Нацистите во Германија ја презедоа власта на 30 јануари 1933 година. По 75 години од Хитлеровото именување за канцелар, влијанието на неговата идеологија се уште постои.
Кога пред 75 години нацистите со Адолф Хитлер на чело ја презедоа власта во Германија, беа поздравени како спасувачи од економската криза и како решение на сите проблеми.
Она што почна како период на оптимизам, за многу Германци заврши во разорување на нивната татковина.
Германија и денес се бори со моралните трауми кои останаа по нацистичката ера. Негирањето на холокаустот, истакнувањето на нацистички симболи и ширењето на национална омраза се кривични прекршоци според денешните закони на СР Германија и строго се казнуваат.
Меѓутоа, по 75 години, влијанието на Хитлеровата идеологија се уште живее и се манифестира со се почести расистички напади.
Може ли да ни се повтори 30 јануари 1933, кога Хитлер е именуван за канцелар?
Во Саксонија, германската источна покраина, гласачите на изборите во 2004 година, на Национално демократската партија (НДП) и доделија 12 собраниски места, а шест во Мекленбург во Западна Померанија.
Истражувањата покажаа дека поголемиот број гласачи, симпатизери на НПД потекнуваат од пониските општествени слоеви, од економски заостанатите региони на поранешната источна Германија и дека имаат лошо образование.
Професорот од Универзитетот во Мајнц, Јирген Фалтер, по опширните истражувања на германското јавно мислење, заклучи дека десницата во најдобар случај може да достигне пет до десет отсто гласови, што е над самата граница на цензус од пет проценти.
Истражувањето на Фалтер и другите експерти воедно покажаа дека максималниот потенцијал на десницата ширум европскиот континент изнесува само 15%.
Се повеќе расистички напади се забележуваат и во поранешниот Советски Сојуз, каде во подем се екстремистички десничарски организации. Активистите за заштита на човековите права проценуваат дека во Русија постојат околу 70.000 скинхедси.
Галина Козеникова, директор на центарот „Сова“, кој ги следи прекршоците мотивирани од омраза, вели дека минатата година во Русија во нападите со расистичка позадина се убиени 68 лица, а повредени 565.
Руското Министерство за внатрешни работи на 19 јануари објави извештај во кој предупредува на „јакнење на склоноста кон ултранационални идеи“ во Русија. Во извештајот се наведува дека 15% од руската младина се идентификува со ултранационални идеи.
И во балтичките републики Естонија, Литванија и Летонија се забележуваат зачестени напади врз лицата со поинакво сексуална определба, припадниците на други верски заедници, како и врз припадниците на етничките малцинства.
Новите членки на ЕУ, Словачка, Чешка, Полска и Унгарија, исто така се соочуваат со зголемена активност на насилство на екстремната десница.
Најголема загриженост се појави од формирањето на Унгарската гарда, униформирано крило на екстремно десничарска партија „Јобик“.
Еврејската организација како и голем број владини челници изразија загриженост поради формирањето на оваа групација, која сега брои околу 600 членови.
Ни демократиите во Западна Европа, како што се Шпанија и Грција, не се имуни на ширењето на неонацистичките движења и зачестеностите на нивните насилства.
Меѓутоа, многу мали се шансите, екстремно десничарските партии некогаш повторно да добијат таква поддршка од јавноста каква што доби Хитлеровата Национал-социјалистичката германска работничка партија.
A1