Проза или поезија?

  • Креатор на темата Креатор на темата mz.LoVeLy
  • Време на започнување Време на започнување

Поезија или проза?


  • Вкупно гласачи
    84

mz.LoVeLy

patience...
Член од
16 февруари 2008
Мислења
158
Поени од реакции
5
Што најмногу сакате да читате - проза или поезија?
Дали стиховите успеваат да ве разнежнат и опуштат или пак тоа можи да го направи некој добар роман?
Дали сте строго определени: "читам само поезија и ништо друго или обратно" ? Или пак читате се' - без разлика дали е проза или поезија, само да е добра книгата....(на крајот да можи да се извлечи некоја поука од неа:))

Јас не знам зошто ама поезија немам никогаш читано,а и не верувам дека некогаш ќе читам (немам ништо против поезијата - да не ме сфати некој погрешно). Повеќе сакам да си читкам некои мистериозни романчиња кои ме држат во неизвесност се до крајот.

А Вие?
 
ВЛАДИМИР ШОПОВ

Од врвот на планината Галичица Заратустра
Ги здогледа десно Охридското лево Преспанското Езеро
Зараустра остана без здив во градите
ВИДОВ МОРИЊА И ОКЕАНИ
ВИДОВ РЕКИ И ЕЗЕРА
НО ОВА СЕ ОЧИТЕ НА СВЕТОТ
Потоа скокна во Охридското езеро нуркајки се во длабочините

Пред главната Градска Порта од човечки зеници
Мртов стражар го виде и проговори
СТОЈ МУДРЕЦУ
ОВА Е ГРАДОТ ШАРЕНА КРАВА НА СЛЕПЦИ ШТО ГЛЕДААТ
ОД СМРТТА НА ПРЕСВЕТЛИОТ ЦАР
ВО НЕГО НЕ СТАПНАЛА НОГА НА ТУЃИНЕЦ
ОДИ СИ ОТТУКА МУДРЕЦУ
БЕГАЈ
Заратустра се стаписа но проговори
ПОВИКАН СУМ ВО ГРАДОТ НАРЕЧЕН ШАРЕНА КРАВА
ДА ГО РАЗРЕШАМ ПРОБЛЕМОТ НА ГУБЕЊЕТО НА ШАРИТЕ
Стражарот го крена копјето
ГРАДОТ ШАРЕНА КРАВА ШТО ТИ ГО БАРАШ
СЕ НАОЃА ВО УТРОБАТА НА ПЛАНИНАТА ПИРИН

Заратустра виде блесок на врвот од копјето
И брзо исплива од длабочините на Езерото

Седум дена копаше Заратустра во планината Пирин
И седмиот ден кога ноктите му беа веќе црвјосани
Го здогледа пред себе градот на глувите луѓе - црви
Граѓаните на тој град Шарена Крава рекоа
НИЕ СМЕ ГЛУВИ ЗАШТО СМЕ ЗАКОПАНИ ПОД ЗЕМЈА
А ГЛУВИТЕ НЕ СЛУШААТ НИ ГЛУПОСТИ НИ МУДРОСТИ
ЗАРАТУСТРА БЕЗДРУГО ГО БАРА ГРАДОТ
ШАРЕНА КРАВА НА НЕМИТЕ ЛУЃЕ - ОКТОПОДИ
ТОЈ ГРАД ШАРЕНА КРАВА Е ВО ПАЗУВИТЕ НА МОРЕТО ЕГЕЈ
Заратустра виде смрт во очите на луѓето - црви
Па итро како крт излезе од утробата на планината
 
Само проза неможам поезија да читам не е тоа за мене:toe:
 
Постот на Гоца е офтопик, ама е прекрасен. :wub:

На темата, јас се одлучувам за проза. Повеќе уживам во добра реченица отколку краток стих каде треба сам да си сфатам. Мислам дека поинтелигентните повеќе сакаат поезија, јас, сум по прозата.

Сепак, и покрај тоа, можам да уживам во добри стихови... Блаже Конески, симнувам шапка... :olee:
 
Читам и поезија и проза.
Но ако морам да изберам тоа би била поезијата, затоа што е мистериозна, остава простор за имагинација, и со два збора се кажуваат цели приказни.
 
Читам повеќе проза, а пишувам главно поезија.
 
Хм..Гласав за проза, и морам да се согласам со Виктор.
Не сум јас за таквите тумачења, па цел ден да размислувам што сакал поетот да каже.
Ми се крши ќефот дури да ми текни.

А вака, ко ќе читаш проза, се е некако многу појасно, почисто.
 
Си поштувам и проза и поезија ама задоволството ми е поголемо кога читам проза.Поезијата ми е кратко задоволство,а за разлика од нејзе прозата може да го достигне вистинското уживање со опширното преставување на настаните.
 
Мене пак ме иритираат долги и описни романи со безброј (условно) беспотребни описи на архитектура и слично. Дури се вратиме на битниот настан мене ми опаднала концентрацијата и ми поминал меракот за книгата. Затоа во поезијата се ти е презентирано со ,,шифри,, метафори, симболи и се е повозбудливо. Особено се веселам на модерната и алтернативна поезија (кога нешто ќе ми дојде при рака).
 
~*~

Не можам да одберам помеѓу поезија и проза затоа што тоа е како да одлучам дали го преферирам Достоевски или Превер.
Поезијата ми е за душа.
Прозата ми е за разбистрување на разумот.
 
Не сум строго определена, читам и проза и поезија. Но поезија многу поретко во последно време. Од истите причини што ги наведоа погоре, не сакам да се мислам што всушност сакал поетот да каже преку метафората и со која цел го сторил тоа.

Прозата ми е многу појасна и поинтересна, иако знае да биде некогаш и комплицирана, една обична постапка да се пролонгира по 20 страни и да станува монотоно па да опаѓа концентрација, меѓутоа секогаш сум била доволно упорна за да ги дочитувам книгите до крај па немам некој голем проблем со тоа.
Обожавам возбудливи и непредвидливи романи и раскази.
 
Би рекол дека проза сакам да читам повеќе. Романите ми се омилен жанр, а поезија не сакам многу затоа што сепак треба да се внесеш повеќе ако сакаш да разбереш што сакал да каже поетот.
 
Строго проза.
Поезијата некако ме ограничува.
Не знам зошто,ама мислам дека треба да се придржувам до некакви правила ако сакам да пишувам поезија,а не го сакам тоа.
Можеби не сум во право.
Исто,повеке преферирам да читам проза.
Поезијата ја сметам за патетична,иако не е така.:kesa:
 
Дефинитивно сум повеке за проза :pipi:
 
Во главно повеќе сум за проза и најчесто тоа читам.Ама зависи некогаш и од расположение па така знае да ме фати криза и за поезија.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom