16 години од бомбардирањето на Србија од НАТО

Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.120
Поени од реакции
4.799
Пред 20 години ноќта помеѓу 24-25 март 1999 од станот во Приштина од страна на 5 полициски службеници бил приведен најпознатиот и влијателен косовски адвокат Бајрам Келменди, како и неговите двајца синови,16 и 30 години.

Кога сопругата барала да дознае каде се однесени нејзините најмили, од полицијата и одговориле дека треба да праша во Нато.

Утредента и тројцата биле пронајдени на улица убиени.

И ден денеска никој не одговорил за нивното убиство.

На ист начин бил убиен и академик Фехми Агани, кој сакајќи да го напушти Косово на граничниот премин Блаце бил издвоен од страна на српската полиција, а потоа најден убиен покрај улица во близина на Липјан.

@Beric Dondarrion како да се справиш со ваква држава, полиција која убива интелектуалци, а никој не одговара, и ден денес.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.273
Да, да да, пред дваесет кусур години Србите правеа злосторства, но правеа и Албанците и тоа поскоро од тоа. Рачак, Жолта Куќа, 17 март, пред тоа 1981-ва и така натаму.
Сите тие злосторства поминаа, имаше повратни ефекти (дипломатски, воени и општествени) и не треба да се заборават, но живеењето во тоа време не носи корист. Ти можеш до задутре глупите потези на косовската дипломатија денес да ги оправдуваш со некои настани од пред дваесет години, но малку практична смисла ќе има тоа.
Јас ти зборам за настани и текови кои се случуваат денес, а ти се обидуваш да ме убедиш дека живееш во 1999-та.
Секогаш народите и страните кои живеат во минатото ми се чини како да губат во реалноста.
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.120
Поени од реакции
4.799
20 години од масакрот во затворот Дубрава

На 22 мај 1999, во затворот Дубрава -Косово беа убиени 160 албански затвореници а повредени над 300.

Во затворот во тоа време се наоѓаа околу 1000 затвореници албанци, на 22 мај 1999, им било наредено да се соберат во дворот бидејќи ќе бидат префрлени во други затвори, но наместо тоа, српските полицајци почнале да пукаат од сите страни, од чуварските кули, со автоматско оружје и гранати.

Овој масакар се случи 2 недели пред влегување на трупите на Нато.

Да е трагедијата поголема, ниеден србин нема одговорено за оваа дело.

Исто така, една недела пред масакрот, беше убиен Укшин Хоти, еден од најценетите косовски интелектуалци, универзитетски професор на Косово и Сад.
Хоти беше затворен исто така во затворот во Дубрава, ја одлежуваше затворската казна од 5 години (осуден во 1994), и тогаш кога требаше да биде пуштен на слобода, на 16 мај 1999 тој последен пат е виден од другите затвореници, неговото тело и ден денес не е пронајдено.

@Beric Dondarrion , како да се постапи со ваква власт?
 
Partizanen banditen

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
5.453
Поени од реакции
15.990

милошевиќ одговараше за ова, т. е. имаше оптужба против него.
 
Член од
25 март 2012
Мислења
8.288
Поени од реакции
4.664
Со таква власт се виде како се постапи, беше бомбардирана со осиромашен ураниум, а потоа свргната и однесена во Хаг.
Во Хаг беше однесен Милошевич, а српскиот народ не сносел никаква одговорност, не бил само он виновен.
Српскиот народ ги разбуди само осиромашениот ураниум да искачат на протести против Милошевич, а другите балкански војни ги преспиваа.
Иронијата да е поголема повеќе се гонат косовари за воени злостортсва отколку срби, повеќе косовари се отруени од осиромашен ураниум од срби.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.273
Во Хаг беше однесен Милошевич, а српскиот народ не сносел никаква одговорност, не бил само он виновен.
Српскиот народ ги разбуди само осиромашениот ураниум да искачат на протести против Милошевич, а другите балкански војни ги преспиваа.
Иронијата да е поголема повеќе се гонат косовари за воени злостортсва отколку срби, повеќе косовари се отруени од осиромашен ураниум од срби.
А кога албанскиот народ ќе сноси одговорност за своите злодела кон Србите, Македонците?

Смешно е да се бара одговорност по меѓународните правни механизми на еден народ.
 
Член од
25 март 2012
Мислења
8.288
Поени од реакции
4.664
А кога албанскиот народ ќе сноси одговорност за своите злодела кон Србите, Македонците?

Смешно е да се бара одговорност по меѓународните правни механизми на еден народ.
Не е смешно, институциално го правеле тоа, србите тие институции ги подржуваа, правеа стратегии од академиите на науки како да се справат со албанците.
Кога викам народ мислам и држава.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.273
Не е смешно, институциално го правеле тоа, србите тие институции ги подржуваа, правеа стратегии од академиите на науки како да се справат со албанците.
Кога викам народ мислам и држава.
Апсолутно може да имаше тој период геноцидни тенденции кај Србите. Истите тенденции ги забележуваме денес и порано и кај Албанците, а и кај Хрватите едно време.
Но, никој никогаш нема, во меѓународниот правен систем, да стави на тапет цел еден народ. Тоа не се случи ни со Германците, а ни со Јапонците по Втора Светска, ниту пак во поновата историја тоа не се случи со Хуту, а ни со Тутсите.
Ние можеме, вака оф рекорд, во муабети да потенцираме некои геноцидни тенденции кај Албанците, Србите или било кои народи, или религии (како муслиманската денес што се понаша) па затоа и да ги осудуваме, но наивно е и многу смешно, некој да очекува дека тоа би добило било каква правна меѓународна верификација.
 
Па Германциите плаќаа ептен после светска војна, само патенти што им зеле се мисли на милиарди во тоа време.
Ни јас не очекувам правна меѓународна верификација, на крај на денот наивно е тоа.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.273
Па Германциите плаќаа ептен после светска војна, само патенти што им зеле се мисли на милиарди во тоа време.
Ни јас не очекувам правна меѓународна верификација, на крај на денот наивно е тоа.
Не. Не плаќаа Германците. Германците никој не ги осуди, ниту некогаш некој правно ќе суди народ.
Плаќаше правниот наследник на Третиот Рајх.
 
Partizanen banditen

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
5.453
Поени од реакции
15.990
Кога харадинај и тачи ке лежат за своите злодела, не ги бранам српските генерали и милошевиќ кои вршеа масовни убиства, ама биди човек и одговри кога ке лежат вашите убијци?
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.120
Поени од реакции
4.799
А кога албанскиот народ ќе сноси одговорност за своите злодела кон Србите, Македонците?

Смешно е да се бара одговорност по меѓународните правни механизми на еден народ.
Кога харадинај и тачи ке лежат за своите злодела, не ги бранам српските генерали и милошевиќ кои вршеа масовни убиства, ама биди човек и одговри кога ке лежат вашите убијци?
За 19 случаи на воени злосторства, од меѓународните судови на Косово, досега се обвинети 61 албанец, од кои што 23 се ослободени од обвинение, 34 осудени (од 5-15 години затвор), 2 не се завршени, двајца се недостапни.

Ајде сега вие најдете ми 340-680 осудени срби за воени злосторства сторени на Косово, пошто нивните злодела најмалку 10 пати се потешки.

Не бе, најди ми 34 срби кои лежат за злодела сторени на Косово. Меѓународните судови на Косово досега осудиле само 4 срби, бараат уште 24, но тие ги крие Србија, исто како што ги криеја Младич и Караџиќ и којзнае уште колку стотици убијци на цивили, силувачи, плачкосувачи итн.

Да биде иронијата поголема, косовското собрание има изгласано формирање на специјален меѓународен суд за воени злосторства, којшто повторно ќе се занимава со албанци, пошто србите ги крие Србија.
Веќе се повикани на распит многумина команданти на УЧК, пратеници, функсионери албанци.
Судот е сместен во Хаг, а моментално работат 60 истражители, со буџет од 43 милиони евра годишно.

А Србија не сака да ги каже ни убијците на тројцата браќа албанци со америчко државјанство, кои што беа убиени по завршување на војната во крајот на јуни 1999 и тоа на начин веќе познат : Тројцата браќа биле приведени на граница и осудени 15 дена затвор за нелегално преминување на границата, 4 дена пред завршување на казната биле ослободени, за да бидат убиени со куршум во глава и закопани, нивните тела беа пронајдени дури во 2001 година, а сеуште никој не одговара за убиствата, иако секоја година американците бараат да се пронајдат одговорните (тие дури го посочуваат виновникот, командантот на Жандармеријата).

SLUČAJ "BRAĆA BITIĆI" Amerikanci Vučiću tražili izručenje Gurija, a ovo su detalji smaknuća koje je još OMČA OKO VRATA SRBIJE
Gotovo da ne prođe susret srpskih i američkih zvaničnika da se ne pomene slučaj ubistva braće Bitići u Srbiji 1999. godine, kosovskih Albanaca sa američkim državljanstvom.

Затоа те молам, не прави веќе изедначување, пошто не се еднакви по делата албанците со србите, нити по одговорност не се исти.

Но историјата ќе ги памти по тоа што речиси во 21 век во Европа направија работи што ги прават само афричките племиња, па ние тие веќе.

Ќе ги памти историјата тоа што го направија, а особено ќе учат децата во Словенија, Хрватска, БиХ и Косово , за тоа низ што поминале нивните предци.
 
Последно уредено:

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.273
Самото бомбардирање со осиромашен ураниум е воено злосторство, направено под премиса да се спречи друго воено злосторство.
Но, воените злосторства на Албанците никој не ги спречи и геноцидната политика на овој народ полека ги покажа резултатите - по сите перипетии останаа етнички исчистени голем дел од каурски места, во кои и нема денес каури, како на Косово, така и во Македонија. Тоа е тажниот исход, за кој западот денес не го боли уво.
 
Повторно изедначуваш.
За србите секој албанец беше терорист, а за Нато секој србин не беше злосторник.

Нели еднаш се разбравме, каурите побегнаа заедно со српските војници и полицајци, не стигнаа албанците да ги исчистат.

Србите не беа мнозинство на Косово никогаш, и така е и денеска, како што беше и пред војната, немаше град на Косово каде србите беа во мнозинство.

Додека во селата во кои беа мнозинство пред војната и сега се мнозинство.

Србите во општините каде албанците беа мнозинство, броеја испод 10% од населението (освен во Косово Поље и Каменица по 25%, Ѓилане 20%, Витина 12%.)

Овие податоци се од пописот кој го спроведе Милошевиќ во 1991 (така да и овие бројки којзнае дали се точни).

Според истиот попис, во општина Глоговц од 53.000 жители, само 23 биле срби.

Дечан, од 49.000 жители, 188 срби.

Ѓакова, од 115.000 жители, 1750 срби (1,5%)

Качаник, од 38.000, само 223 срби.

Малишева, од 48.000, 475 срби.

Приштина, од 200.000 жители, 27.000 срби. (17.000 во градот и 10.000 по селата). Денеска во градот има многу малку срби, но по селата и сега се мнозинство и живеат слободно. Имаш слушнато за општина Грачаница, во пописот од 1991 беше дел од Приштина, сега е посебна општина, низ тоа место поминува регионалниот пат за Ѓилане, а на тој пат на кружен тек е поставен споменик со знаме на Србија, веќе 5 години е таму :

Еве и овој другиот исто така:

Еве како се врши етничкото чистење на србите, тоа се гледа во една анкета, земаат стотици илјади евра продавајќи им имот на албанците
1:50 мин., узели су 2-3 милиона

Тоа што сакам да кажам, србите се мнозинство во сите села во кои беа мнозинство, гуглај малце и увери се, не се вратени само во градовите.

Единствено на србите им успеа да добијат пола град, во кој што во 1991 беа само 10% од населението, а тоа е Митровица, во 2000 година (војната заврши во 1999), србите навечер наоружани, изненадно ги нападнаа соседите албанци, убивајќи, тепајќи, ги протераа сите албанци.

Србите сеуште се мнозинство во Грачаница, Лапле село, Угларе, Клокот, Штрпце, Преоц, Чаглавица, Ново брдо, Пасјан, Будрига, Коретиште, Прилужје итн.

Со цел да не бидат надгласани, добија 5 нови рурални општини во кои тие се мнозинство во централно Косово. (иако тие општини не постоеја претходно)

Се работи за 10 општини со српско мнозинство (во 1991 имаа само 5 општини)

На албанците не им сметаат србите, бидејќи тие се незначителен број, така беа и пред војната.

Србите беа тие кои мораа да ги протерат албанците за да имаат мнозинство, и така направија, речиси цел еден народ протеран, некои надвор од Косово, а други побараа засолниште во териториите кои ги контролираше УЧК.
Кажи војна во која 90% од населението е протерано?

Многу тешко им е на србите во Косово, од дома не излегуваат, секој ден ги убиваат :

А еве на пример во Србија како добро ги третираат албанците :
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom