Диети и слабеење

  • Креатор на темата Креатор на темата Дивајн
  • Време на започнување Време на започнување
Јас порано тежев преку 130 килограми а сега тежината ми е меѓу 75-80 кг веќе со години (барем 4 години ја имам истата тежина).Исхраната која ја применувам е позната по името Дајмонд, иако името на книгата е здрави и вити. Исхраната е прилично комплицирана да се објасни тука, но основата е делење на денот на три временски зони и тоа:
1зона, од 04:00 - 12:00 - тука може да се јаде овошје и овошни сокови.
2зона, од 12:00 - 20:00 - тука се јаде главниот оброк, со тоа што треба да има разлика од барем 3 часа ( само еден оброк ако оброкот се состои од месо) од еден до друг оброк. Пример, јадете ориз во 13:00 часот, потоа можете да јадете пак дури во 16:00 часот или по тоа.
3зона, од 20:00- 04:00 часот, не се јаде ниту пие ништо (освен вода :)).
Другиот столб на исхраната е немешањето на концентрирана (храна која се добива со пржење, варење и слично) со друга храна, освен со овошје и зеленчук. Пример - јадете месо, само со зеленчук , без леб, компири, ориз и слично. Иако исхраната на почетокот изгледа поскапа бидејќи бара многу пари за овошје и овошни сокови, по извесно време се распоредуваат оброците, па ако сте сакале да јадете во еден оброк компир и месо на пример, денес јадете компир, утре месо. Исхраната делува, еве јас 4 години јадам по неа, ослабнав, на сите прегледи имам одлични резултати така да ако некој сака да ослаби а му е здосадено од другите исхрани, слободно нека ја проба оваа нема да зажали. Многу пријатели ја пробаа и ги имаат истите резултати.Топло прпорачувам да се земе и нешто да одинапоредно со неа, како возење велосипед или почесто шетање. Ако веќе не можете да вежбате, тогаш барем пазете да имате колку толку стабилен сон, односно да легнувате во нормално време и да станувате докај 10 часот наутро. Исто така би препорачал и зелен чај кој јас го пијам, но поретко, да речеме една шолја на два - три дена, едноставно станав зависен од него и ми се допаѓа вкусот :)
 
Не сум некој компетентен во моментов да расправам за диети :) ама како и што спомнаја многумина килограмите изгубени со диета која траела месец се враќаат само после неколку дена кога ќе ти почне нормалната исхрана.

Јас изгубив 10-тина килограми за 6-7 недели со следново темпо, солиден доручек каде што избегнував леб, тестенини и пржена храна (јадев белки од јајца, изварка, овесни снегулки со млеко, овесна каша и овошје.

Ручекот беше најчесто риба или пилешко месо варено / печено со салата и овошје.

Вечерата кога беше неопходна овошје јаболко или ананас, многу пати и воопшто не вечерав посебно ако ручекот ми беше покасно.

За пиење ги исфрлив сите сокови и останати пијалоци и пијав по 7-8 литра обична вода во ден исто така и баталив торти и благо општо.

Најмалку 5 дена во неделата го мрднував газо и трчав по неколку километри со бавно темпо отприлика 45мин до 1 час.
 
Јас порано тежев преку 130 килограми а сега тежината ми е меѓу 75-80 кг веќе со години (барем 4 години ја имам истата тежина).Исхраната која ја применувам е позната по името Дајмонд, иако името на книгата е здрави и вити. Исхраната е прилично комплицирана да се објасни тука, но основата е делење на денот на три временски зони и тоа:
1зона, од 04:00 - 12:00 - тука може да се јаде овошје и овошни сокови.
2зона, од 12:00 - 20:00 - тука се јаде главниот оброк, со тоа што треба да има разлика од барем 3 часа ( само еден оброк ако оброкот се состои од месо) од еден до друг оброк. Пример, јадете ориз во 13:00 часот, потоа можете да јадете пак дури во 16:00 часот или по тоа.
3зона, од 20:00- 04:00 часот, не се јаде ниту пие ништо (освен вода :)).
Другиот столб на исхраната е немешањето на концентрирана (храна која се добива со пржење, варење и слично) со друга храна, освен со овошје и зеленчук. Пример - јадете месо, само со зеленчук , без леб, компири, ориз и слично. Иако исхраната на почетокот изгледа поскапа бидејќи бара многу пари за овошје и овошни сокови, по извесно време се распоредуваат оброците, па ако сте сакале да јадете во еден оброк компир и месо на пример, денес јадете компир, утре месо. Исхраната делува, еве јас 4 години јадам по неа, ослабнав, на сите прегледи имам одлични резултати така да ако некој сака да ослаби а му е здосадено од другите исхрани, слободно нека ја проба оваа нема да зажали. Многу пријатели ја пробаа и ги имаат истите резултати.Топло прпорачувам да се земе и нешто да одинапоредно со неа, како возење велосипед или почесто шетање. Ако веќе не можете да вежбате, тогаш барем пазете да имате колку толку стабилен сон, односно да легнувате во нормално време и да станувате докај 10 часот наутро. Исто така би препорачал и зелен чај кој јас го пијам, но поретко, да речеме една шолја на два - три дена, едноставно станав зависен од него и ми се допаѓа вкусот :)

Ќе сакаш едно мени просто за 4/5 дена да составиш? :back:
 
Хелоу :pipi:
Нова сум овде, почнав да читам за диетиве, ама ме здомрзе 60 стр :icon_lol: .. Па ме интересираше дали некој ја има пробано онаа диетата со зелката, искрено ја мом. ја држам таа диета али супата со зелкава е мн гадна.. Се мислам да ја исфрлам од диетата ама па после да не нема па ефекти ?? Плис ако знае некој нека пише :icon_conf
 
Ќе сакаш едно мени просто за 4/5 дена да составиш? :back:
Еве што јадев јас во последните 5 дена, но токму во тоа и е убавината, можеш да си јадеш по твој вкус.
Ден 1 - 2 банани утрината, за ручек јадев ориз (само ориз без ништо друго, се разбира со лимон и сол по вкус)
Ден 2 - отсабајлето изедов пола пакување суви смокви (одлични за тежината бидејќи имаат огромен процент диетални влакна во нив) , за ручек јадев шпагети со томатело)
Ден 3 - 2 банани утрината, помфрит и шопска салата за ручек
Ден 4 - другото пакување од смоквите, и околу 500 грама пржена риба за ручек со кромид/лимон
Ден 5, тоест денес - чаша сок отсабајлето, а тукушто завршив со јадење на вегетаријанска пица
Значи суштината е да не се јаде по 20:00 часот, или пред пладне (освен овошје и овошен сок). Убаво е и да не се пие кафе по јадење бидејќи кафето го забрзува исфрлањето на храната и не ја искористуваш целосно. На почетокот може да ти биде потешко вечерта, бидејќи ќе бидеш гладен/на но се навикнуваш. Инаку има стотици јадења, јас што не сум ги спомнал тука ,како разно разни манџи и слично, а од благо исклучиво јадам суво овошје, посебно урми и смокви. И секако, ако еднаш месечно јадеш хамбургер од седмица или пробаш торта за роденденот/ испиеш една чаша пиво нема да биде крај на светот , но во глобала се придржувам до овој тип на исхрана. Исхраната исто зависи од сезонското време, летно време повеќе ќе јадеш салати, пржени јајца со патлиџани и слично :) И, на никого не му штети пешачење, јас се трудам да пешачам барем половина час секој ден посебно отсабајле кога воздухот е почист, а летно време возам покрај кеј.
p.s. два совета - од месо, најубаво месо е белото месо од кокошка и рибјо месо (посебно туна), и вториот совет - во нашите сокови (дури и во оние што се 100 проценти природни) ставаат шеќер, така да секогаш е поубаво да јадеш свежо овошје отколку да пиеш овошен сок. Сокот пак подолго време трае и е посоодветен во помали пакувања и за на факултет/работа каде можеш да го пијуцкаш пополека. Од овошјето, освен сувите смокви и урми, фантастични за тежината се и кивите и јаболката. Секој доктор со кого што сум зборувал ја има подржана оваа исхрана, и тука и во САД. Сепак ова е одлука за долго време бидејќи полошо е да го правиш јојо ефектот отколку да си останеш дебел/а.Се надевам дека помогнав, позз
 
битно е да не внесувате повеќе калории од она што му е потребно на организмот а ако внесувате да најдете начин како да ги потрошите или како што вели една поговорка: доручекот изеди го сам, ручекот подели го со пријателот а вечерата дај му ја на непријателот
 
Трчање топи калории како ништо друго. Башка, ќе ви го зацврсти телото и ќе се чувствувате поздраво.

Јас само да се надоврзам овде ....
Прит трчањето .. да не се форсира.. лесно трчање и гледајте да си го одржувате пулсот околу 120 . Доколку срцето работи со таа брзина тогаш најлесно бегаат калориите. Ако ви се зголеми пулсот значи дека не топите калории туку набивате муслули...Затоа за тие кои не се навикнати на трчање најпрво можат да почнат со помалку трчање и бавно колку да се навикни организмот .... наредниот пат зголемете .:smir:
 
Сепак ова е одлука за долго време бидејќи полошо е да го правиш јојо ефектот отколку да си останеш дебел/а.Се надевам дека помогнав, позз

Јасно ми е, јас веќе решив да го сменам скроз начинот на исхрана, повеќе заради здравјето отколку заради тежината. Кога се работи за тежина, имам уште 4-5 кила, но сепак ми треба долгорочен план за да маневрирам измеѓу него и UN диетата што ми е веќе здосадена. :)
 
Токму за тебе е исхраната.:smir:
 
Хелоу :pipi:
Нова сум овде, почнав да читам за диетиве, ама ме здомрзе 60 стр :icon_lol: .. Па ме интересираше дали некој ја има пробано онаа диетата со зелката, искрено ја мом. ја држам таа диета али супата со зелкава е мн гадна.. Се мислам да ја исфрлам од диетата ама па после да не нема па ефекти ?? Плис ако знае некој нека пише :icon_conf

Првата страна море дејче, првата страна, првиот пост.

И не, не ја исфрлај, знам дека е гадна, ама полесно е да земеш блендер, измиксај ја, ладна и испија на екс, јас така правев бидејќи ми беше гадна.
 
Имам ослабено без да применам некоја посебна диета на доктор некојси таму само со огранучување на приемот на благо и леб, со исфрлање на вечерта и умерено спортување и броење на калории. Скинав над 10 килограма од коишто првите 5 во првите 30-40 дена. Сеа сум под 80 килограми тежок, а бев над 90 килограми пред 5-6 години. Ако некој сака да слабее треба волја. А од значење е и тоа дали имаш изобилие од храна или дома не држиш храна воопшто. Не е едно мама и тато да ти викаат ај јади синче и да ти готват убаво јадење, а сосем друго да живеш во студентски, и да немаш услови да готвиш и да имаш храна во собата. на почеток диетата е најтешка но потоа станува рутина. Си знаеш едно парче леб, малку од ова малку од тоа и готово. А и организмот се навикнува. Исчезнува гребењето во желудник, исчезнува хипогликемијата и малаксаноста.
 
Хелоу :pipi:
Нова сум овде, почнав да читам за диетиве, ама ме здомрзе 60 стр :icon_lol: .. Па ме интересираше дали некој ја има пробано онаа диетата со зелката, искрено ја мом. ја држам таа диета али супата со зелкава е мн гадна.. Се мислам да ја исфрлам од диетата ама па после да не нема па ефекти ?? Плис ако знае некој нека пише :icon_conf

Ако ти е гадна не ја исфрлај само замени ја со некој друг тип на супа што ќе ти е вкусен. Инаку немај гајле има три типа на диети и тоа со калории со масти и со карбохидрати (ова белким така се преведуе carbohydrates). Се друго што се тврди во диетите е глупости демек ова било за тоа, она за она и така даје така да немај гајле
 
Мислам јаглехидрати го преведуваа кај нас, а негде стои и како шекери. А калории ваљда мислиш на протеини / белковини (аминокиселини) или?

Не сум баш најасно со диетите само препорачувам да не се лишувате ниту од јаглехидрати, нити од масти нити пак од протеини. Сите имаат соодветна функција за нашето здравје. Само треба да се има мерка. Затоа што од недостатокот на она (храната) од коешто умираат во Африка, од прекумерниот прием на истото умираат во САД и Европа.
 
Калории се калории и кај нас. Секоја храна има одреден број на калории http://en.wikipedia.org/wiki/Calories.
 
Знам што се калории туку мислев дека спомна масти (липиди) и јаглехидрати, она што недостасува се протеините. А штом има со масти и јаглехидрати неможе, а да нема со протеини.

Калориите се сосем друга прича. И мастите имаат калории и јаглехдатите и протеините. За со масти и јаглехидрати ваљда диетата е со прием на таква храна, ама за калории, не ми е јасно. Дај кажи ако сакаш каква е таа диета со калории.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom