Начини на запросување?

  • Креатор на темата Креатор на темата Lady
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
23 март 2007
Мислења
2.370
Поени од реакции
62
Знаеме дека Американците се најлигави во запросувањето, клекнуваат на нозе, молат девојката да му стане жена, "модел" на запросување кој стана модерен и кај нас...
Во племенските заедници пак момчето ја грабнува девојката за коса, и од нејзиниот шатор ја носи во неговиот....
Во Македонија пак, бегалка ни е невестата:pipi:

Ајде кажете некои необични начини на запросување.....
 
~*~

Јас би да ми го прати прстенот преку пошта.:devojce 1:
 
Ами, најчест случај во Прилеп е:
Си седат дечково и девојкава, и овај и вика, ами ај да се венчаме ебаго. И оваа, ами ај! После ова следи минимун 30-минутен бакнеж :)
 
Она во колаче кога ќе го стави партнерот прстенот, а не му текнало дека може да ја удави ебаго. :pos: :pos: :pos:
 
Абе најзакон е кај нас во Македонија,девојката останува трудна,му кажува на дечкото и тој од страв не знае што да прави,ја носи дома кај неговите и тие одлучуваат дека децата треба да се земат:pos:

А инаку би сакала дечко ми што го немам да ме запроси на некој интересен и поразличен начин,не обично како сите во последно време што прават-клекнуваат пред девојката,тоа ми е глупаво,сакам нешто интересно,различно,по можност уникатно,на некој луд начин.

Интересно би било дечкото да си ја однесе девојката на некое необично место,кај што не биле никогаш порано,по можност на зајдисонце да биде тоа,и таму како “случајно“ да ја запроси,со прстен што таа “случајно“ ќе го најде на тоа место.Малу тешко е изводливо ова,какви сме ние женскиве,којзнае и дали ќе го најде,ама интересно е,леле ми се примажи...како не:aaaaa:
 
Она во колаче кога ќе го стави партнерот прстенот, а не му текнало дека може да ја удави ебаго. :pos: :pos: :pos:
Ако е некоја лакома, ништо чудно.:)

Инаку најдобро би било спонатано да се случи се тоа. Многу лигавење не поштовам.
 
Сакам тоа да биде на начин поразличен од другите..... нешо шо ке ме изненади...

како шо присуствувв на една забава од порано...и дечкото се качи на бината...побара да се изгаснат светлата.. музиката стивна...и на микрофон ја побара девојката да оди на бината кај него..клекна поред неа и ја побара за жена...беше толкуу романтично... и девојката од срека заплака... стварно беше убаво..
 
Што би рекла Desire најмодерен начин кај нас е венчавка во 3-ка. Па во последно неам слушнато некој да се жени, а да не е невестата трудна :). Инаку начин... не треба многу да се мисли, едноставно треба да се биде уникатен во тој поглед.
 
abe zadrudnija i zemija toa kaj nas e napopularno poveketo taka pravat moralo prsten da se kupe vo ovaa finansiska kriza
 
abe zadrudnija i zemija toa kaj nas e napopularno poveketo taka pravat moralo prsten da se kupe vo ovaa finansiska kriza

Така е с'к су скупе паре с'к jе оскудација:pos2:

А за мене сакам да биде нешто необично и интересно.Сакам нешто посебно да измисли ама се сомневам, така да пошто сум Македонка у срце и души се знае шо ме чека :pos2:
 
Жена: Душо, трудна сум.
Маж: Oh, yes, I do!
:pipi:
 
Според мене, секој начин што е смислен убаво и направен со внимание, не може да биде ни необичен ни глупав. Колку и да сакам некого, ако ме запроси на прост начин, на тотално неромантичен и несмислен начин (ме разбирате, така нешто да тресне глупаво, што ќе му текне во моментот, или многу обично), би можела да одбијам само поради тоа. Инаку чудните и необичните начини на запросување, за мене баш значат романтика и долго работење на тоа запросување. Досадно е на ист начин да се запросува, треба да се смисли свој посебен начин кој многу ќе и значи на невестата. Инаку Лејди, клечењето на колена не е воопшто глупаво ниту смешно, ти не би сакала да клекне твојот партнер кога ќе те запроси?
Секоја жена сака да се чувствува посебно и сакано. Порано имаше една емисија на А1 (не знам дали ја има уште), се викаше "Дали ќе се омажиш за мене?", или нешто слично. Многу ми се допаѓаа начините на кои мажите ги запросуваа своите девојки. Мене многу ми значи запросувањето и свадбата. Ако не е се како што треба, по обичајот (невестински фустан, венчавање во црква), подобро ич да не се мажам. Се мажиме еднаш во животот (има и исклучоци, ама...:))...
Начини многу знам, не можам сега да набројувам, со ова што го напишав мислам дека кажав се, можеби мојата идеја делува нескромно, но така јас размислувам, иако има време, може до тогаш ќе го сменам мислењето, којзнае. :icon_lol:
 
Еее ова болдираново и за мене важи.И јас сакав да пишем тоа ама викам да не ме напраете луда :kesa:
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Ece
Колку и да сакам некого, ако ме запроси на прост начин, на тотално неромантичен и несмислен начин (ме разбирате, така нешто да тресне глупаво, што ќе му текне во моментот, или многу обично), би можела да одбијам само поради тоа.
Не те разбирам.
Како може да одбиеш некој што го сакаш,само ако начинот на запросување бил глуп?
Тоа е само еден незначаен момент,кој ке избледне многу брзо ако после имате убав и срекен брак.
Замисли колку ке се каеш кога потоа сватиш колку го сакаш,и заради каква глупост завршила вашата врска,пошто,мислам дека по такво одбивање,врската ке заврши,и тешко дека некој одбиен ке се обиде пак.
Сето тоа ке биде по твоја вина,а вракање назад нема.Животот ке ти тргне во многу погрешна и непосакувана насока,работите никогаш нема да бидат исти,а во позадина константно ке те копка совеста за грешката што си ја направила.
А сето тоа можело воопшто да не се случи,ако си била малку потолерантна кон некреативноста на дечкото шо си го сакала.
Хипотетички ова,нели....:smir:
 
Не мора да заврши врската. Ако го одбијам може да продолжиме, надевајќи се дека следниот пат поубаво ќе ме запроси. :w: Ако и тогаш не обрне внимание, ништо ни тогаш. Нека ме запроси кога ќе биде психички спремен и кога ќе има план. :toe:
И не би чувствувала грижа на совест бидејќи не би било моја вина, јас размислувам така што ако тој ме запроси обично и глупаво (како ради реда), значи дека не ме сака доволно, т.е. го направил тоа затоа што мислел дека е најдобро и јас сум го очекувала тоа, па да не ме разочара и слично, но така би погрешил. Јас не сакам ништо со сила и би постапила добро кога би одложила, не реков дека ќе раскинеме. :toe:
Според мене, ако некој ме запроси на начин кој го смислил во моментот, значи непланиран начин, тоа значи дека му текнало во моментот и не го сака вистински тоа, а тоа е голема одлука и не треба толку брзо да се носи, одеднаш, како да се работи за кај ќе одиме вечерва. :toe:
Дали ти е сега појасно? :)

П.С. Ми текна пример за најкретенско запросување. Вака: Седиме дома кај него или кај мене, гледаме телевизија и одеднаш му текне (а нема ни прстен ни ништо) и ме запроси.:uvo:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom