Фан Клуб Р.К. Преспа-Ресен

  • Креатор на темата Креатор на темата Chombe_United
  • Време на започнување Време на започнување
Преспа vs Вип 27-26

Ресенскиот ракометен клуб, РК ПРЕСПА го совлада ВИП, поранешен тутунски комбинат од Прилеп со 27:26.

Ракометарите на ВИП 2007 остануваат најзагрозен тим за испаѓање од машката Супер Вип лига и пропуштија голема шанса да се вратат со бод од гостувањето во Ресен, со што би ги зголемиле шансите за опстанок.

Прилепчани не го реализираа последниот напад со кој можеа да израмнат.

Сега ќе мора да бараат нови бодови на гости, но, и да чекаат кикс на другите.П

Ресенчани кои победија со 27-26, постојано водеа со 2-3 гола во текот на средбата, но, дозволија на полувреме да биде нерешено. Во продолжението иста слика како во првиот дел. Домаќините водеа, а гостите стигнаа да израмнат во последната минута на 26-26. Преспа преку најдобриот стрелец Влатко Тасевски, кој со 12 гола беше и најефикасен на средбата им донесе на домашните предност 27-26.
 
Im ja dadovme be, a vo sabotata pobedivme za niv protiv VIP. Si go imame natigo dajmigo:)
 
Се е со врски бе Лозар, ако ти го мразиш Јунајтед.
 
РК Преспа повторно ќе оди во Челинџ Купот

Металург оди во Лигата на шампионите, Вардар во Купот на победниците на куповите, Пелистер во Купот на ЕХФ, а Младост и Преспа се првите кандидати за настап во Челенџ купот.
 
Средношколците од Ресен најдобри!

Младите ракометари од Ресен, ученици во Средното општинско училиште „Цар Самоил” се победници на Гимназијадата која се одржа во Струмица , со што уште еднаш ја потврдија доминацијата во овој спорт која ја имаат последните неколку години.

За овој голем успех на ресенските младинци, нивниот тренер и професор по спорт, Методија Карапалевски,вели:

-Успехот на ракометарите не е случаен, туку е резултат на традицијата која ја има Ресен во овој спорт, односно тоа е плод на добрата работа на двата младински ракометни клуба Младост и Преспа. Нашите ученици се и членови на тие клубови, а нивната работа ние само ја прилагодуваме на нашите потреби.

Годинава за прв пат на оваа Гимназијада ресенското средно општинско училиште се претстави и со екипа во мал фудбал, а на своето деби го освоија третото место. Карапалевски за овој успех, вели:

-Успехот на оваа екипа која дебитираше и го освои третото место се должи исто така како и кај ракометот, на тоа што неколку средношколци тренираат во Чоки Преспа С и настапуваат во Првата лига.

Покрај Методија Карапалевски екипите ги предводеше и професорот по спорт Митко Еф-тимовски, а сите спортисти упатуваа благодарност за директорката Славица Божинова, која им обезбеди учество на зонските и меѓузонските натпревари.
 
brovo be decata na cane rapo jaki ti bile
 
Ne se site od tamu, podeleni se od dvata kluba, po pola se. Koga Prespa vlegovme vo Super Liga, pola deca od Mladost dojdoa kaj nas i sega ne se site od tamu.
Sepak imame dobra generacija i se pokazuva deka Resen e rasadnik za mladi talentirani rakometari.
Ovaa sezona kako i prethodnata igrame so nasi sili, bez nikoj od strana i toa e najgolem uspeh!
 
Чомбе си го заборавил фан клубот Преспа да му додаваш свежи информации за ракометарите и фудбалерите од РК ПРЕСПА и ФК Преспа.
Поздрав
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom