Тато и мама православни, јас атеист

  • Креатор на темата Креатор на темата OrTacE
  • Време на започнување Време на започнување

OrTacE

мангуп
Член од
28 мај 2006
Мислења
628
Поени од реакции
5
Возраст
40
Значи насловот гласи "Тато Мама православни јас атеист" на местото на православни и атеист ставете било кои други но ставете различни една во однос со друга вера и одговорете ми: како е можно во едно семејство таткото и мајката да имаат една вера а детето да има сосема трета, дали е тоа резултат не неинформираност, неваспитаност или...?, дали тука грешката е на родителите?, или е виновно друштвото на тоа дете? или пак самото дете забегува со паметот?
 
Ортаче тоа е ситуацијата кај мене дома:) Мама Тато и дада се православни ама јас сум атеист, и искрено сум горд на тоа. Не е неинформираност-преинформиран сум, невоспитаност-воспитан сум барем како што кажувале другите премногу:), не е ни грешка туку тоа е мое право на мој живот:)Едноставно имам размислувано. Да веруваш во тоа дека си створен од кал а се појавил некој човек што испитувал и докажал дека не сме калливи створења туку сме настанале со еволуција од нешто друго ме натерало да се побунам против таа вера што ни ја нудат ко на тезга. Целата материјализација која се ствара во црквата а воедно и во религијата затоа што нели црквата е таа што треба да не научи на нешто. Извини ама свештено лице кое ќе ти рече „Дечко треба ти да постиш и да бидеш скромен„ а он си мцка кебапчиња во кафана, а пред кафаната има паркирано фрилендер не иде:)
Епа тато и мама ако сакаат и на глава нека се качат, ама ако детето нивно има свое јас и мозок ќе свати некои работи
 
Ај ке кажам дека си во право, ама ајде да спомнеме дека на планетава земја се случила и најголемата катастрофа (паѓање на метеор, горење се и сешто, ледено доба и итн. итн.) нели? мислам според твоето мислење и верување би требало да веруваш и во тоа, е сега кажи ми: која е еволуцијата и што еволуирало за да јас и ти денеска постоиме кога ништо не постоело тогаш?
 
Верата е лично убедување и не се наследува од родителите. Она што може да се наследи е религјата, каде на пример родителите се православни атеисти, па и детето наследува таква религија, но и не мора да ја наследи. Сепак станува збор за избор. Кога детето ќе созрее тоа неизбежно ќе си го постави прашањето за животот, смртта, кој го создал универзумот итн и секако дека ќе си донесе свој заклучок во кој и ќе си верува понатаму, а тоа е верата - лично убедување за она што според тебе е вистина.

ЈАс на пример не ја наследив верата на моите родители.
Тие се православни, а јас сум христијанин.
 
Кај мене е ситуацијата, мама православна - побожна доста во последно време, тато атеист, јас атеист.

Р.Ѕ. Ортаче, те молам не почнувај со еволуцијата и сл. бидејќи има еден куп теми за тоа ако тоа сакаш да го дискутираш жити се таму, не ја трујј и оваа тема со таа проблематика, кои поточно беа темите еве ти го чорбаџијата не ка ти каже, со него имаме кршено копја по таа проблематика.
 
ок чорбаџија дека изборот е наш ама нели кога родителите не воспитуваат покрај се друго што ни зборат, зборат и за тоа во што треба да веруваме (зависи која вера ја имаат тие) што е добро а што лошо итн. значи тоа се случува подолг период од кога сме малечки па се до пубертет да речиме, значи одиме во цркви со нив, се молиме, ако имаме некое име на кое се слави визита славиме и ред други работи, па како тогаш? која е причината да после сето тоа некој да почне да верува во друго, јас сум така воспитан, верував, верувам и и ке верувам во годпод до крај и покрај тоа што има некои проблематики што уште не ми се јасни

пс. зошто сите атеисти на деновите пред велигден се во црква и палат свејки?
 
пс. зошто сите атеисти на деновите пред велигден се во црква и палат свејки?

Еј, зашто одма почна да ги генерализираш работите? Скоро цело мое друштво се кои атеисти, кои сатанисти, и верувај пред празници, после празници, измеѓу празници, со еден збор кажано никогаш не се пред црква и не палат свеќи, а веруј нема ни да бидат.
 
Ај ке кажам дека си во право, ама ајде да спомнеме дека на планетава земја се случила и најголемата катастрофа (паѓање на метеор, горење се и сешто, ледено доба и итн. итн.) нели? мислам според твоето мислење и верување би требало да веруваш и во тоа, е сега кажи ми: која е еволуцијата и што еволуирало за да јас и ти денеска постоиме кога ништо не постоело тогаш?
Епа ај прво јас да те прашам тебе нешто:) што настанало прво Јајцето или кокошката?
Незнам дали си го гледал Шампионите од Шутка каде што првиот кажува дека има материјализација и дематеријализација, мада тоа нема врска со муабетов али го гледам у моментов тој филм:pos::pos:
Кажав дека верувам во нешто што е поткрепено со докази, а сето тоа што не е поткрепено со докази за мене е фиктивно....а како еволуирале еволуционите нешта од кои сме настанале јас и ти енд евриван ви ноу......оставам на оние со поголем IQ од мене да решат:)

пс. зошто сите атеисти на деновите пред велигден се во црква и палат свејки?

Епа ова ти е исто ко да го прашаш брн или гижо што се металци шо бараат на жаре берберот да идат
 
Еј, зашто одма почна да ги генерализираш работите? Скоро цело мое друштво се кои атеисти, кои сатанисти, и верувај пред празници, после празници, измеѓу празници, со еден збор кажано никогаш не се пред црква и не палат свеќи, а веруј нема ни да бидат.

Моја грешка извини :vozbud: во право си не сите ама има и такви и тоа во голем број нели? :) баш и за таквите ми беше муабетот, што не веруваат, одат во црква и кога им е слава дома слават и само пред друштво прават муабет за верата во која тие мислат дека веруваат, а причина за тоа е тоа што на тие деца дома не ни знаат дека они не веруваат во ево ке земеме господ. Ова го кажувам дека имам неколку познаници или пријатели од таков вид.

пс. еднаш ми се случи да отворам тема за христијанство дома кај колега и само да видете како се знае и колку веруваше он во господ
 
Ортаче не викам дека јас незнам, пред некое време испадна дека знам многу повеќе од верниците што се маваа во гради дека се вистински верници, ама не е тоа тоа. Ама ај да се запрашаме А има ли вистински верници?
 
Од моја страна, јас мислам дека има
 
Абе има ама да се избројат на раце.....на кои фалат 6 прста
 
Мама верник, тато атеист(ама познавач на религиите) јас атеист...и сметам дека мајками е неинформираната а не јас.
Перење мозок е тоа да мислиш дека ако јас верувам дека и детето мое мора да верува а ако не има некаков пробем
 
То това не е лошо.... ама ситуациjата "Тато и Мама православни, Jас евангелист или jеховист".... това никак не е хубаво...
а ги има вече такива...
 
Зошто тоа да е лошо?
А замисли "тато и мама евангелисти, а јас православец"... е това ама ич не е хубаво, и среќа што нјама такива... :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom