Кога МЗТ ќе стане шампион?!? Има еден виц, сеа ќе го преиначам.
Одишле кај дедо Боже навивач на Неготино, Кочани и МЗТ (некој како мене) и прв влегол навивачот на Неготино и го прашал: Дедо боже кога ќе стане Неготино шампион?
- За 50 години, чедо - рекол Господ, и тогаш овој на Кочани почнал да плаче.
- Зошто плачеш - прашал Господ
- Па како да не плачам, нема да доживеам
После него влегол тој на Кочани и го поставил истото прашање
- За 100 години чедо - му рекол Господ и овој од Кочани почнал да плаче, па Дедо Боже јас нема да доживеам - му рекол на Господ и си отишол
На крај влегувам, јас, навивач на Мзт и го прашувам
- Дедо Боже кога Мзт ќе стане шампион?
ТУка Господ почнува да плаче ли плаче.
- Зошто дедо боже плачеш?
- Затоа што јас нема да доживеам МЗТ да стане шампион
Ти десет години си навивач? Јас од 8 години сум во таа скапана сала, секоја утакмица. Сеа имам 21 значи 13 години одам редовно и скоро сите утакмици сум ги гледал, порано имам и плачено, ама светло на тунелот не гледам.
А за денеска, изгубија затоашто немаа срце да изгинат, не дека со борбеност ќе победеа ама ќе ја направеа утакмицата поинтересна. Да бидеме објективни Работнички е 10 класи на МЗТ, а и институцја е. И да дојде некогасш тесно судиите ќе си ја завршат работата.
И како секоја година на крајот ќе си речеме:
Ај догодина