Vredi li ovaa? Interesna li e? Lejm mi deluvase i ja skoknav.
Не е игра што би ја препорачал, освен ако ептен ти се игра авантура/мистерија. Не дека е толку слаба колку што ја претставуваат критичариве, океј е, ама е разочарување спрема тоа што очекував пред да излезе.
Има доста неискористен потенцијал, и целата "дух" механика некако ограничено ми изгледа, нема таква слобода каква што би очекувал. Линеарна е, графиката не е нешто што би те воодушевило, иако има неколку добри моменти. Ама и онака тоа не ми е клучен елемент при оценување, а и сепак станува збор за авантура така да никој не ни очекува најдобра графика. Атмосферата и приказната се веројатно најдобрите работи во играва. Особено се добри средбите со други духови и нивните животни приказни, и има ситуации кога треба да им помагаш, но само неколку се такви, недоволно според мене.
Има и глуп борбен систем, ако може тоа да се нарече, можело и воопшто да не се вметнува во играта, не би се променила нешто особено.
Исто никаков предизвик не нуди, лесна е. Ама пак од друга страна, релаксирано играње е. Ја споредуваат со L.A. Noire само без open world, поради истражувањето, ама далеку е од тоа. Се поминува за десет часа отприлика, и тоа ако си completionist. Но не го земам тоа како недостаток, сосема доволно е за да се раскаже приказната.
Повторно, добра е, ама одбрав да ја играм поради жанрот, тоа ми се играше во моментот. А за толку, мислам дека вреди, посебно ако немаш идеја што да играш.