10201417670517470_1875815010_n.jpg
[DOUBLEPOST=1393873858][/DOUBLEPOST]Заборавив да кажам, ,,колибите'' се палат на полноќ
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom