Колку ви трае батеријата на вашиот мобилен телефон?

  • Креатор на темата Креатор на темата Necrophilia
  • Време на започнување Време на започнување

Necrophilia

Find Prettys Womans from your city for night
Член од
13 август 2006
Мислења
7.633
Поени од реакции
140
Возраст
37
Локација
Usa
Веб-сајт
meettomy.site
па пишете на темава, во просек со колку малтретирање дневно вашиот телефон издржува? колку ја полните батеријата итн...:)

еве инфо во врска со моментално 3те телефони кои ги користам.
На нокиата Е50 понекогаш и до 12 дена издржува, како и да е никогаш не сум ја полнел повеќе од 2 пати неделно иако дневно ја вадам минимум по 10/15 пати картичката, ноќно време едно пола саат минимум си слушам музика, во текот на денот имам од 20 до 30 повици и барем едно 5-6 смс пораки си пракам со најблиските другар/и/ки и почесто го користам телефонот како мемориски уред, затоа што има и таква опција и се што ми е потребно е само дата кабел и мемориската картичка ја идентификува како римувабл стораџ.

на Самсунгот П510 ми трае околу 4 дена со оглед на тоа дека тој телефон највеќе го малтретирам затоа што и ми е службен воедно.

а на ЦЕЦТ YT 300 до 5-6 дена... зависи од тоа колку слушам музика.
 
Те знаеме која фаца си, не мораш да се фалиш.

Он: Не го малтретирам многу, па ми тера накај 4-5 дена ... : )
 
Имам нокиа 6300 и ми трае 3-4 дена кога не го малтретирам 2 кога го малтретирам :nesum: :(
 
Два дена максимум. Во последно време ми фрчат повици и СМС на сите страни, па брзо се празни.
 
2 до 3 дена, зависи... во последно време многу играм табла и солитер на него, се чудам како копчињата не сум ги излижала.:hehe:
 
кај мене на нокиава 6300 пошто уште ми е интересна цело време ставам некои апликации флеш анимации и играм и слушам музика ми трае 2 некад 3 дена, а на Н80-ката траеше по 1 ден коа ке ја чепкаш многу

офф
има ли врска сеа на новиве ако не е пунета празнета првите неколку пати батеријата ќе трае помалце ако не е формирана ко шо треба?
 
Јас имам sony ericsson z530i и не е лош.Ако не го замарам батеријата ми трае 5-6 дена а ако го замарам 2-3.
 
на Н73 ми трае едно 3-4 дена со чепкање
 
офф
има ли врска сеа на новиве ако не е пунета празнета првите неколку пати батеријата ќе трае помалце ако не е формирана ко шо треба?
не, ама многу голема врска има полњачот со кој ја полниш батеријата. Имам еден оригинален полњач од Е50та кој е 350милиампер часови и ја полни батеријата за неполни 40/50 минтуи и батеријата со нормално малтретирање ми трае до 6-7 дена, имам полњач од Н95ка со 550 милиампер часови, се полни батеријата за неполни 30 минути и ми трае и до 5 дена. И имам полњач од 123 милиампер часа од старите нокии со додаточе за новите нокии и се полни 2 ипол часа и ми трае некогаш и повеќе од 10 дена. А батеријата воедно и нова ми е и не е оформена како што кажуваат повеќето лаици првите полнења по 12 саати, напротив баш ми текнува дека првото полнење беше неполни 20 мин и до 3 цртички стигна и вечерта пак ми се испразни па го оставив 2 саати се наполни ко што треба па сабајлето беше до пола празна па пак ја ставив да се полни :)
 
Имам Сони Ериксон к500и речиси 3 год и презадоволен сум од батеријата, која во просек ми издржува по 5 - 6 дена. Иако да бидам реален не го чепкам нешто претерано телефонот.
 
SE W810i со во просек 3 часа дневно музика слушање и без повици и СМС, секое сабајле аларм уклучен и под два три пати дневно тајмер пуштен, држи 6-7 дена.
 
Имам sony ericsson к550i батеријата ми трае 3-4 дена но ако се земе во предвид колку само го малтретирам презадоволна сум:toe:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom