Писмо :):):)

  • Креатор на темата Креатор на темата city
  • Време на започнување Време на започнување

city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
276
Возраст
37
Мајката му пишува на синот

... па вика:

Драг Синко,

Ти го пишувам ова писмо за да знаеш дека ти пишувам,зошто ако го добиеш значи дека стигнало. Ако не го добиеш јави ми, ќе ти го пратам повторно. Ќе пишувам полека, знам дека споро читаш.

Пред некој ден татко ти прочита во весник дека по најнови статистички податоци повеќето сообраќајки се случуваат на далечина од 1км од куќата, па затоа ние се преселивме малку подалеку.

Куќата е преубава, имаме дури и машина за перење, само не знам дали работи. Вчера ставив некои алишта да се перат, ја повлеков рачката за вода и алиштата ги снема. Тука времето и не е така лошо. Прошлата недела само два пати врнеше. Првиот пат траеше 3 дена, а следниот пат 4.
Во врска со јакната што ја бараше, вујко ти Перо ми рече дека ако ги извадиме копчињата, пошто многу тежат, ќе не фати поефтино пратката во пошта. Јас затоа ги отпарав копчињата и ти ги ставив во џеб.
Конечно го погребавме и дедо ти. Го најдовме телото во вторникот, кога ја чистевме куќата. Беше во орманот од оној ден кога игравме жмурки и кога он победи. Пред неколку дена ни експлодира плинската боца во кујна. Татко ти и мене, експлозијата не исфрли надвор кроз прозор. Какво убаво чувство беше тоа! После толку години, татко ти и јас, конечно излеговме заедно.

Бидејки веќе го спомнувам татко ти, он најде нова работа!Многу се гордее. Има под себе околу 500 души...се запосли на градски гробишта, го коси травњакот.

Сестра ти Милева, знаеш онаа што се омажи, конечно се породи! Не знаеме кој пол е, па затоа не можам со сигурност да ти кажам дали си станал тетка или вујко...Сестра ти рече, дека ако биде женско ќе ја вика по мене. Малку ми е чудно што нејзината ќерка ќе ја вика "мама", ама ете желба и е.

А брат ти Радојче, он е стварно за никаде. Замисли, ја затвори вратата од колата, а клучевите беа внатре. Мораше да се врати во станот да го земе дупликат клучот за да не извлече од колата. Катастрофа !!!

Добро синко, нема да ти ја напишам адресата пошто незнам која е.Семејството што живееше пред нас тука, си го земаа куќниот број од зидот со нив. Ако ја видиш Светлана, Поздрави ја, а ако не ја видиш, не и кажувај ништо.

Те сака Мама,

Станислава.

П.С. Сакав да ти пратам и нешто пари, ама веќе го затворив пликот.
 
.Сестра ти рече, дека ако биде женско ќе ја вика по мене. Малку ми е чудно што нејзината ќерка ќе ја вика "мама", ама ете желба и е.

П.С. Сакав да ти пратам и нешто пари, ама веќе го затворив пликот.
:pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2:
 
Мајката му пишува на синот

... па вика:

Драг Синко,

Ти го пишувам ова писмо за да знаеш дека ти пишувам,зошто ако го добиеш значи дека стигнало. Ако не го добиеш јави ми, ќе ти го пратам повторно. Ќе пишувам полека, знам дека споро читаш.

Куќата е преубава, имаме дури и машина за перење, само не знам дали работи. Вчера ставив некои алишта да се перат, ја повлеков рачката за вода и алиштата ги снема. Тука времето и не е така лошо. Прошлата недела само два пати врнеше. Првиот пат траеше 3 дена, а следниот пат 4.

А брат ти Радојче, он е стварно за никаде. Замисли, ја затвори вратата од колата, а клучевите беа внатре. Мораше да се врати во станот да го земе дупликат клучот за да не извлече од колата. Катастрофа !!!
П.С. Сакав да ти пратам и нешто пари, ама веќе го затворив пликот.

Eh ova e son na sekoj sin da dobie vakvo pismo :pos2::olee::smeshko::smeshko::ojea:
 
Куќата е преубава, имаме дури и машина за перење, само не знам дали работи. Вчера ставив некои алишта да се перат, ја повлеков рачката за вода и алиштата ги снема. Тука времето и не е така лошо. Прошлата недела само два пати врнеше. Првиот пат траеше 3 дена, а следниот пат 4

:pos2::pos2::zver:
 
:pos2::pos2::pos2::pos2:odlicno nema sto .. mislam deka imase i drugo pismo samo druga sodrzina ama ne mi teknuva deka bese.. ;pozzz
 
Лееј на секој дел се изнасмеав ептен ххееехе и за дождот и за клучевите и за =мама= хехе комедија и за километарот :pos::pos::pos::pos:
 
Минувајќи покрај детската соба, мајката запрепастено забележува дека креветот на ќерка и’ е педантно наместен и сите работи се раскренати. Потоа здогледува плико, внимателно поставено на средината на креветот. На пликото пишува, „Мамо“. Со лошо претчувство, таа го отвора пликото и со растреперени раце почнува да го чита писмото:

Драга мамо: Со каење и жал ти го пишувам писмово. Морав да побегнам со мојот нов дечко, затоа што сакав да ги избегнам непријатностите со тебе и Тато. До уши сме вљубени со Арбен и тој е многу фин, без оглед на неговите пирсови, тетоважи, брада и моторџиска гардероба. И не само што сме вљубени, Мамо, бремена сум и Арбен ми рече дека ќе бидеме многу среќни. Тој има сопствена барака на село и имаме дрва за огрев за цела зима. Арбен сака да има уште многу деца со мене, а тоа е и моја желба. Тој ме научи дека марихуаната не штети никому, па ќе ја одгледуваме за сопствена употреба, а вишокот ќе го трампаме со неговите пријатели за кокаин и екстази. Во меѓувреме ќе се молиме научниците да откријат лек за сида, за Арбен да може да оздрави; тој тоа секако го заслужува!! Не грижи се, Мамо, имам 15 години и знам како да се грижам за себе. Сигурна сум дека еден ден ќе ти дојдеме на посета и ќе ги запознаеш своите внуци.

п.с: Мамо, ништо од погоре напишаното не е точно. Кај комшиката сум.Само сакав да те потсетам дека во животот има многу поважни работи од моите оцени, кои можеш да ги видиш во книшката на горната фиока од бирото..Те сакам..Јави ми се кога ке биде безбедно да се приберам дома...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom