Сигурна љубов

  • Креатор на темата Креатор на темата Сатори
  • Време на започнување Време на започнување
На сето овоа имам а дадам коментар дека е само една тинеџерска помешаност на поимови.:pos2: Како прво како би можела да бидеш сигурна дека се заљубуваши и одљубуваш во други машки???Тоа не ми е малце логично...И мој совет ако на пример некогаш дојде ред да се вљубиш на вистински начин тогаш:чувај си го оноа што го сакаш за да го имаш инаку многу лесно ке го изгубиш и потоа ке ти остане само да се каеш.И имам уште еден заклучок да ти дадам...немој да ми се налутиш но според мене ти уште делуваш како неискусна во вистинската љубов:smir: .А за флертот и заведувањето имам да прокоменмтирам дека е навистина интересно но не е и најинтересно...секогаш има поинтересни работи само треба да ги побараш околу тебе.Од интересното има и уште поинтересно!И конечен заклучок за темава одмене е дека...неможеш да бидеш сигурна восебе дека не сакаш,или да бидеш сигурна дека се вљубуваш во други додека го држиш зарака љубениот ти.Многу си збунила некој работи...:toe:


A дали негде Сатори рече дека за неа се работи? Прашваше општо, шо мислиме ние за та работа.
И ако читаш постој ќе прочиташ дека сама кажа дека досега се има еднаш заљубено и дека само него и го гледале очите.
 
Ако се заљубуваш и одљубуваш толку лесно,уствари не си се ни заљубил.Кога се заљубуваш тоа што го чувствуваш кон некого е толку силно што немаш време да гледаш други и да мислиш на други.

Сигурна сум во својата љубов и кога сакам,сакам чисто без ограничување,се посветувам целосно ако е вредно и на таков начин го гледам само него.

Заведувањето и флертот се интересна работа но има толку поубави нешта од неизвесноста...Уживање во бакнежите и прегратките...fiksna:
 
Дали мислите дека е возможно, да бидете сигурни во својата љубов, но ете бргу да се вљубувате и одљубувате во други мажи/жени?
Зошто би го правеле тоа?
Зарем тоа не значи дека љубовта сепак не ни е така сигурна?

Или навистина играта на заведувањето и флертот е најинтересното нешто на светот.:pipi:



Мене ми е секогаш тешко да дефинирам дали се работи за љубов или за нешто друго. А најчесто успевам да дефинирам токму по оваа „сигурност“. Ако само тој ми е во умот и никој друг не ме привлекува, ако сакам да поминувам што е можно повеќе време со него, ако имам пеперутки во стомакот... Тоа е сигурно љубовта:) И тогаш нема простор за сомневање во себеси.

Флертот и кокетноста немаат некоја голема улога во „заљубеност“ моментот. Има луѓе кои природно им е да се однесуваат така, да „флертаат“ со други. Тоа не значи ни дека ќе направат нешто со другите, ни дека не се веќе заљубени и сигурни во таа љубов.
 
Дали мислите дека е возможно, да бидете сигурни во својата љубов, но ете бргу да се вљубувате и одљубувате во други мажи/жени?
Зошто би го правеле тоа?
Зарем тоа не значи дека љубовта сепак не ни е така сигурна?

Или навистина играта на заведувањето и флертот е најинтересното нешто на светот.:pipi:

Мислам и сигурна сум дека е возможно да биде човек сигурен во својата љубов кон некого. Па ако не сум во тоа сигурна, во што друго би била.
А кога сум заљубена дали можам да се заљубам во друг? Тоа не. Ако ми фатат очите друг некој, веќе си знам дека нешто не е во ред т.е. дека љубовта ако била присутна, веќе ја нема, барем кај мене.
А тоа дека играта на заведување и флертот се интересни е точно, но кога сум слободна. Кога не сум, немам интерес за друга личност.:toe:
 
Мислам и сигурна сум дека е возможно да биде човек сигурен во својата љубов кон некого. Па ако не сум во тоа сигурна, во што друго би била.
А кога сум заљубена дали можам да се заљубам во друг? Тоа не. Ако ми фатат очите друг некој, веќе си знам дека нешто не е во ред т.е. дека љубовта ако била присутна, веќе ја нема, барем кај мене.
А тоа дека играта на заведување и флертот се интересни е точно, но кога сум слободна. Кога не сум, немам интерес за друга личност.:toe:

Комплетно се сложувам со Дивајн.

Да, кога сум во врска можам да бидам сигурна во она што го чувствувам и да не се сомневам дали има или нема љубов.
Но во исто време нема теоретски шанси да бидам заљубена во некој друг од проста причина што ЈАС сум насочена само кон мојот дечко и не ми е потребен уште некој.

Тогаш кога ќе почувствувам дека ми треба нешто друго и дека не сум задоволна значи дека љубовта ја снемува, бидејќи љубовта која треба да му ја пружам на партнерот е наменета само за НЕГО, а не да ја поделам на уште 3ца, тоа значи дека за никој од нив немам вистинска љубов.

И да, флертот е интересен, но само кога сум слободна, бидејќи ( како што кажа Дивајн ) кога сум во врска немам интерес за други и целата љубов ми е насочена кој една личност.
А и плус, каква е таа особа која флертува со други и тоа го смета за интересно, а во исто време е во врска со некој/а кој/а што наводно го/ја љуби?!
Зарем некој може да има образ да го изневерува оној кој го љуби без страв дека покрај таквото однесување може да го загуби?
Не сум баш сигурна дека тоа е љубов.
 
Потполно се согласувам со Дивајн и Маwечко.Неможе да бидеш заљубен и да си со таа личност во врска а на страна да се заљубуваш.Ако се случи такво нешто значи не си заљубен во личноста која е со тебе.Не ми е јасно како може некој да го обожаваш и да го сакаш и си заљубен во таа личност а да флертуваш или да се заљубуваш во друга личност,а при тоа си сигурен во својата љубов?Малку темава ми нема смисла ама ај.
 
:pos: Потполно се согласувам со Дивајн, Маwечко и sunshinebaby. Кога е човек заљубен не може да сака некој друг. Но од друга страна, секогаш кога човек мисли дека е заљубен и дека тоа е вистинската личност за него треба и да знае дека од таа личност има некој таму некаде кој е подобар и кој повеќе ќе го сака. Затоа работите се ставаат на кантар, па што натежне повеќе. Е сега, ако вагата е расипана малку, тогаш може и да се заебе човек.

Инаку муабетот на Сатори мислам дека не е на оваа тема. Ова е тинејџерски муабет за сериозни чувства. Сака да каже дека е нормално човек да се заљуби и одљуби брзо колку што се заљубил. И тоа е нормална карактерна особина на некои луѓе. Други, тешко се заљубуваат, а кога ќе се заљубат е готово. Така што драга Сатори, не бери гајле... ќе се мачиш со таа особина, одлика на лабилен карактер е. Али, јебига, што можеш... :toe: (уствари, би можело да прашаме стручни лица, дали има начин да се смени.)
 
ми се случило да сум со некој во врска и да сум заљубена во него,но во исто време да ми се допаѓа некој друг.секако,не сум помислила на изневерување,но едноставно тој ми бил некако привлечен за очи,crush што би се рекло на англиски.но брзо го заборавив:)
но ако брзо се вљубуваш во и одљубуваш од некој тоа значи дека не си го сакал/а вистински,не била вистинска љубов туку онаа поминлива баш тинејџерска заљубеност:pipi:
 
Јас само ќе кажам дека НИКОЈ не е совршен.
Кој сфати, сфати.. Кој не, ќе се потруди и ќе сфати :smir:
 
Ќе ја избегнувам темава и нема да коментирам. Не за друго, за мене има разлика меѓу љубов и заљубеност како поими, секако нема да сум разбрана.
Само ова...
Но од друга страна, секогаш кога човек мисли дека е заљубен и дека тоа е вистинската личност за него треба и да знае дека од таа личност има некој таму некаде кој е подобар и кој повеќе ќе го сака. Затоа работите се ставаат на кантар, па што натежне повеќе. Е сега, ако вагата е расипана малку, тогаш може и да се заебе човек.
Ако си заљубен и сакаш, нема ни да помислиш на тоа дека можеби некаде има некој подобар кој повеќе ќе го сакаш. А треба навистина нешто во тебе за да си ги препознаеш чувствата и да си сигурен во нив.
 
Ако си заљубен и сакаш, нема ни да помислиш на тоа дека можеби некаде има некој подобар кој повеќе ќе го сакаш. А треба навистина нешто во тебе за да си ги препознаеш чувствата и да си сигурен во нив.
Затоа љубовта се бара со срце а не со разум. Но човек без разум е луд.
 
Дали мислите дека е возможно, да бидете сигурни во својата љубов, но ете бргу да се вљубувате и одљубувате во други мажи/жени?
Зошто би го правеле тоа?
Зарем тоа не значи дека љубовта сепак не ни е така сигурна?

Или навистина играта на заведувањето и флертот е најинтересното нешто на светот.:pipi:
Значи едно конкретно прашање со уште поконкретен одговор: Не е возможно.
Игрите си се игри, и тоа не значи дека си се заљубил во оној/онаа со кој/а флертуваш (ова не дека одобрувам флертувње додека си во врска со друга личност, ама се случува).
Инаку да, флертувањето најверојатно би се случило ако не си сигурен/а во љубовта спрема одредена личност.
Инаку и јас се согласувм со Дивајн, Fortune, Маwечко и sunshinebaby.:pos:.
ПС: Викторгг, ти ми беше малку конфузен. (:pos:).
 
Дали мислите дека е возможно, да бидете сигурни во својата љубов, но ете бргу да се вљубувате и одљубувате во други мажи/жени?
Зошто би го правеле тоа?
Зарем тоа не значи дека љубовта сепак не ни е така сигурна?

Или навистина играта на заведувањето и флертот е најинтересното нешто на светот.:pipi:
Малку е контрадикторно СИГУРНИ ВО СВОЈАТА ЉУБОВ и бргу да се вљубувате во други мажи и жени. Ако си сигурна дека го сакаш некој, не може нечиј друг изглед или однесување да направи да се вљубиш во друг.Може само да ти се допадне, физички или карактерно. За повеќе е невозможно ако си СИГУРНА во својата љубов кон друг маж.
ЗОШТО БИ ГО ПРАВЕЛЕ ТОА? Од нестабилност, од НЕСИГУРНОСТ ВО СВОЈАТА ЉУБОВ, од страв дека сакаат само еден и дека засекогаш ке го сакаат, од слаба самодоверба, од недоволно возвратена љубов.
А заведувањето, т.е. флертот нема никаква врска со заљубувањето.Може да се случи да флетуваш со некој и покрај тоа што си сигурна во својата љубов кон друг, но тој флерт да трае 10тина секунди.Не повеќе оти тоа е веќе покана за разговор и повеќе.Само заради забава, моментално подигање на егото, моментално душено уживање.Но сепак не го оправдувам ни малиот флерт, бидејќи ако човекот во кој си вљубена не ти остави впечаток за самата себеси дека си одлична жена, убава, паметна итн, тогаш не те сака или не го сакаш доволно.Тогаш обично жената или мажот флертува.
А флертот е најзабаното нешто на светот!?!?! Претпостваувам мислиш на светот на љуботвта. Па баш и не, според мене. Најзабавното нешто во овој розов свет е кога после цел викенд минат со љубената личност, првите неколку саати се смешкаш за ситниците кои ви се случиле, и како луда некоја одиш по улица и одвај се воздржуваш да не се насмееш на глас.:smir::smir::smir:
 
~*~

Најзабавното нешто во овој розов свет е кога после цел викенд минат со љубената личност, првите неколку саати се смешкаш за ситниците кои ви се случиле, и како луда некоја одиш по улица и одвај се воздржуваш да не се насмееш на глас.:smir::smir::smir:

Јас тоа го правам и без да бидам заљубена, се смешкам или се смеам силно на глас кога сонцето се прелива на небото или некоја добра песна ќе ми пуштат на радио додека одам наутро на училиште со слушалките или не знам кога се е розово.

Нема потреба да бидеш заљубен за да бидеш среќан.А флертот како флерт е секогаш интересен, но ... љубовта е многу поинтересна.:devojce:
 
Затоа љубовта се бара со срце а не со разум. Но човек без разум е луд.
Љубовта се бара со разум, а срцето стапува на сцена откако ќе заклучиш дека фиљан чоек е тој тој:)
Така ем паметно ќе си одбереш човек, ем ќе си го сакаш со цело срце. И никој нема да испадне луд:vozbud:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom