Што е според вас емоционална празнина?Сте ја почувствувале?
Како сте ја спречиле,како сте ја пополние таа дупка.
Според она што го чувствувам, емоционална празнина е кога некако сите емоции од тебе се исцрпени, кога си давал емоции, но тие не ти биле вратени и некој стално земал емоции од тебе и на крај се осеќаш истрошено и осеќаш огромна дупка во тебе.
Често на периоди ја чувствувам, но во последно време е поизразена таа празнина и се осеќам емоционално исцрпено и чувствувам потреба да бидам сама со себе, да не сакам дечко, да не сакам да се заљубам, бидејќи немам емоции да дадам и сакам време за себе, за да си се наполнам, за да си ја пополнам таа празнина, за да на дечкото во иднина да можам да му дадам емоции, кои сега ги нема.
Ви се случило ли додека сте во врска,да чувствувате љубов,но да сте душевно,емоционално неисполнети?
Од што сте случува тоа?
Да се чувствувате празно,да осеќате дека дека има дупка во вас?
Да. Тоа затоа што не сум чувствувала вибрации, не сум чувствувала некои големи чувства, туку само површни емоции од другата страна. Сум била заљубена, но не сум се осеќала сакана. Значи сум чувствувала како моите чувства да се еднострани. Едноставно, другата страна не осеќала доволно и бидејќи тоа го потиснав во себе, осеќав една огромна празнина и неисполнетост.
Дали значи дека партнерот не ве исполнува или проблемот е во самиот човек?
Има ли излез од таа ситуација?Сте излегле ли?
Сте го пронашле ли делот кој ви недостигал?
Откривте ли што недостасува?
Има излез, иако како што реков, таква празнина осеќам моментално и излезот за мене е во тоа што сум сама, без дечко, што излегувам со друштво, што се смеам и уживам, опкружена со позитивна енергија и така полека полека осеќам како се регенерирам.
Делот кој ми недостасува го немам пронајдено, тој е одамна изгубен и отприлика знам што ми фали, само што тоа никогаш не сум го ни имала, за да го изгубам и да ми фали. А со она што го кажав погоре нема да го пронајдам тоа што ми недостасува, туку само ќе ја пополнам малку таа празнина и емоционална исцрпеност.
За да го најдам делот што ми недостасува потребно ми е да се осетам сакано, односно еднаш веќе да дознаам како е чувството да се биде сакан.
Сепак, како што реков, сега,летово, барем ќе си ги полнам батериите и ќе уживам. За останатото, ќе му ја мислам после.