Планинарење

  • Креатор на темата Креатор на темата EVIL-B
  • Време на започнување Време на започнување
Минатата година не знаевме што не снајде на турава, се заледивме од ветер и снег...
 
Па и сега се прогнозира нешто слично. Зимава, во декември, тие што беа на Титов се вратија поцрнети од сонце. Над 2500 м. никогаш не се знае. :)
 
измрзнавме како пизди :D, премногу силен ветер имаше, на моменти буташе на земја

LkcNBms.jpg

i8sVYP9.jpg

vyNYlhv.jpg
 
Темава е мислам вистинското место за информација како оваа:

Македонската алпинистичка федерација ги поканува сите свои членови на традиционалниот меморијален алпинистички собир „Македонски алпинистички великани“, кој ќе се одржи за време на викендот 10-ти/11-ти мај во кањонот Матка.

Во исто време МАФ упатува и јавен повик до сите заинтересирани (планинари, рекреативци...) коисамо сакаат да пробаат да качуваат, кои сакаат да почнат да работат алпинизам, кои сакаат да научат да бидат самостојни и безбедни во планините и да ги научат алпинистичките техники од искусни алпинисти и инструктори, дека во текот на овој Меморијал, на 11-ти мај (Недела), МАФ ќе организира „отворен ден“ во текот на кој сите заинтересирани ќе добијат соодветно основно запознавање со алпинистичката опрема и основните техники на качување на карпа, а потоа ќе можат да продолжат со алпинистичка обука во еден од алпинистичките клубови, членови на МАФ.

Официјалниот почеток на програмите ќе биде во 8 часот наутро на 10-ти и 11-ти мај, во дворот на манастирот Св. Никола. Отворениот ден ќе започне во 10 часот на 11-ти мај.

Така да кој сака да проба качување на карпа, нека повели во недела 11 мај во 10 часот.
 
....би сакал да присуствувам..:(...но во исто време е и Скопскиот Маратон каде што сум волонтер

често се случува да нема никакви случувања и активности (спортски, културни, музички), а потоа во ист термин на неколку различни локации да се случуваат настани...па човек мора да одбере каде да отиде и да жали што не може да отиде на останатите
 
Да собирот е убав настан, но ние редовно качуваме, и ако сакаш може да ни се придружиш некогаш. Слободно пиши ми во ПП
 
Занимавам се со аматерско планинарење,најчесно организација со 2-3 другари и правиме искачување на некој врв,а понекогаш одиме и со некое планинарско друштво на некојја акција.Немам членска книшка од планинарско друштво, па ме интересира што поволности или предности би имал ако извадам? (освен печатите од секоја официјална планинарска тура што е заведена во федерација на планинари).
 
Ништо посебно, ако си ги знаете планините немате гајле...
планинарскиве друштва се претежно за дружба ако нема некој па да се уклопи.
 
Ме чуди олку слаба актиност на темава, а барем годинава имаше еден куп походи и искачувања, не знам како било другите години, јас годинава повторно почнав да се искачувам после дваесетина години пауза. :)

Еве едно мое кратко видео од Кобилица од пред три дена.

Беше тешко и напорно, ама прекрасно кога се најдовме на врвот.

За неполни две недели во организација на ПК Тетекс и ПК Јелак не чека следново:

10524364_1460202554241836_5673916187346628142_n.jpg

Па повелете. ;)
 
Занимавам се со аматерско планинарење,најчесно организација со 2-3 другари и правиме искачување на некој врв,а понекогаш одиме и со некое планинарско друштво на некојја акција.Немам членска книшка од планинарско друштво, па ме интересира што поволности или предности би имал ако извадам? (освен печатите од секоја официјална планинарска тура што е заведена во федерација на планинари).
Јас имам од трета средно изведено, ми земаа 200д. еднаш ми заверија тура преку пл. друштво ,,Серта'' и толку. После тој пат уште 3-4 пати се имам качувано, повеќе школски тури, и што? Ништо. Мислам за џабе ја извадив. Ниту имаш нешто плус, ниту пак те сметаат како нешто плус. Можеби и не сум се заинтересриал повеќе за тоа што ми следува, дали само обични известувања кога и каде ќе има тура, или пак нешто повеќе. Мој предлог е да не се замараш за книшка, ако си одиш рекреативно, немај си гајле.
 
Малце слики од мене.

Murgas30.jpg

Поглед од врв Кула. Лево масив Јакупица, десно Скопска Црна Гора, центар Шар планина.

DSC07009.jpg

Сртот пред Љуботен.

DSCN7050.jpg

Мал турчин и Титов врв

IMG_7692.jpg

Остри врв - масив Јакупица

IMG_8648.jpg

Црн камен, Скопска Црна Гора.

:D
 
Иде некој на Кораб сега на 7-ми? Гледам на yr.no прогнозираат дожд.
 
И јас најверојатно. :)

Што се однесува до Титов Врв на 24 август, турата беше прекрасна, и да не беше оној проклет ветер, ќе беше можеби една од најубавите тури годинава.
Ветерот просто корнеше, па се случуваше да летаат капи, шешири и марами и да се трча по нив.
Инаку искачување за приближно четири часа, враќање за три на врвот од прилика околу половина час (не можеше повеќе поради ветерот).
За жал, мене ми се испразни батеријата (приметив пред да почне качувањето), така да нема фотки од ова искачување. :(
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom