Проза или поезија?

  • Креатор на темата Креатор на темата mz.LoVeLy
  • Време на започнување Време на започнување

Поезија или проза?


  • Вкупно гласачи
    84
Помоќна ми е поезијата, отсекогаш ми била поблиска, некако на дофат, по затскриена, ми давала можност да се занесувам во нејзините простори...И сакам да читам поезија, но можам брзо да провалам насилно, неубаво оформени нешта кои не се баш поезија...како и со прозата...Пишувам несмасно, но сум забележала дека тоа им е многу симпатично и допадливо на оние кои ме читаат.Следам проза како временска прогноза:)секогаш гладна за ново и ново..Интерес број 1 во животот:pipi:
 
Повеќе обожавам да читам проза.
Не можам да се задлабочам и занесам во стиховите, читањето ми е површно.
 
Повеќе сакам проза!И кога пишувам, не можам да пишувам поезија.Сакам да пишувам маратонски, по цели редови текст.Не можам да се изразам во поезијата како што можам во прозата.
 
Проза сакам повеќе исто и повеќе ја пишувам.
 
Од поезија пишување абер неам, од проза до негде да се речи ок ми е. И повеќе сакам да ја читам.
 
PROZA E SUVISE RECI ZA NEMAM POJMA, POEZIJA E POTESKO DA SE PISUVA, AMA NE SE CITA POSTO NA LUGEVO TREBA DA IM CRTAS ZA DA SVATAT, A IMA I MNOGU SRANJE U POEZIJA, JA MATAT VODATA ZA DA SE GLEDA DEMEK E DLABOKO A USTVARI SE IM E ZBRKANO U GLAVA I NE NI ZNAAT STO SAKAT DA KAZAT, ZA POSTMODERNA VAZI OVA ESTETIZAM +NISTONEZNAMIZAM=POSTOMODERNIZAM
 
Морам да признаам дека сакам многу повеќе Проза:pipi:
 
дефинитивно проза..Но не сум ни против поезија ако е нешто навистина убаво,,но тоа мн ретко...Инаку обожавам дооооолги но интересни романи и уживам кога ги читам:pipi:
 
Повеќе сакам да читам проза. Не дека поезијата ми пречи, напротив, ама сепак поубави ми се работите, кога се објаснети на подолг начин, со прекрасни долги реченици. Пишувам и поезија и проза. И кога поезијата е моја, можам мн. полесно да ја прочитам и поинтересна да ми биде, зашто сум знаела што сакам да кажам. Некои поети во нивните песни, оставаат толку голем простор за размислување, што читателот ќе го наведе на 300 патишта и на крај пак можеби нема да сфати што авторот сака да каже!
 
Преферирам проза затоа што повеќе ми се допаѓа таквиот стил на пишување.
Сепак, поезијата ми е нешто во кое има многу повеќе чувства поради што и уживам во нејзиното читање.
На крај, ќе си се здржам за прозата затоа што повеќе сакам пообемни дела со подолга приказна:)
 
Поштујам и проза и поезија. Се зависи од моменталното расположение;)
 
Ниту едното,ниту другото.(не значи дека не ги почитувам)

За мене само стручна литература-од Х-области кои ме интересираат

А и филозовска литература
 
Зависно од тоа во каков период минувам, пишувам или проза, или поезија. Подеднакво ги сакам, зависи од инспирација. Веќе одамна ништо не читам, не знам зошто, ваљда мислам дека сум доволно начитан (а 100% знам дека ништо не знам), ми треба некој посталожен и посмирен период за да можам да читам нешто. Инаку, последно време добивам бааги инспирација да си напишам нешто само за моја душа и сеуште си ги чувам само за мојата душа. Ај може некојпат ќе споделам нешто и со вас.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom