Скијање и сноуборд

  • Креатор на темата Креатор на темата Dimitarc
  • Време на започнување Време на започнување

Што возите на снег?


  • Вкупно гласачи
    250
За Маврово можам да ве разочарам само нема доволно снег за скиање :sport2:
 
Тачно у Маврово нема снег али се јавив денес ми рекоа дека очекувале викендов да падне доста,така да ништо чудно да го отворат сабота или недела.

На Кожуф отварањето е утре,требаше минатата недела али го откажаа,снег имало над 50цм,а дневна карта е 800 за возрасни и 400 за деца.
Се гледаме таму :helou:
 
Само што се јавив на кожуф и ми рекоа дека деновиве имало невреме така да утре ќе било официјалното отворање ама ако било лошо времето немало да ја пуштат жичарата.
 
Има некој што планира да оди утре?
Јас одам... се јавив...се било подготвено и се чека отворањето...
не ми се чека до утреееее......:vozbud:
 
Одам и јас, се договоривме тројца другари само ние ќе одиме, може ќе се видиме таму ајде
 
Одам и јас, се договоривме тројца другари само ние ќе одиме, може ќе се видиме таму ајде

Орајт...само да нема ветер...ќе биде супер. Кога има многу ветер не ја пуштат главната жичара...

Поздрав! :)
 
Никогаш не сум бил на зимски одмор нити пак планирам да идам ..
немам научено нити скии нити сноуборд :kesa:

Но кога ја мрзам зимата , нема да ми користи и да знам :)
 
За кај зборите дека ке идете утре? Ја знам дека на Маврово е утре отварање така да да знае некој како е со снег?
 
Досега не сум бил на зимување.

Ама сега со отворањето на Кожув би требало да одам бидејќи не е многу оддалечено од Кавадарци
 
На кожуф денеска ужас. Сабајлето се јавивме и ни рекоа дека се е чисто и патот и времето и тргнавме натаму. Стасавме дотаму но патот до смрдлива вода беше ужасен и мислевме дека натаму е исчистено. Но, и таму патот беше цел покриен со снег али мислевме дека ќе поминеме со џипот, кога пред нас еден џип се заглави и почна да се врти но застана некако. Ние од што попуштивме малце кочницата, а се беше замрзнато почна да ни се лизга џипот неконтролирано надоле(зад нас имаше полно комбе) али некако го сврти возачот воланот скроз па се изврти колата странично и застанавме 10цм од работ на реката. Е сеа иде најтрагичниот дел. Одкако се собравме сите од велес и го ставиме џипот заедно со другиот џип на споредно патче да не смета се јавивме во службата на кожуф за помош на патот и ни рекоа дека за 10 мин ќе стаса булдужерчето да го исчисти патот и да помогне ако е потребно за да се спуштиме до доле само(во прашање беа 100 метри макс), таму се јавивме кај 9 и 30 а помошта стаса во 4 саатот поручекта . Е сеа освен што и ние заглавивме таму уште 5 коли се извртеа а едно џипче териос мислам дека беше излета скроз од патот и се задржа со предниот браник на една шипка и така се спаси од паѓање надоле. Немора да каужувам дака не скијавме :D. Ете тоа од нивната професионална работа, кога ги прашавме оти толку чекавме ни одговорија(пазете одговоров) дека биле изненадени од снегот. Па како може на отворање на ски сезона на 27 декември да бидат изненадени од снегот и да го немаат ни исчистено патот ни посипано со песок или сол. Може има убави стази на кожуф али од сега ќе одиме на маврово или шапка.
П.С. Доле кај почетниот пунт немаа ниту лопата да ни даат да исчистиме до доле.
 
Истото и на мене го направија овие од информативниот центар Кожуф. Пред да тргнеме се јавивме и ни рекоа дека се е подготвено, времето било идеално, патеките идеални, и патот до горе идеален... Отидовме што отидовме, на патот имаше 15цм снег. Значи не беше чепнат...тоа што помина помина, се качивме горе...
Времето..ужас..ветер...и превејуваше снег. Се качивме на жичарата, горе имаше "бура"..
Да ја прашам сега на оваа кај е идеалното време?
Да оставеме сега тоа. Доаѓа на ред скиењето.
На врвот ништо не се гледаше...ветер, магла. Прашав еден од вработените на жичарата која писта е пуштена за скиење. Тие ми рекоа оди надолу под жичарата таму некаде е?????:nesvest:
И ајде...штом е таму некаде се пуштивме. И што не очекуваше ? пола метар снег. Беше како повикот на дивината. :vozbud::vozbud:
И за да имав некаков ќар од вчерашниот ден ПОТРОШЕН на ОТВАРАЊЕТО НА СКИ ЦЕНТАР КОЖУФ...се напив чај, во кафаната која беше полна од разочарани скијачи...:uvo: (добар ќар, нели?)
Толку од мене! :salut:
 
Денес Маврово се отворило, имало доволно снег за скијање, малку камења имало:)
Маглата само била проблем на моменти не се гледало ништо али ко за прв ден добро било.
 
Веројатно сте не виделе нас таму, дојдовме кај 9 и 20 таму. Докај 10 ги чекавме тие со комбет од велес другите и после тоа од 10 до 4 бевме заглавени на третата кривина кај што е тоа ресторанот ИЦИЦ. Со што возило се качивте вие до горе? Ние немавме ланци и толку.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom