- Член од
- 16 март 2007
- Мислења
- 317
- Поени од реакции
- 20
Да не ти ја кршам поентата,ама не ми е јасно од каде тука се извади заклучокот дека нема судбина,туку само Господ?
Еве дури,да го анализираме текстов:
Стариот човек го прашува младичот,дали некогаш помислил дека ќе добие шамар од него.Овој одговара одречно,бидејќи,воопшто,ниеден дел од текот на настаните не му навестил дека тоа ќе се случи.Можеби тоа го сметаш за доказ на постоење?
Ама сепак,иако порано ништо не навестувало на акцијата што ја преземал старецот,младичот ја иницирал во моментот,со прашањето што го поставил,т.е Дали постои судбина.
Старецот го удрил,со одредена цел,со некоја поента,која сакал следствено да ја докаже.Значи цел настан е претходно свесно обмислен од човек и има своја крајна точка,мотив,амбиција до која што води во блиска иднина.
Нема ништо натприродно во сево ова,туку само размислувањето на едно човечко суштество,и неговата идеја за еден (можеби) апстрактен поим-судбина,како и начинот на којшто е способен да го објасни сето тоа.
Каде гледаш интерференција на виши сили во сево ова?
Јас не реков дека во конкретниов случај има интервенција од Бог, ти се молам зар требало Бог да се симне, да му ја земе раката на старецот, да го удри младиот итн. Ама ај да почнеме од тоа кој му ја дал мудрост на старецот за таков одговор? Нели во приказната имаше дека младичот ги прашал сите образувани во светов признати за паметни луѓе.......ама Бог решил преку невиден старец да му даде мудар одговор.....иначе ај те молам кажи ми како мислиш ти дека Бог делува.....преку птици, камење, нормално преку луѓе, не ја гледам поентата на твоето размислување.....на Бог не му е тешко и било какво чудо да направи и да Му се покажел на младичот, ама Бог сака од љубов да Му веруваме, зашто поблажени се тие што не Го виделе а Му веруваат.
Еве на пример ти ако и кажеч на жена ти дека си бил таму и таму, а таа не ти верува, сигурно повеќе би сакал да ти верува на зборот, отколку да ти поверува откако ќе и дадеш докази....се надевам ми ја сфати поентата.
Значи јас не го посочив непостоењето на судбина како доказ за постоењето на Бог, ама сакаш ти верувај или не Бог постои и се ама баш СЕ е во Негова контрола.....:helou: