16 години од бомбардирањето на Србија од НАТО

Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
16 години поминале. Кои се вашите размислувања? Оправдано, неоправдано? Јас мислам дека ова беше една од полудите работи кои ги направи Америка во последниве две децении. Сега баш ја гледам листава на инциденти, случајно им летна бомба во кинеска амбасада, случајно ја погодија РТС, случајно паѓаа бомби во центар на Белград, во центар на Ниш и тн.
http://mkd-news.com/16-godini-od-bombardiraneto-na-nato-vrz-srbija-eve-go-dokumentaretsot-zoshto/
 

Morgan Freeman

Немодератор
Член од
23 април 2010
Мислења
2.920
Поени од реакции
4.366
Нема ништо случајно, иако за некои работи верувам дека се коинциденција, ама ова не. Инаку дали било оправдано или не, незнам, но знам дека ова е се по вина на Милошевиќ. Катастрофална грешка, грешка од огромни размери за Србија. Зло над злата. Со тенкови ќе ја спасувал Југославија од предавници?! Мислам лунатик, друг збор не ми текнува за таков психопат!

Во ова време за да опстанеш и да не бидеш бомбардиран како они, треба да бидеш дипломат, што Милошот секако не беше... Земете го за пример Трајковски. Па најдете ја разликата.

Инаку тоа што им го направија на србите беше хуманитарна катастрофа.
 

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.606
Поени од реакции
10.846
Ама па ако не покажеше заби и слика на серпски јунак пред народот, ќе испаднеше пиче кое им го дава Косово гратис на пријателите. Во секој случај говно непрокопсано од кое народот не виде ништо убаво. Слично како и кај нас, само што нас ако не бомбардираа немаше да остане ништо, капка држава сме.
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.701
Поени од реакции
24.161
Ебате изборот кога треба да избираш помеѓу две зла. Се концентрирам повеќе на НАТО, амерички bullies.
 
M

Mario Gómez

Гостин
Тоа е НАТО, кај шо можат бомбардираат, кај шо не им држи санкции и обоени револуции. Србија си ја доби дозата демократија, кој е следен ќе видиме.
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
Нормално е да има измешани чувства. Силно ги поддржував САД во тој период ама како што проаѓа времето гледам што Џубриња се:) Да Милошевиќ не чинеше ама САД беа најмалку повикани да го решат тој проблем. За воља на вистината моментите кога најмалку чинеше Милошевич тие не му помогнаа на никого (Босна, Хрватска) барем не директно. После кога веќе беше у слободен пад одеднаш решија да бомбардираат. Зашто ради Албанците. Очигледен беше интересот да продрат во овој дел од Европа и ги здоболе за нечии проблеми. Сепак без да навлегувам кој бил прав кој бил крив, целото ова бомбардирање беше срамно кога гледаме од оваа дистанца. Бомбардирање во Европа! Со еден куп загинати цивили , со намерни утки (за бомбите зборам) и со тестирање на нови типови бомби. Конечен резултат? Милошевиќ падна после извесно време (значи не одма) а Србија остана без дел од својата територија.
 

M-1

Добро утро Махачкала!
Член од
6 септември 2010
Мислења
4.243
Поени од реакции
7.363
Би најс ту америка, биказ ви вил бринг демокраци то јоур кантри. Синс 45/46 Чајна тил Либија '11, ту би континуед...
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
10.849
Поени од реакции
11.477
Пошто сум малце посубјективен на темата и имам низа сочни коментари, ќе ги скокнам.

Правно гледано, ова акција е противправна, без дозвола од Совет на Безбедност и без дозвола од Владата на СР Југославија. Второ, и во поглед на правилата околу војувањето (меѓународно хуманитарно право кое не се осврнува на легалноста на воениот акт туку на начинот на војување) силите на НАТО направија безброј прекршувања на Женевските конвенции. Нормално, никој не беше казнет за тоа. Касатни бомби (забранети со една од тие конвенции), бомбардирања на станбени згради, медиумски куќи, болници и ред други работи. Деца, жени и стари луѓе испозагинаа.
 
Член од
30 декември 2009
Мислења
547
Поени од реакции
149
Нема ништо случајно, иако за некои работи верувам дека се коинциденција, ама ова не. Инаку дали било оправдано или не, незнам, но знам дека ова е се по вина на Милошевиќ. Катастрофална грешка, грешка од огромни размери за Србија. Зло над злата. Со тенкови ќе ја спасувал Југославија од предавници?! Мислам лунатик, друг збор не ми текнува за таков психопат!

Во ова време за да опстанеш и да не бидеш бомбардиран како они, треба да бидеш дипломат, што Милошот секако не беше... Земете го за пример Трајковски. Па најдете ја разликата.

Инаку тоа што им го направија на србите беше хуманитарна катастрофа.
Ама па ако не покажеше заби и слика на серпски јунак пред народот, ќе испаднеше пиче кое им го дава Косово гратис на пријателите. Во секој случај говно непрокопсано од кое народот не виде ништо убаво. Слично како и кај нас, само што нас ако не бомбардираа немаше да остане ништо, капка држава сме.
Кратко и јасно!
Иначе и ние ја изгубивме битката со албанците гледам некој прави разлика измеѓу Милошевиќ и Трајковски, Ние ја добивме битката со албанците? НЕ ! Така да и Трајковски во многу наврати беше наивен. Но откако загина почнавме да го величаме иначе за народот беше добар не како овој билмез што се крие како во кокошарник.
 
Член од
20 јануари 2008
Мислења
460
Поени од реакции
461
Кога велите дека сте против тие бомбардирања, против сте затоа што беа малку, и беа хаотична и неорганизирана акција или затоа што си мислите дека немало потреба од никава акција против режимот?

Кога имате канцер се оди кон радикална хируршка операција само ако сте сигурни дека со внимателната акција може целосно да го отстраните. Очигледно дека меѓународната организација не е доволно прецизна, концизна и желна за темелна акција, па овде, наместо таква прецизна операција решила наместо хирург на задачата да прати месар со сатар.

Проблемот во Србија беше тоталитарен режим со опортунистичка медиумска пропаганда, на тој начин и требало да се реши проблемот, со контрапропаганда, а не со бомби. (сите сличности се случајни)
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Бомбардираниjaта тогава се надевам дека стави краj на разпад на СФРJ и донесе повеке права на албанците на различна основа во бившите jго републики (предимно мислам на РМ и РС со отцепуването на Косово). Се надевам тоа беше почетокот на разделата со разикалните струии во Србиja и почетокот на нов политички живот.
Дали беше управдано - нема како убиване на човешки животи да биде управдано во краja на XX век и почетокот на XXI век.
 
Последно уредено:
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
Ако под повеќе права мислиш подарена држава тогаш во ред. Не разбирам само по кој основ добија самостојна држава особено што веќе имаат една. Ам ај друга тема тоа...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom